Џон Роберт Шрифер

Џон Роберт Шрифер (англиски: John Robert Schrieffer 31 мај 1931) — американски физичар и добитник на Нобелова награда за физика во 1972 заедно со Џон Бардин и Леон Купер „за заеднички развиената теорија, обично наречена БКШ-теорија, првата успешна микроскопска теорија за суперспроводливоста“.

Џон Роберт Шрифер
Роден(а)31 мај 1931(1931-05-31)(93 г.)
Оук Парк, Илиноис, САД
НационалностСАД Американец
ПолињаФизика
УстановиПенсилваниски универзитет
Калифорниски универзитет
Флоридски универзитет
Флоридски државен универзитет
Бирмингемски универзитет
ОбразованиеМасачусетски институт за технологија
Илинојски универзитет
Докторски менторЏон Бардин
Поважни наградиНационален научен медал (1983)
Нобелова награда за физика (1972)
Комстокова награда за физика (1993)
Џон Шрифер

Животопис

уреди

Шрифер се родил во Оук Парк, Илиноис, САД и неговото семејство не преселило во 1940 во Њујорк, а потоа во 1947 во Јустис, Флорида, каде неговиот татко, поранешен фармацевт, започнал кариера во цитрус индустријата. За време на неговите денови во Флорида, Шрифер уживал да си игра со домашно изработени ракети и аматерско радио, хоби кое вродило интерес за електротехниката.

По дипломирање во средното училиште "Eustis" во 1949, Шрифер бил примен во Масачусетскиот институт за технологија, каде за време од две години ја совладал електротехниката пред да се префрли во полето на физиката во неговите младешки години.Тој завршил професорска теза за мултиплети во тешки атоми под дирекција на Џон Слејтер во 1953. Насочувајќи го интересот кон физиката на цврста агрегатна состојба, Шрифер ги започнал своите постдипломски студии во Илинојскиот универзитет, каде тој истовремено бил вработен како истражувачки асистент на Џон Бардин. По решавањето на теоретски проблем окулу електричната спроводливост на полупроводнички површини, Шрифер поминал една година во лабораторија, применувајќи ја теоријата на неколку површни проблеми. Во неговата трета година од постдипломските студии, им се придружил на Бардин и Леон Купер во развивањето на теоријата за суперспроводливост.

Шрифер тврди дека во јануари 1957 бил во метро во Њујорк кога му дошла идеја како математички да ја опише основната состојба на суперспроводливите атоми. Соработникот на Шрифер и Бардин, Купер, открил дека електроните во суперспроводник се групирани во парови, сега нарачени куперови парови и дека движењето на сите куперови парови во единечен суперспроводник се во корелација и функционираат како единечен субјект. Математичкиот пробив на Шрифер го објаснил однесувањето на сите куперови парови истовремено наместо на секој поединечен пар. Денот по враќањето во Илиноис, Шрифер му ги покажал своите равенки на Бардин кој истовремено сфатил дека тие биле решение за проблемот. БКШ-теоријата (Бардин-Купер-Шрифер) за суперспроводливост, изнесува повеќе од 30 години на експериментални резултати кои ги попречувала некои од најголемите теоретичари во физиката.

По завршување на неговиот докторски есеј за теоријата на суперспроводливост, Шрифер ги поминал академските години 1957-58 како соработник со националната фондација за науки во Бирмингемскиот универзитет во Англија и во нилс боровиот институт во Копенхаген, каде продолжил со проучувањето на суперспроводливоста. По една година како доцент во Чикашкиот универзитет, се вратил во Илинојскиот универзитет во 1959 како член на факултетот. Во 1960, тој заминал назад во боровиот институт на летна посета, период во кој се свршил со Ан Грете Томсен, а истата година за Божик се венчале. Две години подоцна, Шрифер станал член на факултетот во Пенсилванискиот универзитет во Филаделфија, а во 1964 Шрифер ја објавил својата книга за БКШ-теоријата, „Теорија за суперспроводливост“. Поседува почесни дипломи од Минхенскиот технички универзитет и Женевскиот универзитет. Во 1993 Шрифер заедно со Леон Купер биле наградени со Комстокова награда за физика од Националната академија на науки на САД.[1]

 
Магнет кој лебди над суперспроводник поради мајснеровиот ефект.

Во 1972, Шрифер заедно со Џон Бардин и Леон Купер ја добиле Нобеловата награда за физика во 1972 за создавање на БКШ-теоријата. Во 1980, Шрифер станал професор во Калифорнискиот универзитет „Санта Барбара“ и дошол на позицијата на канцеларски професор во 1984, работејќи како директор на кавлиевиот институт за теоретска физика во универзитетот. Во 1992, од Флоридскиот национален универзитет бил назначен за универзитетски почитуван научник професор и главен научник на националната лабораторија за високомагнетно поле, каде продолжил да се занимава со една од најголемите цели во физиката: суперспроводливост на собна температура.

Шрифер бил осуден на две години затвор, 6 ноември 2005, за убиство на еден и повреда на седум луѓе при патно убиство. За време на инцидентот неговата возачка дозвола била под суспензија и тој изјавил дека заспал во возилото. Инцидентот се случил во Оркут, Калифорнија на 24 септември 2004 и Шрифер бил затворен во државниот затвор на планината Рок близу Сан Диего, Калифорнија.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Comstock Prize in Physics“. National Academy of Sciences. Посетено на 13 February 2011.
  2. The Associated Press (7 November 2005). „Nobel Prize-Winning Physicist Gets Two Years in Prison for Deadly Crash“. Fox News. Посетено на 2008-02-24.

Надворешни врски

уреди