Леон Купер[1] (англиски: Leon N Cooper; 28 февруари 1930 - 23 октомври 2024) — американски физичар и Нобелов лауерат, кој заедно со Џон Бардин и Џон Роберт Шрифер ја развиле БЦС-теоријата за суперспроводливост. Тој исто така го именувал Куперовиот пар и придонел за развитокот на БЦМ-теоријата за синаптичката еластичност.

Леон Купер
Купер во 2007 г.
Роден(а)28 февруари 1930(1930-02-28)
Њујорк, САД
Починал(а)23 октомври 2024(2024-10-23) (возр. 94)
Провиденс, Род Ајленд, САД
ЖивеалиштеСоединети Американски Држави
НационалностСАД Американец
ПолињаФизика
УстановиБраунов универзитет
ОбразованиеКолумбиски универзитет
Докторски менторРоберт Сербер
ДокторандиЕли Бјененсток
Пол Мунро
Натан Интратор
Омер Артун
Мајкл Перон
Алан Саул
Познат поСуперспроводливост
Купер парови
Поважни наградиНобелова награда за физика (1972)
Комстокова награда за физика (1968)

Биографија и кариера

уреди

Професорот Купер, кој е роден во Њујорк, во родниот град го завршува целото свое образование, вклучувајќи го и докторатот на престижниот Универзитет Колумбија во 1954 година.

Купер дипломирал во Средното училиште за науки во Бронкс во 1947[2][3] и добил диплома за уметности во 1951,[4] магистрирал во 1953,[4] и станал доктор по филозофија во 1954 на Колумбискиот универзитет.[4][5] Поминал една година во Институтот за напредни студии и предавал во Илиноискиот универзитет и Охајскиот државен универзитет пред да дојде во Брауновиот универзитет во 1958.[5] Моментално е Томас Џ. Вотсон професор по наука на Универзитетот Браун.

Работел на истражувања на реномирани институции низ целиот свет, меѓу кои Институтот за напредни студии, Универзитетот во Илиноис, Универзитетот во Охајо, како и Европската организација за јадрени истражувања (ЦЕРН).

Ликот Шелдон Купер, кој игра во комедијата Бубалици на Си-Би-Ес, делумно е именуван по Леон Купер[6]

Членства и признанија

уреди

Објавени дела

уреди

Купер е автор на Science and Human Experience - колекција од есеи, вклучувајќи претходно необјавени материјали, на теми како свеста и структурата на универзумот. (Универзитетски печат на Кембриџ, 2014).

Купер е автор на неконвенцијалната либерално-уметничка книга по физика, оригинално: An Introduction to the Meaning and Structure of Physics („Запознавање со значењето и структурата на физиката“)

Наводи

уреди
  1. Многу печатени материјали, вклучувајќи го и мрежното место за нобелови награди, го претставуваат Купер како “Leon Neil Cooper” („Леон Нил Купер“). Сеедно, средниот иницијал N(Н) не значи „Нил“, или многу други имиња. Точната форма на името е “Leon N Cooper” („Леон Н Купер“), без првични точки.
  2. „Bronx Science Honored as Historic Physics Site by the American Physical Society“. bxscience.edu. Посетено на 27 July 2012.
  3. MacDonald, Kerri (15 October 2010). „A Nobel Laureate Returns Home to Bronx Science“. The New York Times. Посетено на 27 July 2012.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Leon Cooper“. research.brown.edu. Посетено на 27 July 2012.
  5. 5,0 5,1 Vanderkam, Laura (15 July 2008). „From Biology to Physics and Back Again: Leon Cooper“. Scientific American. Посетено на 27 July 2012.
  6. The Big Bang Theory, la fórmula perfecta del humor
  7. „Comstock Prize in Physics“. National Academy of Sciences.

Надворешни врски

уреди