Влада на Владо Бучковски
(Пренасочено од Влада на Македонија од декември 2004)
24. влада на Македонија — орган на извршната власт во Република Македонија која била избрана по оставката на претседателот на претходната влада, Хари Костов. Нејзин претседател бил Владо Бучковски, дотогашниот министер за одбрана. Владата на Владо Бучковски е избрана на 17 декември 2004 година и ја врши функцијата до 28 август 2006 година, кога по парламентарните избори 2006 година нова влада формира Никола Груевски.
Влада на Владо Бучковски Бучковски | |
---|---|
24. влада на Македонија | |
2004-2006 | |
Бучковски во 2005 | |
Конституирана | 17 декември 2004 |
Распуштена | 28 август 2006 |
Организација | |
Претседател | Бранко Црвенковски |
Премиер | Владо Бучковски |
Статус во собрание | Коалициска влада |
Историја | |
Избори | 2002 |
Претходен кабинет | Костов |
Следен кабинет | Груевски I |
Состав на владата
уредиСоставот на Владата во декември 2004 година е следниот:[1]
- Владо Бучковски (СДСМ) - премиер
- Радмила Шекеринска (СДСМ) - вицепремиер задолжен за европски интеграции
- Муса Џафери (ДУИ) - вицепремиер за политички систем
- Минчо Јорданов (СДСМ) - вицепремиер задолжен за економски систем
- Илинка Митрева (СДСМ) - министер за надворешни работи
- Љубомир Михајловски (СДСМ) - министер за внатрешни работи
- Јован Манасиевски (ЛДП) - министер за одбрана
- Мери Младеновска - Ѓорѓиевска (СДСМ) - министер за правда
- Никола Поповски (СДСМ) - министер за финансии
- Фатмир Бесими (ДУИ) - министер за економија
- Стевчо Јакимовски (ЛДП) - министер за труд и социјална политика
- Владимир Димов (СДСМ) - министер за здравство
- Азис Положани (ДУИ) - министер за образование и наука
- Благоја Стефановски (СДСМ) - министер за култура
- Џемали Мехази (ДУИ) - министер за транспорт и врски
- Садула Дураку (ДУИ) - министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Ризван Сулејмани (ДУИ) - министер за локална самоуправа
- Зоран Шапуриќ (ЛДП) - министер за животна средина и просторно планирање
- Владо Поповски (ЛДП) - министер без ресор