Виталиј Гинзбург — член на Кралското друштво[1] (руски: Вита́лий Ла́заревич Ги́нзбург, 4 октомври 19168 ноември 2009) — советски и руски теориски физичар, астрофизичар, добитник на Нобелова награда за физика, член на Советската и Руската академија на науките и еден од татковците на советската водородна бомба.[2][3] Тој бил наследникот на Игор Там како раководител на одделот за теориска физика при Лебедевиот физички институт на Руската академија на науките, и истакнат атеист.[4]

Виталиј Гинзбург
Роден(а)Виталиј Гинзбург
4 октомври 1916(1916-10-04)
Москва, Руска Империја
Починал(а)8 ноември 2009(2009-11-08) (возр. 93)
Москва, Русија
Националнострусин
ПолињаТеориска физика
УстановиЛебедев физички институт
ОбразованиеМосковски државен универзитет
Докторски менторИгор Там
ДокторандиВјачеслав Муханов
Познат поСуперпроводливост, плазми, суперфлуидност, фероелектрицитет
Поважни наградиНобелова награда за физика (2003)
Волфова награда за физика (1994/95)
Ломоносов златен медал (1995)
СопружникОлга Замша Гинзбург (1937-1946, разведен, 1 дете)
Нина Јермаков Гинзбург (о. 1946 година)

Животопис

уреди

Тој се родил во еврејско семејство во Москава во 1916 година,како син на инженерот Лазар Јефимович Гинзбург и и докторкта Августа Фелгенауер, и дипшломирал на Московскиот државен универзитет во 1938 година. Ја одбранил својата кандидатска дисертација во 1940 година, и докторската дисертација во 1942 година. Во 1944 година, станал член на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз. Меѓу неговите успеси се делумно феноменолоишката теорија за суперпроводливост, како и Гинзбург-Ландаовата теорија, развиена заедно со Лав Ландау во 1950 година теоријата за електромагнетни бранови движењето на плазмата (на пример, во јоносферата), како и теорија за потеклото на космичкото зрачење. Тој е исто така познат меѓу биолозите како дел од групата на научници кои помогнале да се отстрани политички поврзаниот против менделов агроном Трофим Лисенко, со што се овозможил современо продирање на генетската наука во СССР.[5]

Во 1937 година, Гинзбург се оженил со Олга Замша.

Во 1946 година се оженил со неговата втора жена, Нина Гинзбург (моминско Јермакова), која минала повеќе од една година во притвор со фалсификувани обвиненија дека планирала да изврши атентат на советскиот водач Јозеф Сталин.[6]

Гинзбург бил главен уредник на научното списание Uspekhi Fizicheskikh Nauk.[3] Тој исто така раководел со академскиот оддел за физилки и астрофизички проблеми, оддел основан од Гинзбург при Московскиот институт за физика и технологија во 1968 година.[7]

Гинзбург се идентификувал како секуларен евреин, и по падот на комунизмот во поранешниот Советски Сојуз, бил мошне активен во еврејскиот живот, особено во Русија, каде служел во одборот на директори на Рускиот еврејски конгрес. Тој е исто така познат и по борбата против антисемитизмот и ја поддржувал израелската држава.[8]

Во 2000-ите Гинзбург бил и политички активен, поддржувајќи ја руската либерална опозиција и движењето за човекови права.[9] Ги бранел Игор Сутјагин и Валентин Данилов за обвинијата за шпионажа. На 2 април 2009, во интервју на Радио слобода Гинзбург објавил дека ФБС е институција штетна за Русија и повторното ширење на авторитаризмот како повраток кон сталинизам.[10]

Гинзбург работел во Лебедевиот физички институт при Советската и Руската академија на науките во Москва од 1940 година. Руската академија на науките е важна институцијакаде повеќето добитници на Нобелова награда за физика ги извршиле и извршуваат нивните студии или истражувачки работи.[11]

Ставот кон религијата

уреди

Гинзбург бил заколнат атеист, како под воената советска влада, така и во посткомунистичка Русија, кога религијата започнала да заживува.[12] Тој го критикувал свештенството во печатот и напишал неколку книги за прашањата поврзани со религијата и атеизмот.[13][14] Поради ова, некои православни христијански групи го критикувале и рекле дека ниту една награда може да ги изземе вербалните напади на Руската православна црква.[15] Тој бил еден од потпишувачите на отвореното писмо до претседателот Владимир Путин од членовите на Руската академија на науките против свештенството во Русија.

Смрт

уреди

Ирина Пресњакова, портпарол на Руската академија на науките, објави дек Гринзбург починал во Москва на 8 ноември 2009 година од срцев напад.[2][16] Тој страдал од слабо здравје неколку години,[16] и три години пред неговата смрт изјавил „Воопшто, јас им завидувам на верниците. Јас имам 90 години, и ме преовладува болести. За верниците, е многу полесно да се справат со истите и со останатите животни потешкотии. Но, што може да се стори? Јас не верувам во воскресение по смртта.“[16]

Премиерот на Русија Владимир Путин изразил сочувство на семејството велејќи „Се збогуваме со една неверојатна личност чиј неверојатен талент, исклучително силен карактер и цврстината на убедувањата прдизвикуваа почит меѓу неговите колеги“.[16] Претседателот на Русија Димитриј Медведев, во неговот писмо за сочувство, го опишал Гинзбург „врвен физичар на нашето време чии откритија имаа големо влијание на развојот на националната и светската наука.“[17]

Гинзбург бил погребан на 11 ноември на Новодевичјите гробишта во Москва, местото за почивка на многу познати политичари, писатели и научници од Русија.[2]

Награди и почести

уреди
 
Гинзбург чита Нобеловото предавање на Московскиот државен универзитет.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. doi:10.1098/rsbm.2011.0002
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  2. 2,0 2,1 2,2 Mirovalev, Mansur (2009-11-09). „Nobel-winning Russian physicist dies at 93“. Associated Press.
  3. 3,0 3,1 „Vitaly Lazarevich Ginzburg — editor in chief of UFN“.
  4. Nikonov, Vyacheslav (2004-09-30). „Physicists have nothing to do with miracles“. Social Sciences (3): 148–150. Посетено на 2007-09-09.
  5. Medvedev, Zhores (1969). The Rise and Fall of T.D. Lysenko. New York: Columbia University Press.
  6. „Виталий Гинзбург: с Ландау трудно было спорить — Юрий Медведев."Уравнение Гинзбурга - Ландау" — Российская Газета — Академику и нобелевскому лауреату Виталию Гинзбургу исполняется 90 лет. Накануне юбилея он рассказал в интервью "РГ", как стал физиком-теоретиком, будучи "плохим" математиком, и почему он брал расписки со своего друга и учителя - знаменитого Льва Ландау, с которым вместе работал над сверхпроводимостью. Именно за эту работу Гинзбург впоследствии получил Нобелевскую премию. "Общаясь с Ландау, я много думал о его феномене, о пределах возможностей человека, огромных резервах мозга", - признался он“. Rg.ru. 2006-09-20. Посетено на 2009-11-11.
  7. „About Academic Department of Physics and Astrophysics Problems“ (руски). Архивирано од изворникот на 2007-06-21. Посетено на 2015-03-01.
  8. Hein, Avi. „Vitaly Ginzburg“. Jewish Virtual Library.
  9. „RUSSIA: Religious revival troubles Vitaly Ginzburg“. University World News. Посетено на 2009-11-11.
  10. Михаил Соколов. „2009 RFE/RL, Inc.]“. Svobodanews.ru. Посетено на 2009-11-11.[мртва врска]
  11. "Nobel Prize laureates affiliated with the Russian Academy of Sciences".
  12. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-07-16. Посетено на 2015-03-01.
  13. Ginzburg, Vitaly (2009). „About atheism, religion and secular humanism“. Moscow: FIAN. Отсутно или празно |url= (help)
  14. lang-ru:Церковь ждет исповеди академиков (руски). Неважечки |script-title=: missing prefix (help)
  15. lang-ru:Клирики против физика. Православные требуют привлечь к ответственности академика Гинзбурга. Grani.ru (руски). 2007-07-24. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 2015-03-01. Неважечки |script-title=: missing prefix (help)
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 Osipovich, Alexander (2009-11-09). „Russian bomb physicist Ginzburg dead at 93“. AFP.
  17. „Dmitry Medvedev sent his condolences to the family of Nobel Prize Winner Vitaly Ginzburg following the scientist's passing“. President of Russia: Official Web Portal. 2009-11-09.[мртва врска]
  18. „The Nobel Prize in Physics 2003“. Nobel Foundation. Посетено на 2008-10-09.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: