Македонија во 2004 година
Република Македонија во 2004 година | |
---|---|
![]() ![]() |
Години : | 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 |
Векови: | 20 век · 21 век · 22 век |
Децении: | 1980-ти 1990-ти 2000-ти 2010-ти 2000-ти 2010-ти 2020-ти |
Години: | 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 |
Водачи уреди
- Претседател
- Борис Трајковски (до 26 февруари)
- Љупчо Јордановски (како в.д. од 26 февруари до 12 мај)
- Бранко Црвенковски (од 12 мај)
- Премиер
- Бранко Црвенковски (до 12 мај)
- Хари Костов (од 2 јуни до 18 ноември)
- Радмила Шекеринска (како в.д. од 18 ноември до 17 декември)
- Владо Бучковски (од 17 декември)
- Претседател на Собранието - Љупчо Јордановски
Настани уреди
јануари уреди
- јануари - Признаен бил Тетовскиот универзитет од македонските власти.
- јануари - За првпат започна да се издава државен запис.
февруари уреди
- февруари - Македонското Собрание усвои „Декларација за поднесување на апликација за членство во Европската Унија“.
- 4 февруари - Во Скопје излезе првиот број на дневниот весник „Време“.
- 26 февруари - Се урна владиниот авион (кингер) во кој загинаа претседателот Борис Трајковски и осум негови соработници и членови на екипажот.
март уреди
- 22 март - Премиерот на Македонија, Бранко Црвенковски во Даблин ја предаде апликацијата за членство на Р. Македонија во Европската Унија.
април уреди
- 1 април - Спогодбата за асоцијација и стабилизација откако ја ратификуваа сите земји членки на ЕУ.
- 5 април - Формиран Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор.
- 28 април - На третите вонредни претседателски избори во Република Македонија, Бранко Црвенковски е избран за претседател на државата. Во вториот круг на гласањето Црвенковски освои 553.520 гласови, или 62,7% од гласовите, додека неговиот противкандидат Сашко Кедев освои 329.271 гласови, или 37,3%.
мај уреди
- 12 мај - Бранко Црвенковски ја презема должноста Претседател на Република Македонија.
јуни уреди
- 2 јуни - Избрана е нова влада на чело со Хари Костов.
- 15 јуни - Формирано е Здружението на автори на музички дела.
јули уреди
- 4 јули - Формирана е ВМРО Народна партија од страна на приврзаниците на Љубчо Георгиевски, по неуспешниот обид за преземање на раководството во ВМРО-ДПМНЕ. За прв в.д. претседател на партијата е избрана Весна Јаневска.
август уреди
септември уреди
- 6 септември - Владата на Република Македонија ја усвои Националната стратегија за европска интеграција.
октомври уреди
- 1 октомври - Претседателот на Европската комисија Романо Проди го преде Прашалникот на Владата на Република Македонија.
- 18 октомври - Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски со Одлука ја формира Комисијата за одликување и признанија.
ноември уреди
- 4 ноември - САД ја призна Република Македонија под уставното име.
- 7 ноември - Во Република Македонија се одржа референдум за отфрлање на предложената територијална организација на државата. Референдумот не бил успешен поради тоа што излезноста била 26,58%, односно не бил постигнат законски потребниот процент од 51% излезеност на вкупниот број избирачи.
- 15 ноември - Хари Костов поднесе оставка на функцијата премиер на Република Македонија.
декември уреди
- 17 декември - Избрана е новата влада на чело со Владо Бучковски.
Култура уреди
Музика уреди
- Тоше Проески е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ.
- На Евровизија 2004 Македонија ја претстави Тоше Проески со песната Ангел си ти.
- Ден за нас, албум на Тоше Проески.
- 2004, DVD Тоше Проески - стадион '04- Live, албум на Тоше Проески.
- Ваков или таков, албум од Владо Јаневски
- Засекогаш, албум на Ѓорѓи Крстевски
- Трета мајка , албум од Влатко Стефановски
- HARVEST OF THE FIREFERN, албум на Maras
- Рано ми е да се врзам, албум на Мартин Вучиќ
- Кобна убавина, албум на Мизар
- Формирена групата Victim Yield.
- Формирена групата Hardfaced.
- Формирена групата Mooger Fooger.
Книги и списанија уреди
- Раскази за Захариј од Михаил Ренџов
- Имиња и теми од Бранко Цветкоски
- Небесни стражи од Јовица Тасевски - Етернијан
- Македонија на Македонците од Ангелина Маркус
- Див мир од Зоран Анчевски
- Прекин на комуникацијата од Маја Апостолоска
- Бојан од Глигор Поповски
- Започна да се издава списанието Тој.
- Започна да се издава неделниот магазин ЕГО.
- Во Бугарија започна да се издава Македонски глас.
Филм и телевизија уреди
- Премиера на филмот Големата вода во режија на Иво Трајков.
- Премиера на филмот Илузија во режија на Светозар Ристовски.
- Премиера на филмот Како убив светец во режија на Теона Митевска.
- Премиера на филмот Андер во режија на Горан Тренчовски.
- Премиера на филмот Списокот на Тони Манџа во режија на Марија Џиџева.
- Премиера на филмот Просечна брзина во режија на Наум Михајловски.
- Премиера на филмот Северен лет во режија на Вардан Тозија.
- Започна да се емитува Кој сака да биде милионер?.
Објекти уреди
- Започна да работи браната Козјак.
- Отворен мостот „Газела“.
- Отворен Меморијален Центар АСНОМ.
- Отворен Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес.
- Камен темелник на црквата Св. Недела и Св. Петка во Абланица.
- Формиран иницијативен одбор за изградба на џамија Дуќанџик.
- Осветена е црквата „Св. Ѓорѓи“ во Јегуновце.
- Осветена е црквата „Св. Јован Крстител“ во Брест.
- Поставен е Споменик на Панко Брашнар во Велес.
Останато уреди
- Основана Обединета Македонска Дијаспора.
- Започна да работи ПВУ МСИ „Г.Р.Державин“ - Свети Николе - Битола.
- Основан Сојуз на стопански комори на Македонија.
- Основана Меѓународна фондација „Борис Трајковски“.
- Започна да работи Народниот театар Антон Панов.
- Започна да работи Винарска визба „Картал“.
- Започна да работи Попова Кула.
- Започна да работи пребарувачот Најди!.
Спорт уреди
Фудбал уреди
- ФК Победа стана шампион по фудбал во сезоната 2003/2004 година.
- ФК Слога Југомагнат го освои купот на Македонија.
- Престана да постои ФК Единство (Скопје).
- Квалификации за светско првенство во фудбал (2006)
2004-08-18 20:00 |
Македонија | 3 – 0 | Ерменија | Градски, Скопје Гледачи: 4,375 Судија: Антон Гуенов (Бугарија) |
---|---|---|---|---|
Пандев 5' Шаќири 37' Шумуликовски 90' |
(Report) |
2004-09-04 20:30 |
Романија | 2 – 1 | Македонија | Јон Обленчо, Крајова Гледачи: 14,500 Судија: Конрад Плантц (Австрија) |
---|---|---|---|---|
Панчу 15' Муту 88' |
(Report) | Васовски 70' |
2004-10-09 20:30 |
Македонија | 2 – 2 | Холандија | Градски, Скопје Гледачи: 15,000 Судија: Петер Фројдфелд (Шведска) |
---|---|---|---|---|
Пандев 45' Стојков 71' |
(Report) | Боума 42' Кујт 65' |
2004-10-13 15:00 |
Андора | 1 – 0 | Македонија | Естади Комунал , Ла Валета Гледачи: 350 Судија: Стефано Подесци (Сан Марино) |
---|---|---|---|---|
Bernaus 60' | (Report) |
2004-11-17 17:30 |
Македонија | 0 – 2 | Чешка | Градски, Скопје Гледачи: 7,000 Судија: Урс Мајер (Швајцарија) |
---|---|---|---|---|
(Report) | Локвенц 88' Колер 90' |
* Пријателски натпревари
27 01 2004 9:00 |
Кина | 0 – 0 | Македонија | Ву Меи Лејк Спортс Центар, Јиву Гледачи: 24,000 Судија: Лу Ју (Кина) |
---|---|---|---|---|
Report |
29 01 2004 10:00 |
Кина | 0 – 0 | Македонија | Спорт Центар, Сузоу Гледачи: 17,500 Судија: Жинг Јанг (Кина) |
---|---|---|---|---|
Женг Жи 86' | Report |
18 02 2004 18:00 |
Македонија | 1 – 0 | Босна и Херцеговина | Градски, Скопје Гледачи: 8,000 Судија: Врајкович Момчило (Бугарија) |
---|---|---|---|---|
Пандев Горан 22' | Report |
31 03 2004 20:00 |
Македонија | 1 – 0 | Украина | Градски, Скопје Гледачи: 16,000 Судија: Караџич Милан (Србија и Црна Гора) |
---|---|---|---|---|
Ставревски Горан 25' | Report |
28 04 2004 17:00 |
Македонија | 1 – 0 | Хрватска | Градски, Скопје Гледачи: 16,000 Судија: Арзурман Исмет (Турција) |
---|---|---|---|---|
Report | Класниќ Иван 32' |
11 06 2004 16:00 |
Естонија | 2 – 4 | Македонија | А.Ле Ког, Талин Гледачи: 1,500 Судија: Фердефелд Петер (Шведска) |
---|---|---|---|---|
Вјатчеслав Заховајко 54' Ингемар Тевер 65' |
Report | Седловски Гоце 10' Попов Горан 13' Пандев Горан 31' Гроздановски Влатко 71' |
Кошарка уреди
- КК Фершпед Работнички стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига.
- КК Фершпед Работнички го освои купот на Македонија.
Олимписки игри уреди
Македонија учествуваше на Летните олимписки игри 2004 во Атина.
На овие Олимписки игри, Македонија ја претставуваа 10 спортисти (7 во машка и 3 во женска конкуренција), кои настапија во 5 спортови:
Кајакарство уреди
- Кајакарската репрезентација на Македонија учествува на Европското првенство на диви води.
Родени уреди
- Мартија Станојковиќ, македонска пејачка.
Починати уреди
- Борис Трајковски, македонски државник.
- Стево Црвенковски, македонски режисер и политичар.
- Јусуф Реџепи, македонски лекар кардиолог и универзитетски професор.
- Илија Алушевски, македонски фолклорист.
- Бранко Варошлија, македонски писател.
- Јадранка Владова, македонски универзитетски професор.
- Димитар Димески, македонски историчар.
- Драган Геров, македонски новинар.
- Гого Ивановски, македонски поет .
- Кирил Пенушлиски, македонски фолклорист.
- Перо Коробар, македонски општествен деец.
- Зина Креља, македонска оперска пејачка.
- Паскал Паскалевски, македонски поет.
- Благоја Ристески - Платнар, македонски поет.
- Тодор Скаловски, македонски композитор.