Драган Геров
Драган Геров (Тетово, 7 октомври 1923 - Скопје, 22 јуни 2004) — припадник на првата генерација македонски современи повоени новинари.
Животопис
уредиРоден е во Тетово на 7 октомври 1923 година. Во јули 1944 година како член на АГИТПРОП при Главниот штаб на НОВМ, тој го подготвувал Првото заседание на АСНОМ. Од 1950 г. е еден од уредниците на „Спортски глас“, а наредната година преминал во Радио Скопје каде што останал сè до пензионирањето во 1985. Бил долгогодишен уредник и коментатор во Надворешно-политичката редакција и во еден мандат главен уредник на Информативно-политичката програма на Радио Скопје. Во периодот од 1975 до 1980 бил дописник на Радио Скопје од Варшава. Починал во Скопје на 22 јуни 2004 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија. I (I. изд.). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-1.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |