Јоханес Ханс Даниел Јенсен
Јоханес Ханс Даниел Јенсен (25 јуни 1907 – 11 февруари 1973) — германски јадрен физичар. За време на Втората светска војна, тој работел на гермнаската јадрена програма, позната како Ураниумски Клуб, во која тој дал придонеси за издвојувањето на ураниумовите изотопи. По војната јенсен бил професор на Хајделбершкиот универзитет. Бил повремен професор на Висконсиншкиот универзитет, односно на Институтот за напредни студии, Калифорнискиот универзитет, Индијанскиот универзитет и Калифорнискиот универзитет за технологија.[1]
Јоханес Ханс Даниел Јенсен | |
---|---|
Роден(а) | Јоханес Ханс Даниел Јенсен 25 јуни 1907 Хамбург, Германско Царство |
Починал(а) | 11 февруари 1973 Хајделберг, Западна Германија | (возр. 65)
Националност | Германец |
Полиња | Физика |
Образование | Хамбуршки универзитет |
Докторски ментор | Вилхелм Ленц |
Докторанди | Ханс-Арвед Вајденмилер |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1963) |
Јенсен ја поделил Нобеловата награда од 1963 година заедно со Марија Геперт-Мајер за нивното осмислувањље на јадрениот слоест модел.
Образование
уредиЈенсен изучувал физика, математика, физичка хемија и филозофија на Фрајбуршкиот универзитет и на Хамбуршкиот универзитет од 1926 до 1931 година, а докторатот го стекнал година подоцна под менторство на Вилхелм Ленц во 1932 година. Јенсен ја завршил својата хабилитација во 1936 година при Хамбуршкиот универзитет.[1][2]
Кариера
уредиВо 1937 година Јенсен работел како предавач на Хамбуршкиот универзитет заедно со Паул Хартек, раководителот на одделот за физичка хемија на универзитетот и советник на Heereswaffenamt за експлозиви. Хартек и неговиот асистен при предавањата Вилхелм Грот оствариле контакт со Reichskriegsministerium (министерството за војна на Рајхот) на 24 април 1939 година, за да им укажат за потенцијалната примена на јадрените ланчани реакции за воени цели. Воената контрола на гермнаската јадрена програма, позната како Uranverein (Ураниоумски Клуб), започнала на 1 септември 1939 година, денот кога нацистичка Германија ја започнала Втората светска војна со окупацијата на Полска. Хартек, еден од главниците на Uranverein, го внел Јенсен во проектот. На Јенсен му била доверена двојните центрифуги за раздвојување на ураниумовите изоптопи (Погледајте го делот во кој се наведенми внатрешните извештаи на Uranverein). Хартек и Јенсен развиле двојна центруифуга заснована на тресечки процес (Schaukelverfahren) за да се постигне разделувачкиот ефект.[1][3][4]
Во 1941 година Јенсен бил именуван за вонреден професор по теориска физика на Technische Hochschule Hannover (денес, Хановерскиот универзитет), и во 1946 година е прогласен за редовен професор. Во 1949 година тој бил назначен за редовен професор на Хајделбершкиот универзитет, а од 1969 година професор во пензија. Тој бил повремен професор на Висконсиншкиот универзитет (1951), Институтот за напредни студии (1952), Калифорнискиот универзитет (1952), Индијанскиот универзитет (1953), Калифорнискиот универзитет за технологија (1953), Минесотскиот универзитет, Твин Ситис (1956) и повторно на Калифорнискиот универзитет (1961).[1][2]
Во 1963 година Јенсен ја сподлеил половината од Нобеловата награда за физика со Марија Геперт-Мајер за нивниот предлог за јадрениот слоест модел, останатата половина од наградата му била доделена на Јуџин Вигнер за неговата работа на во јадрената и честичната физика, особено за примената на основните симетрички начела.
Партиски членства
уредиАдолф Хитлер ја добил власта на 30 јануари 1933 година. На 7 април истата година бил донесен законот за Законот за возобновување на професионалната државна служба, овој закон и сите понатамошни проширувања, го политизирале образовниот систем во Германија. Други фактори кои го спроведувале политизирањето на образованието биле Nationalsozialistische Deutsche Arbeiterpartei (НСДАП, Национал-социјалистичка германска работничка партија) со што започнало движењето наречено DГерманска физика, кое било антисемитско и имало сомнеж кон теориската физика, особено кон квантната механика. Меѓу партиските организации биле Nationalsozialistischer Deutscher Studentenbund (Национал-социјалистичка германска студенска лига) основана во 1926 година, Nationalsozialistischer Lehrerbund (Национал-социјалистичка наставничка лига) основана во 1927 година и Nationalsozialistischer Deutscher Dozentenbund (Национал-социјалистичка универзитетска наставничка лига) основана во 1933 година. Иако членството во НСДАП не било задолжително, тактички било престижно, ако не и неизбегливо, бидејќи обласните управители имале одлучувачка улога во прифаќањето на хабилитацијата, која била предуслов за стекнувањето на титулата приватдоцент потребна за да се стане универзитетски предавач.[5][6][7][8]
Во меѓувреме сите германски универзитети биле политизирани, но не сите биле строги во спроведувањето на одлуките како шѓто бил и Хамбуршкиот универзитет, каде Јенсен го стекнал својот докторат и хабилитација. По добивањето на хабилитацијата во 1936 година тој бил член на НСДАП три години, на НСЛБ две години, и кандидат за членство во НСДАП, кое го добил следната година. Универзитетскиот водач на НСЛБ, дал до јасно знаење дека активното учествување во партиските активности е очекувано од страна на Јенсен, и затоа стануваат членови.[9][10]
По Втората светска војна започнал процесот на денацификација. Кога Јенсен бил соочен со постапките, тој му се обратил на Вернер Хајзенберг, истакнат член на Uranverein, за да посведочи за неговиот карактер – документ познат како Persilschein (простувачки сертификат).[11] Хајзенберг бил исклучиво моќен пишувач на овие документи, бидејќи не бил член на НСДАП, тој јавно се спротивставувал на НСДАПО и на Шуцштафел (SS), и бил назначен од британските окупациони власти да го раководи одделот за теориска физика при Институтот за физика „Макс Планк“ во Гетинген. Хајзенберг го пишал документот и ги убедил властите дека Јенсен се придружил на нацистичката партија за да ги избегне непотребните потешкотии во работењето.[12]
Почести
уредиПочестите кои ги стекнал Јенсен се:[1][2]
- 1947 – Почесен професор на Хамбуршкиот универзитет
- 1963 – Нобелова награда за физика
- 1964 – Почесен докторат од Technische Universität Hannover (денес Хановерски универзитет)
- 1969 – Почесен граѓанин на Форт Лодердеј, Флорида
Внатрешни извештаи
уредиСледниве извештаи биле објавени во Kernphysikalische Forschungsberichte (Истражувачки извештаи за јадрена физика), внатрешно објави од германското Uranverein. Извештаите биле класифицирани како врвна тајна, имале ограничена употреба, и на авторите им било забрането да поседуваат копии. Извештаите биле конфискувани од страна на сојузниците при „Алсос“ и предадени за процена на Комисијата за атомска енергија на САД. Во 1971 година извештаите биле декласифицирани и вратени на Германија. Извештаите се достапни во Институтот за технологија „Карлсруе“ и во Американскиот институт за физика.[13][14]
- Paul Harteck, Johannes Jensen, Friedrich Knauer and Hans Suess Über die Bremsung, die Diffusion und den Einfang von Neutronen in fester Kohlensäure und über ihren Einfang in Uran G-36 (19 August 1940)
- Paul Harteck and Johannes Jesnsen Der Thermodiffusionseffekt im Zusammenspiel mit der Konvektion durch mechanisch bewegte Wände und Vergleich mit der Thermosiphonwirkung G-89 (18 February 1941)
- Johannes Jensen Über die Ultrazentrifugenmethode zur Trennung der Uranisotope G-95 (December 1941)
- Paul Harteck and Johannes Jensen Gerechnung des Trenneffektes und der Ausbeute verschiedner Zentrifugenanordnungen zur Erhöhung des Wirkungsgrades einer einselnen Zentrifuge G-158 (February 1943)
- Paul Harteck, Johannes Jensen, and Albert Suhr Über den Zusammenhang zwischen Ausbeute und Trennschärfe bei der Niederdruckkolonne G-159
Биоблиграфија
уредиКниги
уреди- Konrad Beyerle, Wilhelm Groth, Paul Harteck, and Johannes Jensen Über Gaszentrifugen: Anreicherung der Xenon-, Krypton- und der Selen-Isotope nach dem Zentrifugenverfahren (Chemie, 1950); cited in Walker, 1993, p. 278
Трудови
уреди- Otto Haxel, J. Hans D. Jensen, and Hans SuessOn the "Magic Numbers" in Nuclear Structure, Phys. Rev. Volume 75, 1766 - 1766 (1949). Institutional affiliations: Haxel: Max-Planck Institut für Physik, Göttingen; Jensen: Institut für theoretische Physik, Heidelberg; and Suess: Inst. für physikalische Chemie, Hamburg. Received 18 April 1949.
- Helmut Steinwedel, J. Hans D. Jensen, and Peter Herbert Jensen Nuclear Dipole Vibrations, Phys. Rev. Volume 79, Issue 6, 1019 - 1019 (1950). Institutional affiliations: Steinwedel and J. H. D. Jensen - Institut für theoretische Physik, Universität Heidelberg and Peter Jensen - Physikalisches Institut, Universität Freiburg. Received 10 July 1950.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Johannes Jensen – Nobel Prize Biography (1963)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Hentschel and Hentschel, 1996, 363-364 and Appendix F; see the entry for Johannes Jensen
- ↑ Hentschel and Hentschel, 1996, 363-364 and Appendix F; see the entries for Harteck and Johannes Jensen.
- ↑ Walker, 1993, pp. 121-122
- ↑ Walker, 1993, pp. 192-204. In these pages, Mark Walker puts into perspective the motivations of and the pressures on students and scientists in the early years of National Socialism in Germany. He addresses the general situation, the Uranverein scientists as a group, and particular cases, e.g., Johannes Jensen, Wilhelm Groth, Karl Wirtz, and Wolfgang Gentner.
- ↑ Hentschel, 1996, Appendix C; see entries for NSDDB, NSDStB, and the NSLB.
- ↑ Hoffmann, Dieter Between Autonomy and Accommodation: The German Physical Society during the Third Reich, Physics in Perspective 7(3) pp. 293-329 (2005)
- ↑ Beyerchen, 1977, pp. 123–167
- ↑ Walker, 1993, pp. 195-196
- ↑ Hentschel and Hentschel, 1996, Appendix F; see the entry for Johannes Jensen.
- ↑ Persilschein a play on words using the name of the German detergent Persil
- ↑ Walker, 1993, pp. 192-204
- ↑ Hentschel and Hentschel, 1996, Appendix E; see the entry for Kernphysikalische Forschungsberichte
- ↑ Walker, 1993, pp. 268-274
Извори
уреди- Beyerchen, Alan D. Scientists Under Hitler: Politics and the Physics Community in the Third Reich (Yale, 1977) ISBN 0-300-01830-4
- Hentschel, Klaus, editor and Ann M. Hentschel, editorial assistant and Translator Physics and National Socialism: An Anthology of Primary Sources (Birkhäuser, 1996) ISBN 0-8176-5312-0
- Hoffmann, Dieter Between Autonomy and Accommodation: The German Physical Society during the Third Reich, Physics in Perspective 7(3) 293-329 (2005)
- Jensen, J. Hans D. Glimpses at the History of the Nuclear Structure Theory, The Nobel Prize in Physics 1963 (12 December 1963) Архивирано на 8 октомври 2013 г.
- Stech, Berthold J.H.D. Jensen: Personal recollection University of Heidelberg
- Walker, Mark German National Socialism and the Quest for Nuclear Power 1939–1949 (Cambridge, 1993) ISBN 0-521-43804-7