Обединета македонска дијаспора
Обединета македонска дијаспора или ОМД (англ. United Macedonian Diaspora, UMD) — меѓународна организација основана во 2004 со седиште во Вашингтон, САД чија главна цел се интересите и потребите на македонските заедници ширум светот. ОМД има претставништва на македонските заедници ширум светот, поточно во Брисел, Канбера, Лондон, Мелбурн, Њујорк, Париз, Штутгарт, Сиднеј и Торонто. ОМД е непрофитна организација, даночно ослободена по законот 501(c)(3).
Обединета македонска дијаспора United Macedonian Diaspora | |
---|---|
Основачи | Методија Колоски (прв претседател) |
Тип | Човекови права, политичка, културна |
Основана | 2004 |
Седиште | 1101 Pennsylvania Ave NW Washington, DC 20004 United States |
Кадар | Претседател Управен одбор, Централен комитет |
Опслужувано подрачје | САД Канада Австралија Обединето Кралство Белгија Германија Франција Австрија Украина Русија |
Задршка | „Да го негува на единството помеѓу Македонците, и да ја шири нивната кауза“ |
Членови | Н/П |
Мото | „Обединети можеме!“ United, We Can! |
Мреж. место | umdiaspora.org |
Цели
уредиОбединетата македонска дијаспора изјавува дека нејзината главна цел е „да го негува на единството помеѓу Македонците, и да ја шири нивната кауза“.[1] ОМД ја застапува Македонија и Македонците низ светот. Организацијата ја промовира Македонија, го претставува и запазува историското, духовно и културно богатство на Македонија и Македонците. ОМД ги постигнува овие цели со застапништво, добротворна работа и разни образовни програми.
Управен одбор
уредиТековниот состав на Управниот одбор на ОМД е следниов:
- Методија Колоски, претседател
- Александар Митрески, заменик-претседател
- Мајкл Сарафин, секретар
- Денис Маневски, благајник
- Ордан Андреевски, директор на огранокот во Австралија
- Џим Дајкос, директор на огранокот во Канада
- Бобан Јовановски
- Стојан Николов
- Алекдандра Трпковска
- Игор Звездаковски
Издавачка дејност
уредиОМД го издава списанието UMD Voice четири пати годишно. Списанието ги информира членовите тековните настани во врска со Македонија и Македонците како и збиднувањата во организација и иницијатива на ОМД. Најновиот број на списанието можете да го добиете бесплатно тука[мртва врска]. Уредник на UMD Voice е Марк Бранов.
Наводи
уреди- ↑ „Обединета македонска дијаспора — Мисија и службеници“. Архивирано од изворникот на 2010-02-02. Посетено на 4 јуни 2008. (англиски)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Обединета Македонска Дијаспора (македонски) (англиски)