Жерар Муру

француски физичар и нобеловец

Жерар Албер Муру (француски: Gérard Albert Mourou; 22 јуни 1944)[1][2] — француски научник и пионер во полето на електроинженерството и ласерите. Тој бил награден со Нобелова награда за физика во 2018 година, заедно со Дона Стрикленд, за осмислувањето на засилувач на ултракратки импулси, техника подоцна искористена за создавање на ултракратки пулсеви, високоенергетски (PW) ласерски пулсеви.[3]

Жерар Муру
Роден(а)Жерар Албер Муру
22 јуни 1944(1944-06-22)(80 г.)
Албервил, Франција
УстановиПолитехничка школа
Рочестерски универзитет
Мичигенски универзитет
ДокторандиДона Стрикленд
Познат поЗасилувач на ултракратки импулси
Поважни наградиНобелова награда за физика (2018)

Во 1994 година, Муру и неговата екипа од Мичигенскиот универзитет откриле дека рамнотежата меѓу самофокусното прекршување (Погледајте Керов ефект) самоатенуација на дифракцијата со јонизација и разредување на ласерскиот зрак од тераватна моќност во атмосферата создава „влакненца“ кои дејствуваат како брановоди за зракот со што се попречува расејувањето.

Кариера

уреди

Муру е директор на Лабораториите за применета оптика од 2005 до 2009 година. Тој е професор и член на колеџот Хаут при Политехничката школа и почитуван универзитетски професор на Мичигенскиот универзитет каде предавал повеќе од 16 години. Тој бил основач и директор на Центарот за ултрабрза оптичка наука при Мичигенскиот универзитет од 1990 година. Претходно раководел со истражувачката група за ултрабрза наука во Лабораторијата за применета оптика во Политехничката школа, по стекнувањето на докторат од Универзитетот „Пјер и Марија Кири“ во 1973 година. Подоцна заминал во САД и станал професор на Рочестерскиот универзитет во 1977 година, каде тој и тогашниот негов студент Дона Стрикленд осмислиле начин за засилување на ласерите во Лабораторијата за ласерска енергетика при универзитетот за што биле наградени со Нобеловата награда за физика.[4] Тие го осмислиле засилувачот на ултракратки пулсеви, „метод за создавање на високоенергетски, ултракратки пулсеви“.[5] Докторската теза на Дона Стрикленд била за „Развој на ултрасјаен ласер и негова употреба за повеќефотонска јонизација“.[6]

Во 2000-ите, пробал да биде аматерски глумец, учествувајќи во видео за поттикнување на интересот за ЕСИ.[7]

На 23 ноември 2015 година, тој присуствувал на третото божиќно предавање во Букурешт. Неговото предавање гласело Минувајќи низ непознатото: екстремна светлина, наука на уметноста. Претходните предавања ги држеле сер Томас Кибл и Џозеф Силк.

Нобелова награда

уреди
 
Муру, го држи својот говор по доделувањето на Нобеловата награда за физика во 2018 година.

На 2 октомври 2018 година, Муру и Стрикленд биле наградени со Нобелова награда за физика, за нивната работа на засилувачот на ултракратки пулсеви.[8] Тие поделиле половина од наградата, додека другата половина му била доделена на Артур Ешкин за неговото откритие „оптичли пинцети со кои се зафаќаат, атоми, вируси и други животински клетки со ласерските прсти“.[9][10]

Муру и Стрикленд забележале дека со развлекувањето на ласерот се намалувала нивната максимална моќ, која подоцна можела повеќекратно да се зголеми со користење на вообичаени инструменти. По што можела да се збие за да се создаде краткоживотен, високоенергетски ласерски зрак.[10] Оваа техника, која била опишана од Стриклендовиот прв научен труд, станал познат како засилувач на ултракратки пулсеви. Во тој момент тие не биле свесни дека нивната работа ќе овозможи да се изучуваат природните појави на дотогаш незамислив начин.[11] Засилувачот на ултракратки пулсеви може исто така по дефиниција да се искористи за создавање на ласерски пулсеви кои траат една атосекунда, еден милијардити дел од милјардитиот дел на секундата. Во тие временски интервали, станало можно не само да се изучуваат хемиските реакции, туку и она што се случува внатре во самите атоми.[11]

Гардијан и Сајентифик Американ обезбедиле поедноставен расплет на работата на Стрикленд и Муру: со што се „поплочил патот за најкусиот, највисокоенергетски ласерски зрак кој некогаш бил создаден“. „Ултракратките, ултраизострените зраци може да се искористат за да се прават крајно прецизни засеци па така нивната технологија се користи во ласерското машинство и им овозможува на докторите да изведуваат милиони корективни“ ласерски очни операции.[12][13] Канадскиот премиер Џастин Трудо ги пздравил научните достигнувања на Муру и Стрикленд: „Нивната иновативна работа може да се примени во корективната очна хирургија, и се очекува да има значајно влијание на терапијата на заболените од рак и за идните истражувања на физичарите“.[14]

Награди и почести

уреди
  • 1995 – добитник нанаградата „Р.В. Вуд“ од ОДА[15]
  • 1997 – Наградата „Харолд И. Едгертон“[16]
  • 2004 – Награда за квантна електроника од IEEE LEOS[17]
  • 2005 – Награда за ласерска наука и квантна оптика „Вилис И. Ламб“[18]
  • 2009 – Добитник на наградата „Чарлс Хард Таунс“ од ОДА[19]
  • 2018 – Нобелова награда за физика, заедно со Артур Ешкин и Дона Стрикленд[20]

Дела

уреди
  • Mourou, Gérard (2004). „53. The dawn of ultrafast science and technology at the University of Rochester.“ (PDF). Во Stroud, Carlos (уред.). A Jewel in the Crown: 75th Anniversary Essays of The Institute of Optics of the University of Rochester. Rochester, NY: Meliora Press. стр. 272. ISBN 978-1580461627. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-10-03. Посетено на 2018-11-02.

Наводи

уреди
  1. Lindinger, Manfred (2 October 2018). „Eine Zange aus lauter Licht“. Frankfurter Allgemeine Zeitung (германски). Посетено на 6 October 2018.
  2. „Gérard Mourou – Facts – 2018“. NobelPrize.org. Nobel Media AB. 5 October 2018. Посетено на 5 October 2018.
  3. „Gérard Mourou“. University of Michigan. 2 October 2018. Архивирано од изворникот на 2008-09-05.
  4. „Rochester breakthrough in laser science earns Nobel Prize“. University of Rochester. 2 October 2018. Посетено на 4 October 2018.
  5. Murphy, Jessica (2 October 2018). „Donna Strickland: The 'laser jock' Nobel prize winner“. BBC News. Посетено на 2 October 2018.
  6. Strickland, Donna Theo (1988). Development of an ultra-bright laser and an application to multi-photon ionization (PDF) (PhD). University of Rochester. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 July 2013. Посетено на 6 October 2018.
  7. „Have you seen ELI3“. Посетено на 2 October 2018.
  8. Sample, Ian (2 October 2018). „Arthur Ashkin, Gérard Mourou and Donna Strickland win Nobel physics prize“. The Guardian. Посетено на 2 October 2018.
  9. „Arthur Ashkin, 2 others win Nobel Physics Prize for laser research“. Times of Israel. 2 October 2018. Посетено на 2 October 2018.
  10. 10,0 10,1 „Arthur Ashkin, Gérard Mourou and Donna Strickland win the Nobel Prize for Physics – Physics World“. 2 October 2018. Посетено на 2 October 2018.
  11. 11,0 11,1 „Arthur Ashkin, Gérard Mourou and Donna Strickland win the Nobel Prize for Physics“. 2 October 2018. Посетено на 2 October 2018.
  12. „Physics Nobel prize won by Arthur Ashkin, Gérard Mourou and Donna Strickland“. The Guardian. 2 October 2018. Посетено на 2 October 2018.
  13. 'Optical Tweezers' and Tools Used for Laser Eye Surgery Snag Physics Nobel“. Scientific American. 2 October 2018. Посетено на 2 October 2018.
  14. „Statement by the Prime Minister on Donna Strickland winning the Nobel Prize in Physics 2 October 2018 PMO“. Архивирано од изворникот на 2018-10-27. Посетено на 2018-11-02.
  15. „R. W. Wood Prize“. The Optical Society. For contributions to the field of ultrafast optics, in particular for introducing the concept of chirped pulse amplification for laser systems to boost optical power peaks to unprecedented levels
  16. „SPIE Harold E. Edgerton Award in High-Speed Optics“. spie.org. International Society for Optics and Photonics. Посетено на 2 October 2018.
  17. „Quantum Electronics Award Winners“. IEEE Photonics Society. Посетено на 2 October 2018. For pioneering contributions to ultrafast optics including optical sampling and intense fs pulses
  18. „Gérard Mourou – the 2005 Willis E. Lamb Award for Laser Science and Quantum Optics“. www.lambaward.org. Архивирано од изворникот на 2016-06-07. Посетено на 2 October 2018.
  19. „Gérard Mourou“. The Optical Society. Посетено на 2018-10-12.
  20. „Arthur Ashkin, Gérard Mourou and Donna Strickland win the Nobel Prize for Physics“. Physics World. 2 October 2018. Посетено на 2 October 2018.

Надворешни врски

уреди