Бојан (роман)
„Бојан“ — роман за деца и младинци од македонскиот писател Глигор Поповски.
ISBN | 9989-30-477-7 |
---|
Содржина
уредиКнигата содржи 27 глави, распоредени во два дела:[1]
Јужен ветер
- I Обичен ден
- II Дедо Иван
- III Снегот не запира
- IV Волци
- V Кротка
- VI Страшна ноќ
- VII Пушка
- VIII Пламен над Гола Глава
- IX Болест
- X Јужен ветар
- XI Најубавиот пролетен ден
Орелска Чука
- I Што бара шумарот
- II Луѓе од градот
- III Денко
- IV Кај дедо Иван
- V Малата Ирена
- VI Побратимство
- VII Елена
- VIII Ајдучки гроб
- IX Одење по кучето
- X Невреме
- XI Збогување со дедо Иван
- XII Орелска Чука
- XIII Еднаш во годината е Илинден
- XIV Телеграма
- XV На Орелска Чука - по вторпат
- XVI Жолтеат нежните јасики
Во романот се опишани доживувањата на детето Бојан за време на неговиот престој во планинската колиба на дедо му Димо. Откако го испратил својот дедо во селото, Бојан останал сам во колибата грижејќи се за стоката. Притоа, тој се спријателил со старецот, дедо Иван кој живеел сам во неговата планинска колиба. Кога зафатило големо невреме, Бојан спасил една повредена срна, а се грижел и за јагнето чија мајка во меѓувреме умрела. Набргу, колибата ја нападнале волците, кои го растргнале кучето Караман, но Бојан пронашол стара пушка и така ги растерал. Потоа, тој се разболел, но по неколку дена, во колибата пристигнале дедо му и татко му кои го пронашле веќе исцрпениот Бојан.
Пролетта, во селото дошле двајца учени луѓе од Скопје, а Бојан се пријателил со детето Денко. Еднаш, тие го спасиле девојчето Иринка, кое за малку ќе се удавело. По некое време во селото пристигнало и девојчето Елена во кое се вљубил Бојан. Набргу се случиле немили настани: од удар на гром загинале две овчарчиња, а потоа Бојан морал да се раздели со дедо Иван, кој се разболел и го однеле во градот. Еден ден, Бојан и Денко се искачиле на карпестиот врв Орелска Чука, а Елена му се налутила на Бојан зашто не ја зеле со неа. Поради некои итни работи, учените луѓе морале да се вратат во градот, така што Бојан не стигнал да се поздрави со Елена. Сепак, таа му оставила писменце во кое жалела за лошиот однос кон него. Од жал за неа, Бојан по вторпат, овојпат сам, се искачил на Орелска Чука. Кон крајот на летото, тој добил писмо и фотографија од Елена, а потоа, со тешко срце морал да ја напушти планината и да се врати во градот.[1]
Изданија
уредиИздание на „Детска радост“ од 2004 година
уредиКнигата, објавена од Редакцијата „Детска радост“ при издавачката куќа „Просветно дело“ АД Скопје, како дел од библиотеката „Лектирни изданија“, има обем од 262 страници. Таа е испечатена во печатницата „Напредок“ од Тетово, во формат од 20 сантиметри, со мек повез. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-477-7. Дизајнот и графичкото уредување се дело на Жарко Туниќ, а лектурата и коректурата ги извршила Кате Ноневска.[1]