Македонски глас (2004)

Оваа статија е за македонски весник во Бугарија. За останати весници со ист наслов, видете ја страницата за појаснување.

Македонски глас е пирински весник, чиешто прво издание се појавило во јули 2004 година.

Македонски глас
Насловна страница на весникот.
Типпериодичен весник
СопственикПирински македонски информациски центар
Основанјули 2004
Јазикбугарски и македонски
СедиштеБлагоевград[1]

Тој излегува како периодичен билтен на борците за правата на Македонците во Бугарија и се печати на бугарски јазик. Весникот објавува податоци за состојбите во бугарското општество, а кои се однесуваат на положбата на Македонците. Весникот има големо значење во понатамошното демократизирање на бугарското општество, особено поради фактот што во него можат да се прочитаат такви работи кои најчесто се премолчувани од другите весници во Бугарија.

На 31 јануари 2011, бугарските власти го заплениле целокупниот тираж на весникот, додека сопственикот на печатницата на весникот и еден тамошен вработен биле преведени во полиција. Официјално немало известување за ваквата акција, а неофицијално ова е како последица на повикот на весникот до сите Македонци во Бугарија да се попишат како Македонци за време на пописот во државата во 2011.[2]

Наводи

уреди
  1. Горна Џумаја
  2. „Бугарската полиција го заплени "Македонски глас". Архивирано од изворникот на 2011-02-04. Посетено на 2011-01-31.

Надворешни врски

уреди

Македонски глас - списание од македонската дружина во Русија.