Јан Колер (роден на 30 март 1973 година во Сметанова Лхота) — чешки поранешен фудбалер, напаѓач. Тој бил препознатлив по неговата висина (2,02 м), физичка сила и ударот со глава.

Јан Колер
Лични податоци
Роден на 30 март 1973(1973-03-30)(51 г.)
Роден во Сметанова Лхота, Чехословачка
Држава Чешка Чешка
Висина &100000000000002020000002,02 м
Играчки податоци
Позиција напад
Повлекување 2011 (38 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1994–1996 Спарта Прага Спарта Прага 29 (5)
1996–1999 Локерен Локерен 97 (43)
1999–2001 Андерлехт Андерлехт 65 (42)
2001–2006 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 138 (59)
2006–2008 Монако Монако 50 (12)
2008 Нирнберг Нирнберг 14 (2)
2008-2009 Крилја Советов Крилја Советов 46 (16)
2009-2011 Кан Кан 44 (20)
Репрезентација
1995–1996 Чешка Чешка 21 3 (1)
1999–2009 Чешка Чешка 91 (55)
* Ажурирано на: 21 септември 2011
** Ажурирано на: 6 септември 2011

Својата кариера ја започнал во Спарта Прага, а потоа се преселил во Белгија, каде играл за Локерен и Андерлехт. Во 2001 година, се приклучил на Борусија Дортмунд, каде ја освоил титулата во Бундеслигата во својата прва сезона и постигнал 73 гола на 167 натпревари за време на петте сезони поминати во клубот. По заминувањето од Дортмунд, тој играл за Монако, пред да се врати Бундеслигата во дресот на Нирнберг. Во 2008 година Колер потпишал за Крилја Советов, а кариерата ја завршил во Кан во 2011 година.

За чешката репрезентација, Колер одиграл 91 натпревар и постигнал 55 гола. Тој е најдобар стрелец во историјата на чешката репрезентација, која ја претставувал на три Европски првенства во 2000, 2004 и 2008 година како и на Светското првенство 2006.

Животопис

уреди

Колер е роден во Сметанова Лхота, во тогашна Чехословачка. Познат по својата височина (2,02 м) и градба, за време на својата фудбалска кариера тој бил наречен Дино.

Од 2003 година Колер е оженет со моделот, Хедвика Колер, која претходно била во брак со чешкиот фудбалер и играч од средниот ред Павел Хорват.

Клупска кариера

уреди

Почетоци и Спарта Прага

уреди

Колер започнал да игра фудбал како дете, заедно со неговиот брат, во локалниот аматерски клуб Сметанова Лхота, каде тренер бил неговиот татко, а во 1989 година се преселил во ЗВЗ Милевско. На почетокот од својата кариера Јан играл на позицијата голман[1] која најмногу одговарала на неговата физичка градба, но на осумнаесетгодишна возраст бил преместен на позицијата централен напаѓач, каде докажал дека има динамичност и добри техничко-координативни вештини и покрај гигантската физика.

Во 1994 година, кога имал 21 година, Колер бил ангажиран од славниот чешки клуб Спарта Прага, и тогашен водач во чешкото првенство. Своето деби за Спарта го направил во пролетта 1995 година против Бенешов, влегувајќи од клупата за резерви во последните 20 минути од натпреварот.[2] За време на својата прва сезона како професионалец, тој главно седел на клупата, и успеал да собере само 6 настапи на кој постигнал 1 гол. Следната сезона, играл повеќе за клубот од главниот град на Бохемија, забележувајќи 23 натпревари и 4 гола.

Локерен и Андерлехт

уреди

Во 1996 година, Колер потпишал за белгискиот Локерен за надоместок од 102,000 евра.[1] Своето деби во Белгиската лига го направил на 10 август 1996, во поразот со 2-1 на гостувањето кај Мускрон, влегувајќи од клупата за резерви на полувремето. Веќе во својата прва сезона во клубот тој станал редовен стартер, играјќи 31 натпревар во првенството и постигнал 8 гола. Следната сезона тој постигнал 10 гола на 33 натпревари, а својата целосна афирмација ја имал во сезоната 1998-1999 кога постигнал 24 гола на 33 натпревари и бил најдобар стрелец во белгиското првенство.

Одличната сезона во Локерен, му донела трансфер во многу поголемиот и пославен белгиски клуб Андерлехт, во летото 1999 година. Дебитирал за Андерлехт на 8 август 1999, во победата со 3-2 на домашен терен над Мускрон, а својте први голови ги постигнал една недела подоцна во победата со 5-2 над Беверен кога постигнал два гола. Тој оформил одлично партнерство во нападот со канаѓанецот, Томаш Радзински, и тие двајца постигнале 34 (20 Колер и 14 Радзински) од вкупно 86 гола на Андерлехт во лигата. Благодарение на големата ефикасност на својте напаѓачи, Андерлехт ја освоил титулата во белгиското првенство во сезоната 1999-2000, а Колер бил избран за Фудбалер на годината во Белгија. Во истата сезона, тој играл со Андерлехт и во Купот на УЕФА, каде на 4 натпревари постигнал три гола, а Андерлехт бил елиминиран во второто коло од Болоња со вкупен резултат 4-2: 2-1 за Андерлехт во Белгија со два гола на Колер и 3-0 во реваншот за италијанците.

Во сезоната 2000-2001, Колер го направил своето деби во Лигата на шампионите, постигнувајќи хет-трик во победата со 4-2 над кипарскиот Анортозис Фамагуста. Тој, потоа го постигнал и единствениот гол во двомечот против Порто, со кој му обезбедил на својот тим место во групната фаза. Колер постигнал гол и во првиот натпревар од групната фаза, поразот со 5-1 на гостувањето на Олд Трафорд кај Манчестер Јунајтед. Сметајќи ги и квалификациите тој постигнал вкупно 7 голови во Лигата на шампионите во сезоната 2000-2001. На домашната сцена пак, Колер му помогнал на Андерлехт да освои уште една титула во лигата постигнувајќи 22 гола, со кој бил втор стрелец во превенството со еден гол помалку од својот партнер во нападот Радзински. По завршувањето на сезоната, тој го напуштил клубот оставајќи зад себе одлични бројки од 64 гола на 102 настапи.

Борусија Дортмунд

уреди
 
Колер во дресот на Борусија Дортмунд.

Во летото 2001 година, Колер потпишал за Борусија Дортмунд во трансфер кој чинел околу 8 милиони евра.[3] Тој потпишал четиригодишен договор со милионерите во трајност до летото 2005 година.[4] Своето деби за новиот клуб го направил на 11 јули 2001 година, во полуфиналето од Лига купот на Германија против Фрајбург; тој го одиграл целиот натпревар вклучувајќи ги и продолженија и бил еден од тројцата прецизни изведувачи на пенали во завршницата помагајќи му на својот тим да се пласира во финалето. Своето деби во Бундеслигата, го имал на 28 јули, во победата со 2-0 на домашен терен над Нирнберг, притоа асистирајќи му на двојниот стрелец Марсио Аморосо за првиот гол. Својот прв гол во жолтиот дрес го постигнал на 11 август 2001, во третото коло од Бундеслигата 2001-2002, кога Борусија на домашен терен го победила Волфсбург со 4-0. Кон крајот на август, тој постигнал два гола во победата со 3-1 на домашен терен над Шахтар Донецк во квалификациите од Лигата на шампионите, со што германскиот клуб изборил место во групната фаза од натпреварувањето. Во групната фаза, Колер ги одиграл сите 6 натпревари и постигнал два гола против Динамо Киев и Боавишта, но Борусија Дортмунд не успеала да се пласира понатаму завршувајќи на третото место во групата зад Ливерпул и Боавишта, по што европската сезона ја продолжиле во Купот на УЕФА, каде стигнале до финалето во кое биле поразени од Фејенорд со 3-2. Во својата прва сезона во клубот, Колер постигнал 11 првенствени гола, вклучувајќи го и оној во последното коло против Вердер Бремен во победата со 2-1, одлучувачка за освојување на титулата во Бундеслигата.

Тој останал во Борусија Дортмунд до 2006 година, но не освоил ниту еден трофеј повеќе со клубот. Во летото 2005 година, тој одбил да го продолжи договорот со клубот, најавувајќи дека ќе го напушти по завршувањето на сезоната 2005-2006. „Сакам уште една добра сезона со навивачите и да го одјавам моето успешно поглавје во Дортмунд“, изјавил Колер.[5] Сепак неговата последна сезона во клубот на била многу успешна; тој доживеал тешка повреда во септември за време на првенствениот натпревар против Мајнц,[6] поради која пропуштил 7 месеци од сезоната и одиграл само 12 натпревари. Тој се вратил во акција во мај 2006 година, а во својот последен натпревар се збогувал со навивачите на милионерите со два гола во мрежата на најголемиот соперник Бајерн Минхен во натпревар што завршил 3-3.

 
Колер играјќи за Крилја Советов во 2009 година.

Монако и Нирнберг

уреди

Во јуни 2006 година, Колер потпишал двегодишен договор со Монако.[7] Тој одиграл коректна прва сезона во францускиот фудбал, постигнувајќи 8 гола во 35 натпревари во Лига 1 и куповите. Во втората сезона почнал да го губи местото во почетната постава и не мал број натпревари започнал на клупата, по што одлучил да го напушти Монако и да се врати во Бундеслигата со цел да избори место во чешката репрезентација за Европското првенство 2008.

Во јануари 2008, Колер потпишал за Нирнберг за обесштетување од 1 милион евра,[8] придружувајќи им се на својте сонародници Томаш Галасек и Јаромир Блажек. Своето деби за баварскиот клуб го направил на 2 февруари, во натпреварот Карлсруе-Нирнберг 2-0, а својот прв гол го постигнал една недела подоцна во ремито 1-1 на домашен терен против Ханза Росток. На 20 април, со својот втор гол за сезоната тој му донел победа на Нирнберг на домашен терен против Волфсбург (1-0), но не успеал во конечната мисија да го спаси клубот од испаѓање од Бундеслигата по што било јасно дека ќе биде продаден во текот на летото.

Последните години од кариерата

уреди

На 23 јуни 2008, на возраст од 35 години, Колер и се приклучил на руската екипа Крилја Советов, која ги откупила неговите права од Нирнберг за 1 милион евра.[9] Таму играл до декември 2009, кога бил ослободен поради финансиските проблеми со кои се соочувал клубот.

На 5 декември 2009, Колер се вратил во Франција, каде потпишал договор со третолигашот Кан до 2011 година.[10] Во август 2011 година, на возраст од 38 години, Колер го објавил своето повлекување од фудбалот како резултат на серија повреди со кои се мачел во последно време.[1]

Репрезентативна кариера

уреди

Во 1995 и 1996 година, Колер играл за младата чешка репрезентација под 21 година, забележувајќи 3 настапи, на кои постигнал 1 гол против Норвешка во квалификациите за Европско првенство за играчи под 21 година 1996.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 9 февруари 1999 година, во пријателски натпревар против Белгија одигран на стадионот Крал Бодуен во Брисел, и токму тој го постигнал единствениот гол во натпреварот во 73-тата минута за победа на Чешка со 1-0. Потоа, тој играл во неколку натпревари од квалификациите за Европското првенство 2000 година, каде бил многу ефикасен постигнувајќи 6 гола со кои и помогнал на Чешка да се квалификува на завршниот турнир во Белгија и Холандија. Почнувајќи од квалификацискиот натпревар против Естонија во Талин на 5 јуни 1999, до победата со 4-1 над Израел на 26 април 2000, Колер имал фантастична серија од 10 натпревари по ред со репрезентацијата на кои бил стрелец. Во јуни 2000, бил повикан од селекторот Јозеф Чованец за Европското првенство 2000; тој ги одиграл сите три натпревари на својата репрезентација на турнирот, на кој чесите биле елиминирани уште во групната фаза.

Во квалификациите за Светското првенство 2002 година, Колер постигнал само два гола на осум натпревари, и двата во победата со 4-0 над Исланд во Теплице. Чешка останала без пласман на првенството, откако во баражот загубиле од Белгија со вкупен резултат 0-2. Затоа пак тој бил многу поефикасен во квалификациите за Европското првенство 2004 година, во кои постигнал 6 гола и помогнал чешката репрезентација да се квалификува за првенството кое се одржало во Португалија. Чешка била во група со Германија, Холандија и Латвија, и остварила три победи и сите после пресврт откако противникот прв постигнувал гол. Колер постигнал еден гол во групната фаза против Холандија, а подоцна додал уште еден во победата со 3-0 над Данска во четвртфиналето. Сепак, силната чешка репрезентација на ова првенство била сопрена во полуфиналето од подоцнежниот шампион Грција, со сребрениот гол на Трајанос Делас на крајот на првото продолжение.

На 8 јуни 2005, во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2006 година против Македонија, Колер постигнал 4 гола за само 11 минути во победата со 6-1 во Теплице. Тој постигнал вкупно 9 гола во квалификациите и бил ударна игла во нападот на чесите, носејќи и историски пласман на Чешка на прво Светско првенство како самостојна држава. Во првиот натпревар на Мундијалот во Германија, Колер го постигнал првиот гол за Чешка по само 5 минути игра во убедливата победа со 3-0 над САД во групата Е. За жал, подоцна во истиот натпревар по еден двобој со Огучи Ониеву тој доживеал мала повреда на бутниот мускул, поради која натпреварот против американците бил неговиот единствен на првенството; без него во тимот репрезентацијата ги загубила следните два натпревари против Гана и Италија и биле елиминирани уште по групната фаза.

Колер најавил дека ќе се повлече од репрезентацијата по Европското првенство 2008.[11] Тој ги одиграл сите три натпревари во групата, постигнувајќи еден гол во последниот натпревар од групата против Турција во поразот со 3-2. И покрај најавите дека ќе се повлече, Колер се вратил на кратко во репрезентацијата, за квалификацискиот циклус за Светското првенство 2010, играјќи еден натпревар против Словачка,[12] а потоа и конечено ја завршил својата репрезентативна кариера.

Вкупно за Чешка одиграл 91 натпревар и постигнал 55 гола. До денес, тој е најдобар стрелец во историјата на чешката репрезентација.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Чешка
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
9-2-1999 Брисел Белгија   0 – 1   Чешка Пријателска 1
27-3-1999 Теплице Чешка   2 – 0   Литванија Квал. за Евро 2000 -
28-4-1999 Варшава Полска   2 – 1   Чешка Пријателска -
5-6-1999 Талин Естонија   0 – 2   Чешка Квал. за Евро 2000 1
9-6-1999 Прага Чешка   3 – 2   Шкотска Квал. за Евро 2000 1
18-8-1999 Теплице Чешка   3 – 0   Швајцарија Пријателска 1
4-9-1999 Вилниус Литванија   0 – 4   Чешка Квал. за Евро 2000 2
8-9-1999 Теплице Чешка   3 – 0   Босна и Херцеговина Квал. за Евро 2000 1
9-10-1999 Прага Чешка   2 – 0   Фарски Острови Квал. за Евро 2000 1
13-11-1999 Прага Чешка   1 – 1   Холандија Пријателска 1
23-2-2000 Даблин Ирска   3 – 2   Чешка Пријателска 2
29-3-2000 Прага Чешка   3 – 1   Австралија Пријателска 1
26-4-2000 Теплице Чешка   4 – 1   Израел Пријателска 1
3-6-2000 Берлин Германија   3 – 2   Чешка Пријателска -
11-6-2000 Амстердам Холандија   1 – 0   Чешка Евро 2000 - Прва фаза - дет.
16-6-2000 Бриж Чешка   1 – 2   Франција Евро 2000 - Прва фаза - дет.
21-6-2000 Лиеж Данска   0 – 2   Чешка Евро 2000 - Прва фаза - дет.
16-8-2000 Прага Чешка   0 – 1   Словенија Пријателска -
2-9-2000 Софија Бугарија   0 – 1   Чешка Квал. за СП 2002 -
7-10-2000 Теплице Чешка   4 – 0   Исланд Квал. за СП 2002 2
11-10-2000 Та Кали Малта   0 – 0   Чешка Квал. за СП 2002 -
28-2-2001 Скопје Македонија   1 – 1   Чешка Пријателска -
14-3-2001 Белфаст Северна Ирска   0 – 1   Чешка Квал. за СП 2002 -
28-3-2001 Прага Чешка   0 – 0   Данска Квал. за СП 2002 -
2-6-2001 Копенхаген Данска   2 – 1   Чешка Квал. за СП 2002 -
6-6-2001 Теплице Чешка   3 – 1   Северна Ирска Квал. за СП 2002 -
15-8-2001 Прага Чешка   5 – 0   Јужна Кореја Пријателска -
1-9-2001 Рејкјавик Исланд   3 – 1   Чешка Квал. за СП 2002 -
12-2-2002 Будимпешта Унгарија   0 – 2   Чешка Пријателска 1
13-2-2002 Никозија Кипар   3 – 4   Чешка Пријателска 2
27-3-2002 Теплице Чешка   0 – 0   Велс Пријателска -
17-4-2002 Прага Чешка   0 – 0   Грција Пријателска -
18-5-2002 Прага Чешка   1 – 0   Италија Пријателска -
21-8-2002 Оломуц Чешка   4 – 1   Словенија Пријателска 2
6-9-2002 Прага Чешка   5 – 0   СР Југославија Пријателска -
12-10-2002 Кишињев Молдавија   0 – 2   Чешка Квал. за Евро 2004 -
16-10-2002 Теплице Чешка   2 – 0   Белорусија Квал. за Евро 2004 -
12-2-2003 Ница Франција   0 – 2   Чешка Пријателска -
29-3-2003 Ротердам Холандија   1 – 1   Чешка Квал. за Евро 2004 1
2-4-2003 Прага Чешка   4 – 0   Австрија Квал. за Евро 2004 2
30-4-2003 Прага Чешка   4 – 0   Турција Пријателска 1
11-6-2003 Оломуц Чешка   5 – 0   Молдавија Квал. за Евро 2004 1
6-9-2003 Минск Белорусија   1 – 3   Чешка Квал. за Евро 2004 -
10-9-2003 Прага Чешка   3 – 1   Холандија Квал. за Евро 2004 1
11-10-2003 Виена Австрија   2 – 3   Чешка Квал. за Евро 2004 1
30-11-2003 Прага Чешка   5 – 1   Канада Пријателска -
18-2-2004 Палермо Италија   2 – 2   Чешка Пријателска -
31-3-2004 Даблин Ирска   2 – 1   Чешка Пријателска -
28-4-2004 Токио Јапонија   0 – 1   Чешка Пријателска -
2-6-2004 Прага Чешка   3 – 1   Бугарија Пријателска -
6-6-2004 Прага Чешка   2 – 0   Естонија Пријателска -
15-6-2004 Авеиро Чешка   2 – 1   Данска Евро 2004 - Прва фаза -
19-6-2004 Авеиро Холандија   2 – 3   Чешка Евро 2004 - Прва фаза 1
27-6-2004 Порто Чешка   3 – 0   Данска Евро 2004 - Четвртфинале 1
1-7-2004 Порто Грција   1 – 0   Чешка Евро 2004 - Полуфинале -
18-8-2004 Прага Чешка   0 – 0   Грција Пријателска -
8-9-2004 Амстердам Холандија   2 – 0   Чешка Квал. за СП 2006 -  
9-10-2004 Прага Чешка   1 – 0   Романија Квал. за СП 2006 1
13-10-2004 Ереван Ерменија   0 – 3   Чешка Квал. за СП 2006 2
17-11-2004 Skopje Македонија   0 – 2   Чешка Квал. за СП 2006 1
9-2-2005 Цеље Словенија   0 – 3   Чешка Пријателска 1  
4-6-2005 Либерец Чешка   8 – 1   Андора Квал. за СП 2006 1
8-6-2005 Теплице Чешка   6 – 1   Македонија Квал. за СП 2006 4
17-8-2005 Гетеборг Шведска   2 – 1   Чешка Пријателска 1
3-9-2005 Костанца Романија   2 – 0   Чешка Квал. за СП 2006 -
7-9-2005 Оломуц Чешка   4 – 1   Ерменија Квал. за СП 2006 -
30-5-2006 Прага Чешка   1 – 0   Костарика Пријателска -  
3-6-2006 Прага Чешка   3 – 0   Тринидад и Тобаго Пријателска 2
12-6-2006 Гелзенкирхен САД   0 – 3   Чешка СП 2006 - Прва фаза 1
16-8-2006 Прага Чешка   1 – 3   Србија Пријателска -
2-9-2006 Теплице Чешка   2 – 1   Велс Квал. за Евро 2008 -
6-9-2006 Братислава Словачка   0 – 3   Чешка Квал. за Евро 2008 1
7-10-2006 Либерец Чешка   7 – 0   Сан Марино Квал. за Евро 2008 2
11-10-2006 Даблин Ирска   1 – 1   Чешка Квал. за Евро 2008 1
7-2-2007 Брисел Белгија   0 – 2   Чешка Пријателска 1
24-3-2007 Прага Чешка   1 – 2   Германија Квал. за Евро 2008 -
28-3-2007 Либерец Чешка   1 – 0   Кипар Квал. за Евро 2008 -
2-6-2007 Кардиф Велс   0 – 0   Чешка Квал. за Евро 2008 -
22-8-2007 Прага Чешка   1 – 1   Австрија Пријателска 1
8-9-2007 Серавале Сан Марино   0 – 3   Чешка Квал. за Евро 2008 1
17-10-2007 Минхен Германија   0 – 3   Чешка Квал. за Евро 2008 -
17-11-2007 Прага Чешка   3 – 1   Словачка Квал. за Евро 2008 -
21-11-2007 Никозија Кипар   0 – 2   Чешка Квал. за Евро 2008 1
6-2-2008 Теплице Чешка   0 – 2   Полска Пријателска -
26-3-2008 Копенхаген Данска   1 – 1   Чешка Пријателска 1
27-5-2008 Прага Чешка   2 – 0   Литванија Пријателска 2
30-5-2008 Теплице Чешка   3 – 1   Шкотска Пријателска -
7-6-2008 Базел Швајцарија   0 – 1   Чешка Евро 2008 - Прва фаза -
11-6-2008 Женева Чешка   1 – 3   Португалија Евро 2008 - Прва фаза -
15-6-2008 Женева Турција   3 – 2   Чешка Евро 2008 - Прва фаза 1
5-9-2009 Братислава Словачка   2 – 2   Чешка Квал. за СП 2010 -
Вкупно Настапи (6. место) 91[13] Голови (1. место) 55

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 26 април 2020.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1994-1995   Спарта Прага 6 1 КЧ 0 0 - - - - - - 6 1
1995-1996 23 4 КЧ 0 0 КУ 7 1 - - - 30 5
Вкупно Спарта Прага 29 5 - - 7 1 - - 36 6
1996-1997   Локерен Д1 31 8 КБ - - - - - - - - 31 8
1997-1998 Д1 33 11 КБ - - - - - - - - 33 11
1998-1999 Д1 33 24 КБ 5 3 - - - - - - 38 27
Вкупно Локерен 97 43 5 3 - - - - 102 46
1999-2000   Андерлехт Д1 33 20 КБ 1 0 КУ 4 3 - - - 38 23
2000-2001 Д1 32 22 КБ 3 0 ЛШ 16[14] 7[15] СБ 1 0 52 29
Вкупно Андерлехт 65 42 4 0 20 10 1 0 90 52
2001-2002   Борусија Дортмунд 33 11 КГ+ЛКГ 1+1 0 ЛШ+КУ 8[16]+6 4[17]+2 - - - 49 17
2002-2003 34 13 КГ+ЛКГ 1+1 1+0 ЛШ 12 8 - - - 48 22
2003-2004 32 16 КГ+ЛКГ 2+3 1+2 ЛШ+КУ 2[16]+3 0 - - - 42 19
2004-2005 30 15 КГ 3 1 ИК 0 0 - - - 33 16
2005-2006 9 4 КГ 1 1 ИК 2 0 - - - 12 5
Вкупно Борусија Дортмунд 138 59 13 6 33 14 - - 184 79
2006-2007   Монако Л1 32 8 КФ+ЛКФ 1+2 0 - - - - - - 35 8
2007-јан. 2008 Л1 18 4 КФ+ЛКФ 0+1 0 - - - - - - 19 4
Вкупно Монако 50 12 3 0 - - - - 53 12
јан.-јун. 2008   Нирнберг 14 2 - - - КУ 2 0 - - - 16 2
2008   Крилја Советов ПЛ 18 7 - - - - - - - - - 18 7
2009 ПЛ 28 9 КР 1 0 - - - - - - 30 9
Вкупно Крилја Советов 46 16 1 0 - - - - 47 16
дек. 2009-2010   Кан ШН 15 4 - - - - - - - - - 15 4
2010-2011 ШН 29 16 КФ 1 0 - - - - - - 30 16
Вкупно Кан 44 20 1 0 - - - - 45 20
Вкупно во кариерата 469 197 27 9 62 25 1 0 557 231

Репрезентативна кариера

уреди
Фудбалска репрезентација на Чешка[18]
Година Наст Голови
1999 10 9
2000 11 6
2001 7 0
2002 9 5
2003 9 7
2004 14 6
2005 6 7
2006 8 7
2007 9 4
2008 7 4
2009 1 0
Вкупно 91 55

Куриозитет

уреди

За време на сезоната 2002-2003 во Бундеслигата, во натпреварот помеѓу неговата Борусија Дортмунд и Бајерн Минхен се случила интересна ситуација. Голманот на Борусија во тој натпревар Јенс Леман бил исклучен од игра, а тренерот на тимот веќе ги имал потрошено сите три замени. Така, позицијата голман во 67-мата минута ја заземал Колер, кому ова не му било чудно затоа што на почетокот од кариерата играл токму на таа позиција. Колер кој веќе претходно постигнал гол на тој натпревар, во остатокот од времето бранел многу добро, така што не дозволил да прими ниту еден гол и натпреварот завршил со истиот резултат кој бил на сила и кога тој застанал на голот, 2-1 за Бајерн, иако баварците потоа имале и два играчи повеќе на теренот. Како резултат на својте одлични перформанси на голот на Борусија, спортското списание „Кикер“ го ставило Колер во тимот на колото на позицијата голман.[19]

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Спарта Прага

уреди
1994–1995
1995-1996

  Андерлехт

уреди
1999-2000, 2000-2001
2000, 2001

  Борусија Дортмунд

уреди
2001–2002

Поединечни

уреди
1999
2000
Најдобар стрелец на белгиското првенство: 1
1998-1999

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Czech striker Koller calls it a day“. FourFourTwo. 17 August 2011. Посетено на 17 October 2013.
  2. „Teď už budu hrát jen zadarmo, loučil se fotbalový útočník Koller“. idnes.cz (чешки). 6 September 2011. Посетено на 12 May 2013.
  3. „Koller signs for Dortmund“. The Guardian. 25 мај 2001. Посетено на 25 април 2020.
  4. Koller signs for Dortmund BBC Sport
  5. „Koller set to leave Dortmund“. Times Malta. 1 септември 2005. Посетено на 25 арпил 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. „Koller facing lengthy layoff“. Eurosport. 24 септември 2005. Посетено на 25 април 2020.
  7. „Monaco sign Czech giant Jan Koller“. ESPN. 5 јуни 2006. Архивирано од изворникот на 2020-07-22. Посетено на 25 април 2020.
  8. „Jan Koller to Nurnberg“. eyefootball.com. 7 јануари 2008. Посетено на 25 април 2020.
  9. „Koller signs contract with Russian club Samara“. SI.com. 23 June 2008. Архивирано од изворникот на 27 June 2008. Посетено на 24 June 2008.
  10. „Koller signs for Cannes“. FIFA. 4 December 2010. Архивирано од изворникот на 2015-02-13. Посетено на 4 December 2010.
  11. „Koller to quit Czechs after Euro finals“. CNN. 8 April 2008. Посетено на 9 June 2008.
  12. „Vracím se do reprezentace, řekl Koller. Hrát chtějí i Jarošík, Jiránek a Kováč“ (чешки). idnes.cz. 19 July 2009. Посетено на 29 December 2012.
  13. Изедначен со Павел Недвед.
  14. 4 настапи во второто и третото квалификациско коло.
  15. 4 гола во второто и третото квалификациско коло.
  16. 16,0 16,1 2 настапи во третото квалификациско коло.
  17. 2 гола во третото квалификациско коло.
  18. „Jan Koller – International Appearances“. RSSSF. Посетено на 2 февруариy 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  19. 1. Bundesliga: die Elf des Tags am 12. Spieltag der Saison 2002/03 - kicker online

Надворешни врски

уреди