Рајнер Вајс (германски: Rainer Weiss); (Берлин, 29 септември 1932) - американски физичар од германско потекло на полето на гравитациската физика и астрофизиката. Во 2017 година ја добил Нобеловата награда за физика заедно со Кип Торн и Бери Бериш за „решителниот придонес за ЛИГО детекторот и опсервациите на гравитациските бранови“[1][2][3][4].

Рајнер Вајс
Rainer Weiss
Рајнер Вајс во 2006 година
Роден(а)29 септември 1932(1932-09-29)(92 г.)
Берлин, Вајмарска Република
ЖивеалиштеСАД
ПолињаФизика
Ласерска физика
Експериментална физика
УстановиМасачусетски технолошки институт
Образование
Теза„Штарков ефект и хиперфина структура на флуороводородот“ (1962)
Докторски менторЏеролд Захаријас
Поважни награди

Животопис

уреди

Рајнер Вајс е роден на 29 септември 1932 година во Берлин, Вајмарска Република (денешна Германија) од мајка Гетруда Леснер и татко Фредерик А. Вајс[5][6]. Неговата мајка, христијанка, била глумица[7]. Неговиот татко, физичар, невролог и психоаналитичар бил протеран од Германија од нацистите бидејќи имал еврејско потекло и бил активен член на Комунистичката партија на Германија. Семејството прво побегнало во Прага, а по германската окупација на Чехословачка во 1938 година, во САД[8].

Образование

уреди

Вајс младоста ја поминал во Њујорк каде го завршил средното образование. Студирал на МТИ, при што изгубил првата година[9] и дипломирал во 1955 година . Таму и докторирал во 1962 година, а ментор му бил Џеролд Захаријас.

Награди и почести

уреди

Меѓу неговите награди се:

Наводи

уреди
  1. „The Nobel Prize in Physics 2017“. The Nobel Foundation. 3 October 2017. Посетено на 3 October 2017.
  2. Rincon, Paul; Amos, Jonathan (3 October 2017). „Einstein's waves win Nobel Prize“. BBC News. Посетено на 3 October 2017.
  3. Overbye, Dennis (3 October 2017). „2017 Nobel Prize in Physics Awarded to LIGO Black Hole Researchers“. The New York Times. Посетено на 3 October 2017.
  4. Kaiser, David (3 October 2017). „Learning from Gravitational Waves“. The New York Times. Посетено на 3 October 2017.
  5. „Weiss CV at mit.edu“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-12-09. Посетено на 2017-10-04.
  6. „MIT physicist Rainer Weiss shares Nobel Prize in physics“. MIT News. October 3, 2017.
  7. „Rainer Weiss Biography“ (PDF).[мртва врска]
  8. Oral Histories
  9. Meet the College Dropout who Invented the Gravitational Wave Detector Adrian Cho Science 4 August 2016