Гванако
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Камили
Род: Лама
Вид: Гванако
Научен назив
Lama guanicoe
(Müller, 1776)

Гванако (науч. Lama guanicoe; шпански: guanaco[2] од кечуански: wanaku) — јужноамериканско животно од семејството камили (Camelidae). Високо е 107-122 см (кај плеќите) и тежи околу 90 кг. Бојата се разликува многу малку (за разлика од домашната лама), од светлокафеава со темноциметна боја, која постепено се прелева во бела во долниот дел. Имаат сиви лица и мали исправени уши.

Живеалишта и бројност

уреди
 
Стадо гванака

Матично живеалиште на гванакото се пустите планински предели во Јужна Америка. Се среќаваат по висорамнините во Перу, Боливија, Еквадор, Колумбија, Парагвај, Чиле и Аргентина. Во Аргентина највеќе ги има во Патагонија, и тоа на места како Националниот парк Торес дел Пајне и Огнена Земја. Во овие подрачја тие се најбројни, веројатно бидејќи немаат конкуренција во исхраната од добитокот. Гванакото има животен век од 20 до 25 години.

Во 2011, нивната бројност е проценета на 400.000 до 600.000 единки.[3]

Живеат во стада составени од доминантен мажјак, женки и нивните младенчиња. Младите мажјаци што немаат свое стадо се групираат во посебни „ергенски“ стада. Женските групи се мали (до 10 единки), но машките достигнуваат и до 50 гванака. Кога некој од стадото ќе почувствува опасност, истиот дава сигнал во облик на пискаво блеење за да им соопшти на другите дека треба да бегаат. Мажјакот трча последен, зад стадото, за да ги брани. Трчајќи, гванаката достигнуваат брзина до 56 км/ч, честопати по стрмен и карпест терен.[4] Гванаката се одлични пливачи, но имаат и необичен начин на опстанок - лижење на хранливи материи и роса од пустинските кактуси.

Тие се едни од најголемите диви животни во Јужна Америка (заедно со морската крава, тапирот и јагуарот). Имаат само еден природен пердатор - пумата.[5] Кога се во опасност, гванаката почнуваат да плукаат.[6]

Како заштита од опасности, гванакото има дебела кожа на вратот, исто како неговите питоми сродници, ламата и алпаката, како и дивиот сродни, викуњата. Во Боливија, кожата од вратот се користи за изработка на ѓонови во чевларството.

 
Гванака во националниот парк Торес дел Пајне, Патагонија

Пород

уреди

Откако ќе забремени, женката по 11 месеци раѓа едно младо („чуленго“). Младото може да оди веднаш штом ќе се роди. Машките се бркаат од стадото кога ќе наполнат една година.

Влакна

уреди

Влакната на гванакото се особено ценети поради мекоста и топлината, и се користат за луксузни материјали. Единствено поценета волна е онаа на викуња. Крзното од младенчињата напати се користи како сурогат за крзно од црвена лисица бидејќи тешко се разликува. Како и нивниот домашен потомок, ламата, гванакото има два кожува - горниот има заштитна улога и е погруб, додека долниот е помек, со пречник 16-18 µ најквалитетниот кашмир.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Lama guanicoe. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 5 април 2009.
  2. „гванако“ — Лексикон на македонскиот јазик
  3. C. Michael Hogan. 2008
  4. Гванако - Водичи за жвотните на Discovery (англиски)
  5. Гванако - Зоолошка градина на Сан Диего (англиски)
  6. „National Geographic“. Архивирано од изворникот на 2010-04-14. Посетено на 2012-06-24.
  7. Beula Williams (17 април 2007). „Llama Fiber“. International Llama Association. Архивирано од изворникот на 2018-11-06. Посетено на 2012-06-24.

Надворешни врски

уреди