Јусуф Реџепи
Јусуф Р. Реџепи (алб.: Jusuf Rexhepi; Тетово, 15 јуни 1922 - Тетово, 28 ноември 2004)[1] бил македонски лекар кардиолог и универзитетски професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Приштина.
Животопис
уредиРеџепи е роден во Тетово во 1922 година. Завршил втори клас во Тетовската реална гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во 1940 година. Летото во 1941 кога имал 17 години се вклучил во ОВРА (Контраразузнавачка служба на Италија) и во есента во Приштина ги завршил и преостанатите два класа од гимназијата, а потоа бил испратен на тримесечен разузнавач ки курс на ОВРА во Падова, Италија. Завршил и курс во Римскиот отсек на ОВРА во 1942 година. Притоа му било овозможено да се запише и на прва година студии на Медицинскиот факултет во Падова. Во 1943 година се вратил во Тетово и му пристапил на Самостојниот баталјон „Алтоном Љуботени“ од Тетово како подофицер, по три месеци бил унапреден во потпоручник и поручник на известителната служба на Албанија во 1944, вработен во квестатурата во Тетово за борба против комунистите[2]. По Ослободувањето заминал на студии на Медицинскиот факултет на Белградскиот универзитет и по дипломирањето во 1952 се вработил како лекар во Тетово. Тетовските албански политички структури го кандидирале и бил избран за пратеник во Собранието на СРМ (1968-1971). Го добил и чинот резервен поручник на ЈНА во 1975 година. Во 1977 година докторирал на Медицинскиот факултет во Приштина на тема „Епидемиолошке студије о факторима ризика коронарне болести у индустријских радника САП Косова“. Бил шеф на Катедрата за интерни заболувања на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Приштина (од 1981), а подоцна лекар по општа практика во Медицинскиот центар во Тетово (1986). По предлог на Општинската конференција на СРВС на Приштина на 24 март 1987, Општинскиот секретаријат за народна одбрана во Приштина покренал постапка против него за изведување пред Судот на честа. Во 1987 неговиот избор за член на РК на ССРНМ предизвикал силна реакција во јавноста и во печатот. Кога се формирање втората албанска политичка партија во Македонија, НДП, на 23 јули 1990 година за нејзин прв претседател беше избран Јусуф Реџепи[3].
Наводи
уреди- ↑ „In Memoriam Prof.dr.Jusuf Rexhepi (15.06.1922 – 28.11.2004)“ (албански). 27 ноември 2005. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2009-11-01.
- ↑ Квислиншко минато на д-р Реџепи, „Вечер“, XXV, 7463, Скопје, 24. VII 1987, 3.
- ↑ Реџепи, Зеќирја. „ОПШТЕСТВЕНО-ПОЛИТИЧКИТЕ НАСТАНИ КАЈ АЛБАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА 1990-2001“. Посетено на 2009-11-01.