Макото Кобајаши
Макото Кобајаши (јапонски: 小林誠, р. 7 април 1944 во Нагоја, Јапонија) — јапонски физичар познат по неговата работа на нарушувањето на CP симетријата и бил награден со една четвртина од 2008 Нобеловата награда за физика во 2008 година „за откривањето на потеклото на нарушената симетрија која го предвидува постоењето на најмалку три семејства на кваркови во природата.“[3]
小林 誠 Макото Кобајаши | |
---|---|
Роден(а) | 7 април 1944[1] Нагоја, Јапонија[2] |
Државјанство | Јапонец |
Полиња | Високоенергетска физика (теорија)[2] |
Установи | Кјотски универзитет Високоенергетска забрзувачка истражна организација[1][2] |
Образование | Нагојски универзитет[1][2] |
Докторски ментор | Шоичи Саката |
Познат по | работа на нарушување на CP симетријата ККМ-матрица |
Поважни награди | Сакурајова награда (1985) Јапонска академска награда (1985) Ашајова награда (1995) Високоенергетска и физика на елементарните честички награда од Европско друштво на физичари (2007) Нобелова награда за физика (2008) |
Животопис
уредиПо добивањето на својот докторат на Нагојскиот универзитет во 1972 година, Кобајаши работел како помошник истражувач за елементарните честички при Кјотскиот универзитет. Заедно, со својот колега Тошихиде Маскава, работеле на објаснувањето на нарушувањето на CP симетријата во стандардниот модел на физиката на елементарните честички. Кобајаши и Маскавината теорија морала да има најмалку три семејства на каваркови, предвидување кое е потврдено експериментално четири години подоцна со откривањето на длабинскиот кварк.
Кобајаши и Маскавовиот натпис, „Нарушување на CP-симетријата во ренормализационата теорија на слабото заемодејство“,[4] објавен во 1973 година, и е четврт најнаведуван високоенергетски физички труд на сите времиња од почетокот на 2010 година.[5] ККМ-матрица, која ги определува мешачките параметри меѓу кварковите е резултат на овој труд. Кобајаши Маскава биле наградени со половина од Нобеловата награда за физика за својата работа во 2008 година, додека остатокот му бил доделен на Јојчиро Намбу.[3]
Академска кариера
уреди- Април, 1972 година : помошник истражувач на Кјотскиот универзитет
- Јули, 1979 година : помошник професор на Високоенергетската забрзувачка истражна организација
- Април, 1989 година : професор на Високоенергетската забрзувачка истражна организација, раководител на физичкиот оддел II
- Април, 1997 година : професор на Институтот за честична и нуклерана наука, КЕК, раководител на физичкиот оддел II
- Април, 2003 : директор, на Институтот за честична и нуклерана наука, КЕК
- Април, 2004 : Довереник (директор, на Институтот за честична и нуклерана наука), КЕК
- Јуни, 2006 : професор во пензија на КЕК.
Почести
уреди- Во октомври 2008 година, Кобајаши го добил јапонскиот орден за култура, и церемонијата на доделувањето на орденот се одржала во Токиската царска палата.
Личен живот
уредиКобајаши се родил и образувал во Нагоја, Јапонија. Се оженил со Сахико Еномото во 1975 година, и имаат син Јуничиро. Посметта на неговата прва жена, Кобајаши се оженил со Емико Накајама во 1990 година и имаат ќерка Јука.[6]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 High Energy Accelerator Research Organization (6 јули 2007). "Makoto Kobayashi". Соопштение за печат. посет. 4 октомври 2008 г Архивирано на 26 декември 2018 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 2022-10-03.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 L. Hoddeson (1977). „Мешање на вкусови и нарушување на CP симетријата“. The Rise of the Standard Model. Cambridge University Press. стр. 137. ISBN 0-521-57816-7.
- ↑ 3,0 3,1 The Nobel Prize in Physics 2008, The Nobel Foundation, Посетено на 2009-10-17
- ↑ M. Kobayashi, T. Maskawa (1973). „CP-Violation in the Renormalizable Theory of Weak Interaction“. Progress of Theoretical Physics. 49 (2): 652–657. Bibcode:1973PThPh..49..652K. doi:10.1143/PTP.49.652. Архивирано од изворникот на 2008-12-24. Посетено на 2015-03-10.
- ↑ „Top Cited Articles of All Time (2010 edition)“. INSPIRE-HEP database. Архивирано од изворникот на 2014-02-09. Посетено на 2014-06-21.
- ↑ „Makoto Kobayashi (Autobiography)“. The Nobel Foundation. Архивирано од изворникот на 2013-06-03. Посетено на 2015-03-10.
Надворешни врски
уреди„Макото Кобајаши“ на Ризницата ? |
- Progress of Theoretical Physics
- Makoto Kobayashi, Professor emeritus of KEK Архивирано на 11 јуни 2009 г.