Мартија Станојковиќ

македонска пејачка

Мартија Станојковиќ (р. 7 април 2004 во Куманово) — македонска пејачка.

Мартија Станојковиќ
Биографски податоци
Родено имеМартија Станојковиќ[1]
Роден(а)7 април 2004 (2004-04-07) (18 г.)[1]
ПотеклоКуманово, Македонија[1]
Жанровипоп
ЗанимањаПејачка

Во текот на 2015 и 2016 година учествувала во регионалното музичко талент шоу „Пинкови ѕвездички“ каде го освоила второто место. Во јули 2016 била избрана да ја претставува Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија 2016 со песната „Love will lead our way“ која излегла во октомври 2016. Мартија го освоила 12-тото место во конкуренција на 17 натпреварувачи.

Биографија и кариераУреди

ПочетоциУреди

Мартија е родена на 7 април 2004 во Куманово, Македонија.[1] Таа започнала да го развива нејзиниот музички талент кога имала само 5 години, приклучувајќи се на денс студиото "Ултра". На 7 годишна возраст ја снимила својата прва песна „Пејачка ќе станам“ со која настапила на кумановскиот детски фестивал „Детелинка“.[1]

Пинкови ѕвездичкиУреди

Во септември 2015 го започнала своето учество во регионалното музичко натпреварување „Пинкови ѕвездички“ кое се одржувало во Белград, Србија во организација на Телевизија Пинк, каде постигнала голем успех.[2] Во текот на десетте месеци колку што траело шоуто била еден од протагонистите и со својот неверојатен глас, шарм и сценски настапи успеала брзо да се наметне и да биде меѓу фаворитите за победа.[2] Во суперфиналето одржано на 3 јули во кое останале само десетте најдобри натпреварувачи, го освоила второто место.[1][3][4]

Настапи во Пинкови ѕвездички
Емисија Дата Песна Оригинален изведувач
1. круг 4 септември 2015 All About That Bass Меган Трејнор
2. круг 30 октомври 2015 Take Me To Church Хозиер
3. круг 4 декември 2015 How Deep Is Your Love Келвин Херис
4. круг 8 јануари 2016 Writing’s On The Wall Сем Смит
5. круг 26 февруари 2016 Vlak Зана
6. круг 18 март 2016 Make It Rain Ед Ширан
6. круг 18 март 2016 Тешко без тебе Тамара Тодевска
7. круг 15 април 2016 Џелем Џелем
8. круг 29 април 2016 Elastic Heart Сиа
9. круг 13 мај 2016 Ko sam ja Адил
10. круг 27 мај 2016 On The Floor Џенифер Лопез
специјал 3 јуни 2016 Od mene se odvikavaj Милан Станковиќ
1. полуфинале 10 јуни 2016 Најгора Наташа Беквалац
2. полуфинале 17 јуни 2016 Uncover Зара Ларсон
1. финале 24 јуни 2016 Don't Be So Shy Имани
2. финале 1 јули 2016 Bound To You Кристина Агилера
суперфинале 3 јули 2016 Radioactive Imagine Dragons
Roma Bangkog Baby K
The Heart Wants What It Wants Селена Гомез
I Don't Want To Miss A Thing Aerosmith

Детска евровизијаУреди

 
Мартија Станојковиќ на Детската Евровизија 2016 во Малта.

На 24 јули 2016 била избрана да ја претставува Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија 2016 во Малта.[5][6] Нејзината песна насловена како "Love will lead our way" била претставена во октомври.[7] На Детскиот избор за песна на Евровизија 2016 одржан на 20 ноември таа го освоила 12-тото место со 41 бод во конкуренција на 17 земји учеснички.[8] Со тој пласман било избегнато последното место за Македонија на натпреварот за првпат од 2012 година.

СингловиУреди

 
Мартија Станојковиќ (Градски плоштад Куманово 2019)
 
Мартија Станојковиќ (Градски плоштад Куманово 2019)
Име на песната Текст Композитор Дата на излегување
Love will lead our way Александар Масевски и Мартија Станојковиќ Александар Масевски октомври 2016
I don't know your name Александар Масевски Александар Масевски мај 2017
Те Сакам Александар Масевски Александар Масевски јуни 2018
За сите нас Марко Маринковиќ Марко Маринковиќ и Иван Јованов ноември 2018

СпотовиУреди

Спот Година Режисер
Love will lead our way 2016
Те Сакам 2018 Melem Production
Next To Me 2018 Огнен Шапковски
Шо праеш 2019 Томислав Живковиќ
Не волиш 2021 Томислав Живковиќ,Мартија Станојковиќ

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Мартија Станојковиќ“. faktor.mk. Посетено на 12 октомври 2016.
  2. 2,0 2,1 „U INTERVJUU ZA PINK.RS MARTIJA PRIZNAJE: Želim da snimim ALBUМ“. Pink.rs. Посетено на 4 јули 2016.
  3. Мартија заврши втора, а Антонија седма во „Пинковите ѕвездички“[мртва врска]
  4. SUPERFINALE PINKOVIH ZVEZDICA Pobedio Marko Bošnjak!
  5. „Martija Stanojković to sing for F.Y.R. Macedonia in Malta“. junioreurovision.tv. 24 јули 2016. Посетено на 12 октомври 2016.
  6. „Мартија ќе ја претставува Македонија на детската евровизија во Малта!“. Архивирано од изворникот на 2016-08-01. Посетено на 2016-10-12.
  7. „Love leads the way for Martija Stanojković (FYR Macedonia)“. junioreurovision.tv. Посетено на 12 октомври 2016.
  8. Македонија 12-та на Детска Евровизија; Мартија со одличен настап (видео) Архивирано на 14 јули 2017 г. hitportal.com.mk

Надворешни врскиУреди