Норман Фостер Ремзи
Норман Фостер Ремзи (англиски: Norman Foster Ramsey, Jr. 27 август 1915 – 4 ноември 2011) — американски физичар кој бил награден со Нобелова награда за физика во 1989 година, заедно со Ханс Георг Демелт од Вашингтонскиот универзитет, за неговиот изум на методот на издвоено колебливо поле, кој има важна примена во изградбата на атомскиот часовник. Како професор по физика на Харвард во поголемиот дел на својата кариера, Ремзи исто така имал и неколку други позиции како со владини и меѓународни организации како НАТО и Американската комисија за атомска енергија. Некои од неговите други постигнувања е создавањето на Брукхејвенската национална лабораторија и Фермилаб под водство на американското министерство за енергија.
Норман Фостер Ремзи | |
---|---|
Норман Ремзи | |
Роден(а) | 27 август 1915 Вашингтон |
Починал(а) | 4 ноември 2011 Вејланд, Масачусетс | (возр. 96)
Живеалиште | САД |
Националност | Американец |
Полиња | физика |
Установи | Харвард |
Образование | Колумбиски универзитет, Кембрички универзитет |
Докторски ментор | Исидор Ајзак Раби |
Докторанди | Дејвид Вајнленд, Даниел Клепнер, Хауард Берг |
Познат по | Методот на издвоено колебливо поле |
Поважни награди | Лоренсова награда (1960) Дејвисон-Гермерова награда (1974) Медал на честа (1984) Ерстедов медал (1988) Национален медал за наука (1988) Нобелова награда за физика (1989) Дираков медал (1990) Бушова награда (1995) |
Младост
уредиРемзи, е роден во Вашингтон, на 27 август 1915 година, како сете на Мина Бауер Ремзи, предавач на Канзашкиот универзитет, и Норман Ремзи,[1] дипломец од американската воена академија во Вест Поинт во 1905 година и офицер во Оддалението за воени набавки и одржување при што достигнал до ранг на бригаден генерал за време на Втората светска војна, при што ја командувал касарната Рок Ајленд.[2] Тој растел како дете на воено лице, често селејќи се од едно место на друго, и живеел во Франција кога неговиот татко бил офицер за врски со Артилетиската управа а воедно и воено аташе.[3] Ова му овозможило да прескокне неколку училишни години, па така тој дипломирал на средното училиште „Ливенворт“ во Форт Ливенворт, Канзас, на возраст од 15 години.[1]
Родителите на Ремзи се надевале дека тој ќе замине на Вест Поинт, но на 15 години, тој бил премлад за да биде примен на воената академија. Тој добил стипендија на Канзашкиот универзитет, но во 1930 година неговиот татко бил распределен на Говернорс Ајленд, Њујорк.[1][4] Ремзи таму образованието го продолжил на Колумбискиот универзитет во 1931 година, и започнал да изучува инженерство. Бил заинтересиран за математиката, и се префрлил на студии за математиката. Во периодот кога ја стекнал својата диплома од Колумбискиот универзитет во 1935 година, тој започнал да се интересира за физиката.[1][5] Колумбискиот универзитет му доделил Келетова стипендија за Кембричкиот универзитет каде што изучувал физика при Кевиндишовата лабораторија под менторство на Ернест Радерфорд и Морис Голдхабер, и ги запознал познатите физичари Едвард Апелтон, Макс Борн, Едвард Булард, Џејмс Чедвик, Џон Кокрофт, Пол Дирак, Артур Едингтон, Ралф Фаулер, Марк Олифант и Џ.Џ. Томсон.[1] На Кембриџ, тој бил на трипос за да ја изучува квантната механика, студии кои ги немало на Колумбискиот универзитет, што довело тој да се стекне со втора диплома на Кембриџ.[6]
Семинарска работа напишана од Голдхабер за магнетните моменти предизвикало кај него интерес да ги прочита неодамнешните трудови на таа тема од Исодор Ајзак Раби,[6] што пак го поттикнало интересот за молекуларните зраци, па така тој својот докторат го правел под менторство на Раби во Колумбискиот универзитет.[1][7] Наскоро откако Ремзи пристигнал на колумбискиот универзитет, Раби ја осмислил молекуларно зачната резонантна спектроскопија, за што бил награден со Нобелова награда за физика во 1944 година.[8] Ремзи бил дел од екипата на Раби во која исто така учествувале Џером Келог, Поликарп Куш, Сидни Милман и Џеролд Захаријас. Ремзи работил со нив на првите експерименти користејќи ја новата техника, и го поделиле со Раби и Захаријас откритето дека деутеоронот бил магнетен квадрипол.[9] Ова значело дека атомското јадро не било сферично, како што се мислело.[10] Тој својот докторат по физика го стекнал на колумбискиот универзитет Hво 1940 година,[5] и станал член на Карнегиевиот институт во Вашингтон, каде ги изучувал расејувањата на неутрон-протоните и протон-хелиумот.[1]
Втората светска војна
уредиРадијациона лабораторија
уредиВо 1940 година, тој се оженил со Елинор Џејмесон, и прифатил наставна работна позиција при Илиноишкиот универзитет. Двајцата очекувале своите животи да ги поминат таму, но Втората светска војна ги променила плановите.[1] Во септември 1940 година британската Тизардовата мисија довела голем број на нови ехнологии во САД, вклучувајќи го и магнетронот, високомоќна направа која создавала микробранови користејќи го заемодејството на потокот од електрони во магнетното поле. Ова направа, која имала потенцијал да го унапреди радарот, и го урнала мислењето дека американците имале технолошка надмоќ. Алфред Ли Лумис од Националниот одбранбен истражен комитет ја воспоставил Радијационата лабораторија при МИТ да ја развијат оваа технологија.[11] Ремзи бил еден од научниците кој биле регрутирани од Раби а да ја работат оваа работа.[12]
На почетокот, Ремзи бил во Рабиевата група за магнетронот. Кога Раби станал раководител на оддел, Ремзи станал раководител на групата.[6] Улогата на групата била да го развие магнетронот за да се овозможи намалување на брановата должина од 150 см на 10 см, и подоцна н 3 см или пак во областа на рендгенските зраци. Микробрановиот радар бил помал, полесен и поефикасен од претходниците,[13] Ремзиевата група започнала да работи на радарот осмислен од Олифантовата екипа во Британија, при што се обиделе истиот да го подобрат. Радијационата лабораторија ги обезбедувала замислите, од кои подоцна биле правени прототипи од Рајтеон, за подоцна да бидат испитувани во лабораторијата. Во јуни 1941 година, Ремзи отпатувал во Британија, каде се сретнал со Олифант, при што двајцата размениле идеи, и донел нови составни делови кои биле вклучени во конечниот изглед на радарот.Ноќниот ловец, Нортроп P-61 „Црна Вдовица“, бил конструиран во истиот период кога и новиот радар. Ремзи се вратил во Вашингтон при крајот на 1942 година како советник за употреба на новиот 3 см микробранови радари кои биле пуштени во употреба,[7] работејќи за Едвард Боулс во канцеларијата на секретарот на војна, Хенри Стимсон.[6]
Проектот Менхетен
уредиВо 1943 година, Ремзи бил назначен од Роберт Опенхајмер и Роберт Бахер, кои го поканиле да се придружи на проектот Менхетен. Ремзи се согласил, но било потребо да интервенира проектниот директор, бригадниот генерал Лесли Грувс, за да биде ослободен од службата министерството за војна. Бил направен компромис, при што Ремзи останал на платниот список на министерството за војна, и притоа бил позајмен како работник во проектот Менхетен.[6][14][15] Во октомври 1943 година, групата E-7 од оддалението за воени набавки и одржување била создадена лабораторијата Лос Аламос каде Ремзи бил раководител на групата, со задача да се вклучи и осмисли системот за испорака на јадрените оружја кои биле создадени од лабораторијата.[15]
Првото нешто што требало да се определи биле особините на леталото кое ќе се користи. Постоеле само две сојузнички летал кои биле доволно големи: Авро Ланкастер и Боинг B-29 Супертврдина.[15] Воздушните воени сили на САД (USAAF) сакале да го упоребат B-29 доколку тоа било можно, иако за ова требало да се направат голем број на измени.[16] Ремзи ја надгледувал програмата за тестирање, кои биле спроведувани во Далгрен, Вирџинија, во август 1943 година, пред да се префрлат во воздушната воена база во сувото езеро Мурок, Калифорнија, во март 1944 година. Макети од јадрените бомби Слабичок и Дебелко биле фрлени и следени од SCR-584 радар сместен на земја, тип на радар во чиј развој помогнал Ремзи кога работел во Радијационата лабораторија. Биле забележани огромен број на недостатоци поврзани со бомбите и измените кај леталото, при што тие биле отстранети.[17]
Плановите за испорака на оружјата во борба му биле доделени на комитетот за оружја, кој бил раководен од Ремзи, и под одговорност на капетан Вилијам Парсонс.[18] Ремзи исцртал табели за организација и опрема за проектот Алберта оддел кој ќе ја придружува 509-та мешана група во Тинијан. Ремзи го известил командантот на 509-та единица, потполковникот Пол Тибетс, за природата на мисијата on кога истиот стапил во команда.[19] Ремзи заминал во Тинијан заедно со проектот Алберта како Парсонов научен и технички заменик. Тој бил вклучен во составувањето на бомбата Дебелко, и ги пренел информациите од Парсонс за успешното бомбардирање на Нагасаки на Грувс во Вашингтон.[20]
Истражување
уредиПри крајот на војната, Ремзи се вратил на Колумбискиот универзитет како професор и истражувачки научник.[1] Раби и ремзи продолжиле да работат каде што застанале пред војната со нивните експерименти кои вклучувале молекуларни зраци. Ремзи и неговиот прв додпипломец, Вилијам Ниренберг, мереле различни јадрени магнетни диполни и електрични квадриполни моменти. Заедно со Раби, тој помогнал да се воспостави Брукхејвенската национална лабораторија на Лонг Ајленд. Во 1946 година, тој станал првиот раководител на одделот за физика. Таму минал кус период, за во 1947 година, да се придружи на одделот за физика при Харвард, каде ќе остане во наредните 40 години, со исклучок на кусите професорски посети на колеџот „Мидлбери“, при Оксфордскиот универзитет, колеџот „Холиоак“ и Вирџинискиот универзитет. За време на 1950-ите, тој бил првиот научен советник во НАТО, и започнал серија на стипендии, грантови и летни училишни програми за да ги тренира европските научници.[1][6][21]
Ремзиевото истражување веднаш по војната се занимавал со мерење на основните својства на атомите и молекулите со употреба на молекуларните зраци. По преминувањето на Харвард, негова цел била да врши прецизни молекуларно зрачни магнетни резонантни експерименти, засновани на техниките развиено од страна на Раби. Сепак, прецизноста на мерењата зависела непроменливоста на магнетното поле, при што ремзи заклучил дека било тешко да се создаде задоволително непроменливо магнетно поле. Тој го развил Методот на издвоено колебливо поле во 1949 година како начин за постигнување на бараната прецизност.[1]
Ремзи и неговиот студент докторант Даниел Клепнер го развиле атоскиот водороден масер, со што сакале да ја зголемат прецизноста со која суперфините раздвојувања на водородот, деутериумот и трициумот биле измерени, а и да се измери колку суперфината структрура била под влијание на надворешните магнетни и електрични полиња. Тој исто така учествувал во развојот на крајно стабилниот часовник заснован на водородниот масер. Од 1967 година, вила дефинирана секундата како 9.192.631.770 суперфини премини кај атомот на цезиум-133, атомскиот часовник кој се користи за воспоставување на стандардите е примената на Ремзиевата работа.[22] Тој бил награден со Нобелова награда за физика во 1989 година „за осмислувањето на методот на издвоено колебливо поле и неговата употреба кај водородниот масер и другите атомски часовници“.[8] Наградата ја подели со Ханс Георг Демелт и Волфганг Паул.[8]
Во соработка со Институтот Лауе-Лангевин, Ремзи исто така работел на примената на слични методи на неутронски зраци, мерејќи го неутронскиот магнетен момент при што ја определил границата на неговиот електричниот диполен момент.[1] Како претседател на Универзитетското истражно здружение во периодот на 1960-ите тој бил вклучен во осмислувањето и изградбата на Фермилаб во Батавија, Илиноис.[1][21][23] Тој исто така бил раководител на Американскиот национален истражувачки совет во 1982 година кој дошол до спротивен заклучок од оној на Одборот за атентати при Претставничкиот дом на САД, дека акустичниот доказ при атентатот на Џон Кенеди не потврдува присуство на втор атентатор.[23]
Подоцнежен живот
уредиРемзи се пензионирал на Харвард во 1986 година. Сепак, тој останал активен во полето на физиката, минувајќи година како член на Здружениот институт за лабораториска астрофизика (JILA) при Колорадскиот универзитет. Тој исто така бил и привремен професор на Чикашкиот универзитет, колеџот „Вилијамс“ и Мичигенскиот универзитет. Покрај Нобеловата награда за физика, Ремзи добил голем број на награди, како што се Лоренсовата награда во 1960 година, Дејвисон-Гермеровата награда во 1974 година, Медалот на честа во 1984 година, Рабиевата награда во 1985 година, Румфордовата награда во 1985 година, Комптоновиот медал во 1986 година и Ерстедовиот медал како и Националниот медал за наука во 1988 година.[1] Во 2004 година, бил потписник на писмото заедно со други 47 нобеловци предложувајќи го Џон Кери за претседател на САД, како некој кој би ја „вратил науката на нејзиното соодветно место во владата“.[24]
Неговата прва жена, Елинор, починала во 1983 година, по што се оженил со Ели Велч од Бруклин Масачусетс. Ремзи починал на 4 ноември 2011 година. Тој бил надживеан од неговата сопруга Ели, неговите четири ќерки од првиот брак, и неговата поќерка од вториот брак.[7][23]
Објавени дела
уреди- Ремзи, Н. Ф.; Бриџ, Р. В. и У. Е. Крус. „Протон-протонско расејување при 105 MeV и 75 MeV“, Харвард, Американско министерство за енергија, (31 јануари 1951).
- Ремзи, Н. Ф.; Кон, А. А.; Чен, К. В.; Данинг, Џ. Р.; Хартвиг, Г.; Вокер, Џ. К. и Р. Вилсон. „Нееластично расејување на електроните од протони“, одеел за физика Харвард, Американско министерство за енергија, (декември 1966).
- Ремзи, Н. Ф; Грин, Г. Л.; Мампе, В.; Пенделбери, Џ. М.; Смит, К. ; Дрес, В. Б.; Милер, П. Д. и П. Перин. „Определување на неутронскиот магнетен момент“, Национална лабораторија „Оак риџ“, Харвард, Институт Лауе–Лангевин, астрономски центар Сасекшки универзитет, Американско министерство за енергија, (јуни 1981).
Наводи
уреди- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 „Norman F. Ramsey – Autobiography“. The Nobel Foundation. Архивирано од изворникот на 2012-10-08. Посетено на June 13, 2013.
- ↑ Cullum 1950, стр. 101.
- ↑ Cullum 1930, стр. 669-670.
- ↑ Cullum 1940, стр. 167-168.
- ↑ 5,0 5,1 „Norman F. Ramsey“. Soylent Communications. Посетено на June 11, 2013.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 „Norman F. Ramsey, an oral history conducted in 1991 by John Bryant“. IEEE History Center. Посетено на June 11, 2013.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Tucker, Anthony (November 18, 2011). „Norman Ramsey obituary“. The Guardian. Посетено на February 13, 2010.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 „Isidor Isaac Rabi“. Nobel Media. Архивирано од изворникот на 2012-05-28. Посетено на 17 August 2012.
- ↑ Kellogg, J. M. B.; Rabi, I. I.; Ramsey, N. F. Jr.; Zacharias, J. R. (October 1939). „The Magnetic Moment of the Proton and the Deuteron. The Radiofrequency Spectrum of 2H in Various Magnetic Fields“. Physical Review. 56: 728–743. Bibcode:1939PhRv...56..728K. doi:10.1103/PhysRev.56.728.
- ↑ doi:10.1038/480182a
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - ↑ Conant 2002, стр. 209–213.
- ↑ Conant 2002, стр. 204.
- ↑ Rigden 1987, стр. 135–135.
- ↑ Hoddeson и др. 1993, стр. 59.
- ↑ 15,0 15,1 15,2 Hoddeson и др. 1993, стр. 378-379.
- ↑ Groves 1962, стр. 254.
- ↑ Hoddeson и др. 1993, стр. 380-382.
- ↑ Hoddeson и др. 1993, стр. 248.
- ↑ Hoddeson и др. 1993, стр. 387-388.
- ↑ Hoddeson и др. 1993, стр. 392-393.
- ↑ 21,0 21,1 „The Passing of a Scientific Giant: Norman F. Ramsey (1915–2011)“. National Geographic. Архивирано од изворникот на 2011-11-12. Посетено на 11 June 2013.
- ↑ „Nobel Prize press release“. The Nobel Foundation. Посетено на June 13, 2013.
- ↑ 23,0 23,1 23,2 „Norman Ramsey Dies at 96; Work Led to the Atomic Clock“. New York Times. November 6, 2011. Посетено на November 7, 2011.
- ↑ „48 Nobel Winning Scientists Endorse Kerry-June 21, 2004“. George Washington University. Посетено на July 6, 2013.
Надворешни врски
уреди- Photograph, Biography and Bibliographic Resources, from the Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
- Group photograph taken at The International Conference on Lasers and Applications, Lasers 'XX including (right to left) Norman F. Ramsey, Marlan Scully, and F. J. Duarte.
- "Norman Ramsey and the Separated Oscillatory Fields Method". Office of Scientific and Technical Information, U.S. DOE. Посетено на 2 March 2009.
- Norman Ramsey, an oral history conducted in 1995 by Andrew Goldstein, IEEE History Center, New Brunswick, NJ, USA.
- Papers relating to the Manhattan Project, 1945–1946, collected by Norman Ramsey. Dibner Library of the History of Science and Technology, Smithsonian Libraries, from SIRIS