Кој сака да биде милионер?

Кој сака да биде милионер е оригинално создаден од компанијата Целадор во Обединетото Кралство во 1998 година. Квизот во моментов под лиценца се емитува во повеќе од 160 земји во светот. Во Македонија тој се емитуваше во периодот на 2004/2005 година. И по едногодишна пауза продолжи да се емитува во 2007 во сопствено студио на А1 телевизија која ја откупи лиценцата за ова шоу.

Кој сака да биде милионер?
Создадена одCelador
ВодителиСашо Мацановски - Трендо
Земја на потекло Обединето Кралство
Производство
Продуцент(и)Игор Шокаровски
Времетраење1 час
Прикажување
Првична мрежаА1 телевизија
Надворешни врски
Мрежна страницаweb.archive.org/web/*/www.a1.com.mk/milioner

Правила на игра уреди

Пријавувањето за квизот се врши преку телефонскиот број. Статус на натпреварувач во квизот стекнува кандидатот кој ги исполнува условите и е избран од комисијата за тестирање согласно со постапката за избор на кандидати. Процесот на пријавување започнува со точен одговор на прашањето за кое се нудат четири тест одговори од кои само еден е точен. Со соодветна програма, компјутерот создава список на кандидати кои одговориле точно на поставеното прашање, по датум на реализираниот телефонски повик или испратена SMS порака. Потоа тимот за тестирање ќе врши конечна селекција. Конечната селекција се состои од тест од десет прашања.

Најдобрите доаѓаат во квизот каде што седнуваат во играта наречена брзи прсти. Најбрзиот се стекнува со право да се натпреварува. Постојат 3 загарантирани суми од 5000, 125.000 и 4 милиони денари. Натреварувачот има на располагање и четири џокери: Повикај пријател, 50/50, прашај ја публиката, а после петтото прашање џокерот замена на прашање. ТВ студиото на македонскиот квиз Милионер го изработи „Металец“ Прилеп. Осветлувањето го овозможува ДВД-пет.