Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2015
УЕФА Европското првенство за играчи под 21 година - 2015 било 20-тото Европско првенство за играчи под 21 година, фудбалско натпреварување кое се одржува на секои две години за репрезентациите за играчи под 21 година, организирано од страна на УЕФА. Завршниот турнир ќе биде одржан во Чешка од 17-30 јуни 2015 година, откако нивната понуда била избрана од страна на Извршниот комитет на УЕФА на 20 март 2012 година во Истанбул, Турција.[1]
Европско првенство во фудбал за играчи под 21 година 2015 УЕФА Европско првенство за играчи под 21 година - 2015 | |
---|---|
Општо за првенството | |
Домаќин(и) | Чешка |
градови | 8 |
стадиони | 4 |
Период на одржување | 17 јуни — 30 јуни 2015 |
Број на учесници | 8 |
Распределба на медалите | |
Шампион | Шведска |
Второ место | Португалија |
Трето место | Данска Германија |
Статистички податоци за првенството | |
Посетеност | 144.127 (9.608 по натпревар) |
Одиграно натпревари | 15 |
Дадено голови | 37 (2.47 по натпревар) |
Најдобар стрелец | Јан Климент (3 гола) |
← 2013 2017 →
|
Педесет и две репрезентации учествувале во квалификациите, кои се одвивале помеѓу март 2013 и октомври 2014 година, за да се добијат седумте земји кои му се приклучиле на финалниот турнир на домаќинот. Фудбалерите родени на или по 1 јануари 1992 година, имаат право да учествуваат на турнирот.[2]
Бранител на титулата требало да биде Шпанија, која ја обезбедила својата втората последователна титула со победата над Италија со 4-2 на претходното првенство во 2013 година во Израел. Сепак, Шпанија не била во можност да ја брани својата титула, бидејќи биле елиминирани од страна на Србија во квалификацискиот-бараж.
Во финалето, играно на Еден Арена во Прага, Шведска ја победила Португалија со 4-3 на пенали, откако по 120 минути игра натпреварот завршил 0-0. Притоа, шведската репрезентација ја освоила својата прва титула во ова натпреварување, откако претходно загубиле во финалето во 1992, обезбедувајќи ја првата титула во младинските натпреварувања организирани од УЕФА.
Со пласманот во полуфиналето, Данска, Германија, Португалија и Шведска, исто така, се квалификувале за Летните олимписки игри 2016, кој ќе се одржат во Бразил.[3]
Квалификации
уредиКвалификациите за завршниот турнир на Европско првенство за играчи под 21 година - 2015 се состоел од два круга: групна фаза и бараж. Ждрепката за групната фаза се одржала на 31 јануари 2013 година во Нион, Швајцарија, каде 52 државни репрезентации биле поделени во десет групи со по пет или шест екипи. Секоја група се одиграла по двоен Бергеров систем, каде што репрезентациите играат едни против други двапати, дома и на гости. Десетте репрезентации победници на групите и четирите најдобри второпласирани репрезентации се пласирале во бараж-двомечот. Седумтте победници од баражите му се приклучиле на домаќинот Чешка на завршниот турнир.[4]
Квалификувани репрезентации
уредиВо табелата се наоѓаат квалификуваните репрезентации за завршницата на Европско првенство за играчи под 21 година - 2015 :
Држава | Квалификувана како | Претходни учества на турнирот1 само во У-21 ерата (од 1978) |
---|---|---|
Чешка | Домаќин | 11 (19785, 19805, 19885, 19905, 19925, 19945, 1996, 2000, 2002, 2007, 2011) |
Данска | Победник во баражот (против Исланд) | 5 (1978, 1986, 1992, 2006, 2011) |
Англија | Победник во баражот (против Хрватска) | 12 (1978, 1980, 1982, 1984, 1986, 1988, 2000, 2002, 2007, 2009, 2011, 2013) |
Германија | Победник во баражот (против Украина) | 11 (19822, 19842, 19882, 19902, 1992, 1996, 1998, 2004, 2006, 2009, 2013) |
Италија | Победник во баражот (против Словачка) | 17 (1978, 1980, 1982, 1984, 1986, 1988, 1990, 1992, 1994, 1996, 2000, 2002, 2004, 2006, 2007, 2009, 2013) |
Португалија | Победник во баражот (против Холандија) | 6 (1994, 1996, 2002, 2004, 2006, 2007) |
Србија | Победник во баражот (против Шпанија) | 8 (19783, 19803, 19843, 19903, 20044, 20064, 2007, 2009) |
Шведска | Победник во баражот (против Франција) | 6 (1986, 1990, 1992, 1998, 2004, 2009) |
- 1 Болд буквите укажуваат на шампионот за таа година. Италик укажува на домаќинот на турнирот.
- 2 како Западна Германија
- 3 како Југославија
- 4 како Србија и Црна Гора
- 5 како Чехословачка
Стадиони
уредиНатпреварувањето ќе биде одржано на четири стадиони во три града домаќини: Еден Арена и Џенерали Арена (во Прага), Стадионот Андрув (во Оломуц), и Стадионот Мирослава Валенти (во Ухерске Храдиште).[5]
Прага | Оломуц | Ухерске Храдиште | ||
---|---|---|---|---|
Еден Арена | Џенерали Арена | Стадион Андрув | Стадион Мирослава Валенти | |
50°4′3″N 14°28′18″E / 50.06750° СГШ; 14.47167° ИГД | 50°5′59.3″N 14°24′57.3″E / 50.099806° СГШ; 14.415917° ИГД | 49°36′0″N 17°14′54″E / 49.60000° СГШ; 17.24833° ИГД | 49°3′56″N 17°28′17.3″E / 49.06556° СГШ; 17.471472° ИГД | |
Капацитет: 20,800 | Капацитет: 19,784 | Капацитет: 12,566 | Капацитет: 8,121 | |
Судии
уредиШест судии од шест различни земји ќе ја делат правдата на натпреварите од турнирот:
Земја | Судија | Помошници | Дополнителни асистенти судии |
---|---|---|---|
Франција | Клеман Тирпен | Frédéric Cano Nicolas Danos |
Fredy Fautrel Nicolas Rainville |
Грција | Анастасиос Сидиропулос | Damianos Efthymiadis Polychronis Kostaras |
Michael Koukoulakis Stavros Tritsonis |
Холандија | Дани Макели | Mario Diks Hessel Steegstra |
Kevin Blom Jochem Kamphuis |
Полска | Шимон Марцињак | Paweł Sokolnicki Tomasz Listkiewicz |
Paweł Raczkowski Tomasz Musial |
Русија | Сергеј Карасев | Anton Averyanov Tikhon Kalugin |
Sergey Lapochkin Sergey Ivanov |
Шпанија | Хавиер Естрада Фернандес | Miguel Martínez Munuera Teodoro Sobrino Magán |
Alejandro Hernández Hernández Jesús Gil Manzano |
Носители
уредиЖдрепката за завршниот турнир се одржала на 6 ноември 2014 со почеток во 18:00 ЦЕВ, во Хотелот Кларион Конгрес во Прага. Англија, како највисоко рангиран тим според коефициентот на УЕФА, заедно со репрезентацијата-домаќин, Чешка, биле автоматски постевени во одделни групи. Второ и трето рангираните екипи според коефициентот на УЕФА, Италија и Германија, исто така, биле извлечени во различни групи, додека четирите екипи кој биле не-носители, биле извлечени во последниот шешир со што се пополниле останатите две места во двете групи.[2][6]
Први носители | Втори носители | Не-носители |
---|---|---|
Состави
уредиСекоја репрезентација треба да достави список од 23 играчи, од кој тројца мораат да бидат голмани. Ако некој играч е повреден или болен доволно сериозно за тоа да го спречи неговото учество на турнирот пред првиот натпревар на неговиот тим, тој може да биде заменет со друг играч.[2]
Фаза по групи
уредиОсумте финалисти биле поделени со ждрепка во две групи од по четири екипи. Домаќинот Чешка биле избрани во групата А, додека Англија, како најдобро рангиран тим според коефициентот за пласман на УЕФА, биле избрани во групата Б. Во секоја група, тимови ќе играат натпревари едни против други во Round-Robin систем, и првите две екипи ќе се пласираат во полуфиналето.[7][8]
Официјалниот распоред на натпреварите бил објавен од УЕФА на 10 ноември 2014,[9] и потврден на 2 декември 2014.t[10][11]
Ист број на бодови
уредиАко две или повеќе репрезентации имаат еднаков број на бодови точки по завршувањето на натпреварите од групата, се применуваат следниве критериуми:[2]
- Поголем број на бодови од меѓусебните натпревари помеѓу екипите кој се во прашање;
- Подобра гол-разлика како резултат на натпревари помеѓу екипите кој се во прашање;
- Поголем број на постигнати голови во натпревари помеѓу екипите се во прашање;
Ако, откако ќе се применат критериумите 1-3, екипите сè уште имаат еднаков пласман, критериумите 1-3 повторно ќе бидат применети но сега ќе се вклучат сите одиграни натпревари од групата не само оние меѓусебните. Ако оваа постапка не доведе до одлука, се применуваат критериумите 4-6.
- Подобра гол-разлика во сите натпревари во групата;
- Поголем број на постигнати голови во сите натпревари во групата;
- Подобар коефициент во пласманот на УЕФА под 21 година, кој се користи ако две екипи се тотално изедначени.
Ако само два тима се изедначени (според критериумите 1-5) после последниот натпревар од групната фаза, нивниот пласман ќе биде утврдени со изведување на пенали .
Група A
уредиПоз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Данска | 6 | 3 | 2 | 0 | 1 | 4 | 4 | 0 |
2. | Германија | 5 | 3 | 1 | 2 | 0 | 5 | 2 | +3 |
3. | Чешка | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 6 | 3 | +3 |
4. | Србија | 1 | 3 | 0 | 1 | 2 | 1 | 7 | -6 |
17 јуни 2015 | Чешка | 1-2 | Данска | Еден Арена, Прага |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Кадерабек 35' | Извештај | Вестергор 56' Систо 84' |
Гледачи: 15,987 Судија: Шимон Марцињак (Полска) |
17 јуни 2015 | Германија | 1–1 | Србија | Џенерали Арена, Прага |
---|---|---|---|---|
20:45 |
Џан 17' | Извештај | Ѓуриќиќ 8' | Гледачи: 5,490 Судија: Хавиер Естрада Фернандес (Шпанија) |
20 јуни 2015 | Србија | 0–4 | Чешка | Џенерали Арена, Прага |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Извештај | Клмент 7', 21', 56' Фридек 59' |
Гледачи: 16,253 Судија: Клеман Тирпен (Франција) |
20 јуни 2015 | Германија | 3–0 | Данска | Еден Арена, Прага |
---|---|---|---|---|
20:45 |
Фоланд 32', 48' Гинтер 53' |
Извештај | Гледачи: 13,268 Судија: Сергеј Карасев (Русија) |
23 јуни 2015 | Чешка | 1–1 | Германија | Еден Арена, Прага |
---|---|---|---|---|
20:45 |
Крејчи 66' | Извештај | Шулц 55' | Гледачи: 18,068 Судија: Дани Макели (Холандија) |
23 јуни 2015 | Данска | 2–0 | Србија | Џенерали Арена, Прага |
---|---|---|---|---|
20:45 |
Фалк 21' Фишер 47' |
Извештај | Гледачи: 4,297 Судија: Анастасиос Сидиропулос (Грција) |
Група Б
уредиПоз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Португалија | 5 | 3 | 1 | 2 | 0 | 2 | 1 | +1 |
2. | Шведска | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 3 | 3 | 0 |
3. | Италија | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 4 | 3 | +1 |
4. | Англија | 3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 2 | 4 | -2 |
18 јуни 2015 | Италија | 1–2 | Шведска | Стадион Андрув, Оломуц |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Берарди 29' (пен..) | Извештај | Гвидети 56' Кисе Телин 86' (пен..) |
Гледачи: 6,719 Судија: Анастасиос Сидиропулос (Грција) |
18 јуни 2015 | Англија | 0–1 | Португалија | Стадион Мирослава Валенти, Ухерске Храдиште |
---|---|---|---|---|
20:45 |
Извештај | Жоао Марио 57' | Гледачи: 7,167 Судија: Дани Макели (Холандија) |
21 јуни 2015 | Шведска | 0–1 | Англија | Стадион Андрув, Оломуц |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Извештај | Лингард 85' | Гледачи: 11,257 Судија: Хавиер Естрада Фернандес (Шпанија) |
21 јуни 2015 | Италија | 0–0 | Португалија | Стадион Мирослава Валенти, Ухерске Храдиште |
---|---|---|---|---|
20:45 |
Извештај | Гледачи: 7,085 Судија: Шимон Марцињак (Полска) |
24 јуни 2015 | Англија | 1–3 | Италија | Стадион Андрув, Оломуц |
---|---|---|---|---|
20:45 |
Редмонд 90+3' | Извештај | Белоти 25' Бенаси 27', 72' |
Гледачи: 11,563 Судија: Сергеј Карасев (Русија) |
24 јуни 2015 | Португалија | 1–1 | Шведска | Стадион Мирослава Валенти, Ухерске Храдиште |
---|---|---|---|---|
20:45 |
Пасиенсија 82' | Извештај | Тиблинг 89' | Гледачи: 7,263 Судија: Клеман Тирпен (Франција) |
Нокаут фаза
уредиВо нокаут фазата, продолженијата и пеналите ќе го одлучуваат победникот доколку е неопходно.[2]
Bracket
уредиПолуфинале | Финале | ||||||
27 јуни – Прага | |||||||
Данска | 1 | ||||||
Шведска | 4 | ||||||
30 јуни – Прага | |||||||
Шведска | 0 (4) | ||||||
Португалија | 0 (3) | ||||||
27 јуни – Оломуц | |||||||
Португалија | 5 | ||||||
Германија | 0 |
Полуфинале
уреди27 јуни 2015 | Португалија | 5–0 | Германија | Стадион Андрув, Оломуц |
---|---|---|---|---|
18:00 |
Б. Силва 25' Рикардо 33' Кавалеиро 45+1' Жоао Марио 46' Орта 71' |
Извештај | Гледачи: 9,876 Судија: Анастасиос Сидиропулос (Грција) |
27 јуни 2015 | Данска | 1–4 | Шведска | Џенерали Арена, Прага |
---|---|---|---|---|
21:00 |
Бех 63' | Извештај | Гвидети 23' (пен..) Тиблинг 26' Кваизон 83' Хиљемарк 90+5' |
Гледачи: 9,834 Судија: Сергеј Карасев (Русија) |
Финале
уреди30 јуни 2015 | Шведска | 0-0 (прод.) (4–3 пен.) |
Португалија | Еден Арена, Прага |
---|---|---|---|---|
20:45 |
Извештај | Гледачи: 18,867 Судија: Шимон Марцињак (Полска) | ||
Пенали | ||||
Гвидети Кисе Телин Аугустинсон Калили Линделоф |
Пасиенсија Тоже Есгаио Жоао Марио Карвалјо |
Победник
уредиПобедник на Европско првенство за играчи под 21 година - 2015 Шведска 1. титула |
Список на стрелци
уреди
|
Амбасадор
уредиПоранешниот играч од средниот ред на чешката репрезентација Павел Недвед е амбасадор на турнирот.[13]
Наводи
уреди- ↑ UEFA.com (20 март 2012). "Czech Republic to host 2015 Under-21 finals". Соопштение за печат. посет. 6 април 2012 г
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Regulations of the UEFA European Under-21 Championship 2013–15“ (PDF). UEFA.com. Посетено на 18 October 2014.
- ↑ „QUALIFICATION SYSTEM – GAMES OF THE XXXI OLYMPIAD – RIO 2016 Original“ (PDF). Comité Olímpico Portugal. 23 April 2014. Архивирано од изворникот (pdf) на 2015-01-09. Посетено на 22 January 2015.
- ↑ UEFA (31 јануари 2011). "Spain learn fate in U21 qualifying draw". Соопштение за печат. посет. февруари 2013 г
- ↑ „Česko v roce 2015 uspořádá šampionát fotbalistů do 21 let“. Mladá fronta DNES (чешки). 20 March 2012. Посетено на 27 March 2014.
- ↑ „Final tournament draw“. UEFA. 6 November 2014. Посетено на 8 November 2014.
- ↑ „Competition format“. UEFA.com. Union of European Football Associations (UEFA). Посетено на 18 October 2014.
- ↑ „Czechs paired with Germany, Denmark and Serbia“. UEFA.com. Union of European Football Associations (UEFA). Посетено на 6 November 2014.
- ↑ „Provisional schedule for Under-21 finals“. UEFA.com. 10 November 2014.
- ↑ „Confirmed schedule for Under-21 finals“. UEFA.com. 2 December 2014.
- ↑ [htp://www.uefa.com/MultimediaFiles/Download/competitions/Draws/02/19/06/01/2190601_DOWNLOAD.pdf „Confirmed U21 2015 finals match schedule“] (PDF). UEFA.com.
- ↑ uefa.com (уред.). „Statistiche giocatori dai sito it.uefa.com“. Архивирано од изворникот на 2015-06-23. Посетено на 23 јуниo 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „The ambassador: Pavel Nedvěd“. UEFA.com.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- 2015 finals: Czech Republic, UEFA.com