Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор


Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор - СИОФА (алб. -Sekretariati për zbatimin e Marrëveshjes Kornizë të Ohrit) е дел од Владата на Република Македонија, кој е формиран за успешно спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој беше потпишан за да се прекинат воените дејства во Македонија во 2001. Секретаријатот е формиран со одлука на Владата на Република Македонија, на 5 април 2004[3], но под името Сектор за Спроведување на Охридскиот Рамковен Договор, кој во меѓувреме со измените и дополнувањата на Законот за Влада[4] се трансформирал во Секретаријат за спроведување на рамковниот договор кој започнал да функционира од јануари 2008 година. Името СИОФА доаѓа од самиот англиски назив Secretariat for the implementation of the Ohrid Framework Agreement (SIOFA).

Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор
Логото на СИОФА
Податоци за органот
Основан 5 април 2004¹
Надлежност Влада на Македонија
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 1,856[1] (2015)
Годишен буџет 641,400 милиони MKD[2] (2018)
Раководител Хазби Лика
(државен секретар)
Ограноци Сектор за спроведување на рамковниот договор
Сектор за општи работи
Сектор за буџет и јавни набавки
Сектор за односи со јавноста
Мрежно место
siofa.gov.mk
Белешки
¹Како Сектор за Спроведување на Охридскиот Рамковен Договор

Мисија, цели и задачи

уреди

Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор на Владата на Република Македонија има задача да го спроведе целосно Охридскиот рамковен договор и да обезбеди административна и стручна поддршка на заменик претседателот на Владата на Република македонија задолжен за спроведување на рамковниот договор.

Највисоки и долгорочни приоритети на Секретаријатот се:

  • Да ги спроведе стратешките и другите одлуки усвоени од Владата што целат кон понатамошна стабилизација на мултиетничкиот карактер на Република Македонија;
  • Да ги координира напорите внатре во министерствата и другите јавни тела;
  • Да развива понатамошни стратешки пристапи за целите на Охридскиот рамковен договор;
  • Да создаде подобро разбирање за Охридските принципи и за бенефициите што произлегуваат за секој поединечно и за општеството воопшто и да се изгради совест, и прифаќање на акциите што Владата ги презема за следење на општата политика;
  • Да се обезбеди Владата и јавноста со потребниот материјал и информации поврзани со процесот на спроведување, посебно со Националниот План за Вработување за Правичната Застапеност и со годишниот Извештај за Правичната застапеност во Јавниот Сектор.

Организација на секретаријатот

уреди

Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор е составен од 4 Сектори, 15 Одделенија и 3 посебни одделенија. Со Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор раководи Државен секретар.

  • Секторот за спроведување на рамковниот договор се состои од следниве одделенија:
  1. Одделение за следење на соодветната и правичната застапеност
  2. Одделение за подготвување на Национални годишни планови и годишни извештаи според соодветната и правичната застапеност
  3. Одделение за мониторинг на процесот на децентрализација
  • Секторот за општи работи е составен од следниве одделенија:
  1. Одделение за координација и соработка
  2. Одделение за соработка со невладини организации и меѓународна соработка
  3. Одделение за превод, лекторирање и редакција
  4. Одделение за протоколарни работи и организациони работи
  5. Одделение за информатичка технологија
  • Секторот за буџет е составен од следниве одделенија:
  1. Одделение за буџет и јавни набавки
  2. Одделение за координација на странска помош и донации
  • Секторот за односи со јавноста е составен од следниве одделенија:
  1. Одделение за односи со јавноста и организирање прес конференции
  2. Одделение за медиумско следење, анализа и истражување

Како посебни одделенија во Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор функционираат:

  1. Одделение за внатрешна ревизија
  2. Одделение за кадровски работи човечки работи и други стручни работи
  3. Одделение за стратегија, планирање и следење

Наводи

уреди
  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2015 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2016. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-04-28. Посетено на 2017-03-10.
  2. „Буџет на Република Македонија за 2018 година“. Министерство за финансии на Република Македонија. Архивирано од изворникот на 2019-10-19. Посетено на 2018-11-22.
  3. Службен весник на Р.М. бр. 115/2007.
  4. Службен весник на Р.М. бр. 115/2007.

Надворешни врски

уреди