Споменик на Панко Брашнар
Споменикот е поставен e во новиот дел на градот Велес, на плато во непосредна близина на гарнизонот „Алексо Демниевски - Бауман“.
Со пропорционална фигура споменикот го отликува делото на големиот македонски револуционер и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, Панко Брашнар. Споменикот поставен во 2004 година, е дело на академскиот вајар Петар Хаџи Бошков. Изработен од блок од мермер, со постаментот споменикот е висок над 4 метри. Идејата на скулптурата е да покажува повеќе фази од животот и делото на Панко Брашнар.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |