Мелвин Шварц (англиски: Melvin Schwartz 2 ноември 193228 август 2006) — американски физичар. Тој ја поделил Нобеловата награда за физика со Леон Ледерман и Џак Штајнбергер за нивниот развој на неутринскиот зрачен метод и успехот да ја покажат двојната структура на лептоните преку откривањето на мионското неутрино.[2]

Мелвин Шварц
Роден(а)2 ноември 1932(1932-11-02)
Њујорк, Њујорк
Починал(а)28 август 2006(2006-08-28) (возр. 73)
Твин Фалс, Ајдахо
НационалностАмериканец
ПолињаЧестична физика
УстановиБрукхејвенска лабораторија
Стенфорд
Колумбиски универзитет
ОбразованиеКолумбиски универзитет
Познат понеутрина
Поважни наградиНобелова награда за физика (1988)
СопружникМерилин (3 деца)[1]

Животопис

уреди

Тој израснал во Њујорк за време на Големата депресија и се образувал во месното училиште во Бронкс. Неговиот интерес за физиката започнал во тоа училиште кога имал 12 години.

Тој својотата диплома (1953) и докторат (1958) ги стекнал на Колумбискиот универзитет, каде добитникот на Нобелова награда за физика Исидор Ајзек Раби бил раководител на одделот за физика. Шварц станал помошник професор на Колумбискиот универзитет во 1958 година. Бил унапреден вопрофесор соработник во 1960 година и професор во 1963 година. Ли Џенгдао, колега од Колумбискиот универзитет кој неодамна ја добил Нобеловата награда за физика на возраст од 30 години, бил вдахновение за експериментото со кој Шварц ја добил својата Нобелова награда за физика. Шварц и неговите колеги извеле бројни експерименти кои довеле сите тие да добијат Нобелови награди за физикаво почетокот на 1960-ите, кога сите тие биле на колумбискиот универзитет. Експериментото бил изведен во блиската Брукхејвенска национална лабораторија.

Во 1966 година, по поминати 17 години на Колумбискиот универзитет, тој се преселин на западот од САД, и се вработил во Стенфорд, каде SLAC, новиот забрзувач, штотуку бил завршен. Таму, се вклучил во истражувањето на асиметријата на полнежот при распадот на долговечните неутрални каони и уште еден проект кој произведувал и забележувла релативистички налик водородни атоми составени од пион и мион.

Во 1970-ите ја основал и станал претседател на Digital Pathways. Во 1991 година, станал професор соработник за високоенергетска и јадрена физика при Брукхејвенската национална лабораторија. Во истиот период, се вратил на Колумбискиот универзитеткако професор по физика. Тој станал Рабиев професор по физика во 1994 година и се пензионирал во 2000 година. Своите пензионерски денови ги минал во Кечум, Ајдахо, и починал на 28 август 2006 годинаво Твин Фолс, Ајдахо, згрижувачки дом откако подолг период боледувал од паркинсова болест и хепатит C.

Објавени дела

уреди

Наводи

уреди
  1. http://www.nasonline.org/publications/biographical-memoirs/memoir-pdfs/schwartz-melvin.pdf
  2. Samios, Nicholas P. (December 2006). „Obituary: Melvin Schwartz“. Physics Today. 59 (12): 75–76. Bibcode:2006PhT....59l..75S. doi:10.1063/1.2435691.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: