Црква „Св. Недела и Св. Петка“ - Абланица
Света Недела и Света Петка претставува македонска православна црква во туристичката населба Абланица, Општина Берово од десната страна на брегот на Брегалница.[1]
Света Недела и Света Петка
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Струмичка |
Архијерејско намесништво | Беровско |
Местоположба | |
---|---|
Место | Абланица |
Општина | Берово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Недела и Света Петка Трновска |
Изградба | 2004 |
Завршено | 2008 |
Осветување | 2010 |
Живопис | 2011 |
Зограф | Ванчо Чаушовски |
Архитектонски опис |
Поради забрзаното урбанизирање на овој предел и формирањето на населбата Абланица, во 2003 година се дошло до идеја за градење на црква. Кога локацијата била одредена, беровски „Алкалоид”, купил плац од 1 декар, од приватно лице и веќе во 2004 година биле удрени темелите на објектот. Храмот се градел 4 години, но со сите инфраструктурни и хортикултурни уредувања, гбиле потребни уште две години за да се освети објектот.Во изградбата на црквата биле вклучени 300 дарители. Црквата ја зографисал Ванчо Чаушовски[2]. Црквата е осветена на 10 октомври 2010 година од струмичкиот митрополит г. Наум.[3]
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Фамилија Чаушовски“. Малеш. Архивирано од изворникот на 2011-04-24. Посетено на 2012-05-12.
- ↑ „Осветена црква во Абланица“. Дневник. 18 октомври 2010. Посетено на 2012-05-12.[мртва врска]
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Галерија (122 слики) Архивирано на 25 септември 2009 г.
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |