Корисник:MarioPuovik6/Мане Сигбан
Карл Мане Георг Сигбан | |
---|---|
Мане Сигбан во 1924 | |
Роден(а) | 3 декември 1886 Еребру, Шведска |
Починал(а) | 26 септември 1978 Стокхолм, Шведска | (возр. 91)
Националност | Швеѓанец |
Полиња | Физика |
Установи | Лундски универзитет Упсалски универзитет Стокхолмски универзитет |
Образование | Лундски универзитет |
Познат по | Спектроскопија со Х-зраци |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1924) Хјузов медал (1934) Румфордов медал (1940) Дуделов медал и награда (1948) |
Белешки Татко е на добитникот на нобелова награда, Кај Сигбан. |
Карл Мане Георг Сигбан (3 декември 1886 – 26 септември 1978)[1] бил шведски физичар кој бил награден со Нобелова награда за физика во 1924 „за истражувањата и откритијата на полето на спектроскопија со Х-зраци“.[2]
Сигбан се родил во Еребру, Шведска. Се здобил со „Доктор по филозофија“ во Лундскиот универзитет во 1911, неговите тези биле насловени „Мерење на магнетно поле“(Magnetische Feldmessungen). Го заменувал Јоханес Ридберг како професор, кога неговото здравје попуштило, и го наследил како професор во 1920.
Почнал со истражување на полето на спектроскопијата со Х-зраци. Оваа работа продолжила кога се преместил во Упсалскиот универзитет во 1923. Тој создал подобрен експериментален апарат кој му овозможил да направи многу точно мерење на брановата должина на X-зраците произведени од атоми на различни елементи. Тој создал конвенција за именување на различни спектрални линии кои се карактеристични за елементите во спектроскопијата со Х-зраци, сигбанова нотација. Прецизното мерење на Сигбан допринело за квантната теорија и атомската физика.[3]
Во 1937, Сигбан бил назначен за директор на одделот на физичари на нобеловиот институт на шведската кралска академија на науки. Во 1988 се преименувал во Мане сигбанов институт (МСИ).[4] Истражните групи во институтот биле преименувани оттогаш, но името и понатаму живее во Мане сигбановата лабораторија организирана од Стокхолмскиот универзитет.
Сигбан се оженил за Карин Хогбон во 1914. Тие заедно имале две деца: Бо Сигбан (1915–2008), дипломат и политичар, и Кај Сигбан (1918–2007), физичар кој исто така ја има добиено Нобеловата награда за физика, во 1981, за неговиот допринес во развитокот на фотоелектронска спектроскопија со Х-зраци. Неговата жена умрела во 1972.
Тој го добил Хјузовиот медал во 1934 и Румфордовиот медал во 1940. Во 1944, тој ја патентирал сигбановата пумпа.
Наводи
уреди- ↑ Biography from the Nobel foundation website
- ↑ Nobel prize citation
- ↑ Nobel prize presentation speech
- ↑ „History“. Посетено на 25 May 2012.
Надворешни врски
уреди