Меѓународна фондација „Борис Трајковски“
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Меѓународната фондација "Борис Трајковски" е формирана пролетта 2004 год. со цел да го продолжи делото кое го остави во наследство покојниот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Фондацијата постои за да ја извршува својата мисија, како и целите и задачите, преку разновидни активности и програми.
Фондацијата ја раководи Управен одбор, а програмските активности ги извршува професионален тим. Фондацијата има и Почесен одбор, составен од индивидуалци од Македонија и од светот кои се залагаат и ги поддржуваат ставовите и вредностите на Претседателот Трајковски.
Претседателот Трајковски беше особена личност, кој се посвети себеси многу повеќе од она што се бараше од него како претседател. Тој беше вистински народен човек и го живееше својот живот посветен на својата земја Македонија, како и на поголема регионална и меѓународна соработка. Како голем поборник за единствена Македонија, Претседателот Трајковски беше активен во сè она што го правеше, вистински верувајки дека Македонците со различно етничко и религиозно потекло можат да живеат и работат заедно.
Фондацијата работи во Македонија и е посветена на создавање трајна позитивна промена во земјата која постепено ќе создаде постабилна, посигурна и просперитетна држава, регион и свет.