Џејмс Кронин
Џејмс Кронин (англиски: James Cronin 29 септември 1931) — американски јадрен физичар. Кронин е роден во Чикаго и се образувал на Јужниот методистички универзитет во Далас Тексас. Кронин и неговите соработник Вал Логсдон Фич биле наградени со Нобеловата награда за физика во 1980 година за нивниот опит од 1964 година кој покажал дека некои одредени субатомски реакции не се потчинуваат на основните начела на симетријата. Особено, тие докажале, со испитување на распадот на каоните, дека реакцијата може да се одвива во спротивна насока, но не меора да ја следи насоката на оригиналната реакција, што покажало дека заемодејствата на субатомските честички не се независни од времето. Па така беше откриено нарушувањето на CP симетријата.
Џејмс Кронин | |
---|---|
Кронин на состанокот на добитниците на Нобелова награда во Линдау 2010 година. | |
Роден(а) | 29 септември 1931 Чикаго, Илиноис, САД |
Националност | Американец |
Полиња | Физика |
Установи | Чикашки универзитет |
Образование | Јужен методистички универзитет Чикашки универзитет |
Познат по | Јадрена физика |
Поважни награди | Лоренсова награда (1976) Нобелова награда за физика Ведерилов медал Национален медал за наука |
Кронин ја добил Лоренсовата награда во 1976 година за големите експериментални придонеси кај честичната физика, како што е основната работа на слабите заемодејства што резултирало во откривањето на асиметричноста при временското враќање наназад. Во 1999 година, тој бил награден со Националниот медал за наука.[1]
Кронин е професор во пензија на Чикашкиот универзитет и претставник во пензија на Ожеовиот проект. Кронин е член на одборот на спозори на Билтенот на атомските научници.
Библиографија
уредиЏејмс Кронин е роден на 29 септември 1931 година во Чикаго, Илиноис, каде неговиот татко, Џејмс Ферли Кронин, бил додипломец на одделот за јазици при Чикашкиот универзитет. Откако неговиот татко се стекнал со докторат семејството се преселило во Алабама, и подоцна во 1939 година во Далас, Тексас, каде неговиот татко станал професор по латински и грчки јазик на Јужниот методистички универзитет. По средното училиште Кронин останал во Далас и се стекнал со диплома по физика и математика на Јужниот методистички универзитет во 1951 година.[2]
За додипломирање тој се вратил во Илиноис каде ги посетувал студиите на Чикашкиот универзитет. Негови професори беа добитниците на Нобелова награда Енрико Ферми, Марија Мајер, Мари Гел-Ман и Субраманијан Чандрасекар. Тој ја напишал својата теза за експериментална јадрена физика под менторство на Самуел Алисон. Додека студирај ја сретнал и својата идна сопруга, Анет Мартин, со која се оженил во 1954 година.[2] With Annette he had three children Cathryn (1955), Emily (1959), and Dan (1971)
по стекнувањето на докторатот во 1955 година, Кронин се придружил на групата на Родни Кул и Оресте Пикони во Брукхејвенската национална лабораторија, каде новиот Космотрон забрзувач на честички бил штотуку завршен. Таму тој започнал да го проучува нарушувањето на парноста при распадот нахиперонските честички. Во тој период тој се запознава и со Вал Фич, кој го донел на Принстон во 1958 година. Заедно тие ги проучувале распадите на неутралните K мезони, кај кои тие ја откриле нарушувањето на симетријата во 1964 година. Ова откритие му ја донело Нобеловата награда за физика во 1980 година.[2]
По откритието, Кронин поминал една година во Франција при Центарот за јадрени студии во Сакле. По враќањето на Принстон тој продолжил да го проучува нарушувањето на CP симетријата од долготрајните неутрални K мезони. Во 1971 година, тој се вратил на Чикашкиот универзитет каде станал редовен професор. Ова било привлечно за него поради новиот 400 GeV-ен забрзувач на честички кој бил граден во близина на Фермилаб.[2]
Кога се доселил во Чикаго, тој започнал долга серија на опити за добивање на честички при попречни импулси. Со физичарот Пјер Пируе и соработниците научиле многу различни својства. Сите се збрани во Physical Review D, том 19, страна 764 (1977). По овие експерименти Кронин земал одмор во CERN во 1982-83 година каде го направил последниот експеримент, мерење на полураспадот на неутралниот пион. За подоцна да премине на истражување на космичките зраци. Првите експерименти биле насочени кон откривање на точкестите извори на космичките зраци. Не успеал да најде такви извори. Резултатот од експериментите биле објавени во Physical Review D том 55 страна 1714 (1997). По овој експеримент тој со Алан Вотсон и Мурат Боратав организирале мегународна соработка за проучување на космичките зраци со енергии поголеми од 10 па сè до 19 eV.
Личен живот
уредиКронин се оженил со Анет Мартин. Тие имаат три деца: две ќерки, Кетрин и Емили, и синот, Даниел.[2]
Во јуни 2005 година Анет починала од компликации предизвикани од Паркинсовата болест.
Во ноември 2006 година тој се преженил со Карол Чамплин.
Во мај 2011 година неговата ќерча Кетрин починала од леукемија на возраст од 54 години.
Објавени дела
уреди- Banner, M.; Cronin, J. W.; Liu, J. K.; & J. E. Pilcher. "Measurement of the Branching Ratio K{sub L} → γ γ ∕ K{sub L} → 3π{sup 0}", Палмерова физичка лабораторија, Принстон, Американско министерство за енергија, (12 август 1968).
- Banner, M.; Cronin, J. W.; Liu, J. K.; & J. E. Pilcher. "Measurement of the Branching Ratio K{sub L} → 2π{sup 0} ∕ K{sub L} → 3π{sup 0}",Палмерова физичка лабораторија, Принстон, Американско министерство за енергија, (14 август 1968).
- Cronin, J. W.; Frisch, H. J.; Shochet, M. J.; Boymond, J. P.; Mermod, R.; Piroue, P. A.; & R. L. Sumner. "Atomic Number Dependence of Hadron Production at Large Transverse Momentum in 300 GeV Proton—Nucleus Collisions", Институт „Енрико Ферми“, Чикашки универзитет, Џозеф Хенриеви лаборатории, Принстон, Американско министерство за енергија, Национална научна фондација, (15 јули 1974).
- Brun, T. O.; Carpenter, J. M.; Krohn, V. E.; Ringo, G. R.; Cronin, J. W.; Dombeck, T. W.; Lynn, J. W.; & S. A. Werner. "Measurement of Ultracold Neutrons Produced by Using Doppler-shifted Bragg Reflection at a Pulsed-neutron Source", Аргонска национална лабораторија, Чикашки универзитет, Мерилендски универзитет, Мисурски универзитет, Американско министерство за енергија, (1979).
- Cronin, J. W.; Deshpande, N. G.; Kane, G. L.; Luth, V. C.; Odian, A. C.; Machacek, M. E.; Paige, F.; Schmidt, M. P.; Slaughter, J.; & G. H. Trilling. "Report of the Working Group on CP Violation and Rare Decays", Чикашки универзитет, орегонски универзитет, Мичигенски универзитет, Станфордоф линиски забрзувачки центар (SLAC), Североисточен универзитет, Брукхејвенска национална лабораторија (BNL),Американско министерство за енергија, (октомври 1984).
Abraham J., Cronin J. W. et al., Набљудување на потиснувањето на флуксот кај космичките зраци над 4x10**19 eV., Phys Rev Letters том 101, страна 061101, (2008).
Наводи
уреди- ↑ National Science Foundation - The President's National Medal of Science
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Cronin, James (1980). „Autobiography“. The Nobel Prize in Physics 1980: James Cronin, Val Fitch. The Nobel Foundation. Посетено на 22 May 2012.
Надворешни врски
уреди- Biography and Bibliographic Resources, from the Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
- Cronin's Nobel lecture on CP Symmetry Violation
- James Watson Cronin at Nobel-winners.com
- James Cronin at nobelprize.org
- the discovery of violations of fundamental symmetry principles in the decay of neutral K-mesons. Архивирано на 24 декември 2005 г.
- Short biography at the University of Chicago Архивирано на 23 јануари 2008 г.