Големата вода (филм)

Големата вода — македонски филм од 2004 година, во режија на Иво Трајков. Главните улоги во филмот ги играат Сашо Кекеновски, Маја Станковска, Митко Апостоловски, Мето Јовановски и Верица Недеска. Музиката е создадена од Кирил Џајковски.

„Големата вода“
Големата вода
РежисерИво Трајков
ПродуцентРоберт Јазаџиски
СценаристЖивко Чинго
Иво Трајков
Главни улогиСашо Кекеновски
Маја Станковска
Мето Јовановски
Владо Јовановски
Митко Апостоловски
Петар Мирчевски
Владимир Светиев
Кирил Гравчев
Владимир Ендровски
Душица Стојановска
Горан Илиќ
Раде Шербеџија
Емил Рубен
Петре Арсовски
Игор Ангелов
Јордан Витанов
МузикаКирил Џајковски
МонтажаАтанас Ѓорѓиев
Премиера30 април, 2004
Времетраење93 мин
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
англиски

Филмот е работен според мотиви од истоимениот роман на Живко Чинго. Местото на снимање во затворот било во Хавзипашините конаци во село Бардовци, Скопско. Филмот ја освоил Големата награда во Валенсија на филмскиот фестивал. Бил македонски кандидат за „Оскар“ во категоријата „Најдобар странски филм“ за 2004 година, но не успеал да добие номинација.[1]

Филмската критика позитивно го оценила целокупниот проект и замисла, добивајќи рејтинг 71% од можни 100% од страна на рецензентите Rotten Tomatoes. Metacritic дала оценка 62 по 15 прегледувања.[2]

Наводи уреди

Надворешни врски уреди