Винарска визба „Картал“

Картал — винарска визба од Скопје, Македонија.

Картал
Kartal
ВидАД
ДејностВинарство
Основано2004
СедиштеСкопје, Македонија
бул. Борис Трајковски 34/1a,
Скопје
,
Република Македонија
Производивино
Вработени
5
Мреж. местоkartal.com.mk

Историјат

уреди

Винарската визба КАРТАЛ е основана како резултат на семејна традиција, почит кон виното и виновата лоза.

Нашата мисија се заснова на одржување на врската меѓу човекот и природата, а нејзините производи преточени во нектар на боговите.

Производство

уреди

Сместена во главниот град на Македонија, Скопје, со својот мал капацитет од 100.000 литри на годишно ниво, најсовремена опрема за преработка и зреење на виното и грижливо одбраното сортно грозје од скопското виногорје, нашата винарска визба Ви овозможува висок квалитет и уживање во секоја капка вино. Спојот на традицијата и науката е идеална комбинација која нашите енолози ја претвораат во совршенство. Одлично избалансираните вина, сортните одлики, овошните тонови и љубовта која им е дадена го заслужуваат вашето внимание.

Од својата производна линија, винаријата „Картал“ има 5 свои вина, од кои 3 црвени и 2 бели вина, за кои грозјето се обезбедува од Тиквешкото вингорје. Целото производство обезбедува пласман во повеќе супермаркети во Македонија, а еден дел се извезува во странство и тоа во САД, Канада, Јапонија и во договори со винарски продавници во Западна Европа

Галерија

уреди

Вина

уреди