Серж Арош
Серж Арош (француски: Serge Haroche), (Казабланка, 11 септември 1944)[1] — француски физичар кој бил награден со Нобелова награда за физика во 2012 година заедно со Дејвид Вајнленд за „важните експериментални методи кои овозможуваат мерење и манипулирање на посебните квантни системи“, проучување на честичката на светлината, фотон.[2][3][4] Од 2001 година, Арош е професор на Францускиот колеџ и ја држи катедрата за квантна физика. Во 1971 година тој ја завршил својата докторска работа за физика на Парискиот универзитет VI, неговото истражување било под менторство на Клод Коен-Тануџи.[5]
Серж Арош | |
---|---|
Серж Арош во Стокхолм (2012) | |
Роден(а) | 11 септември 1944 Казабланка, Мароко[1] (тогашен француски протекторат) |
Националност | Французин |
Установи | Универзитет Пјер и Марија Кири Француски колеџ |
Образование | Нормалната виша школа во Париз Универзитет Пјер и Марија Кири (Ph.D.) |
Докторски ментор | Клод Коен-Тануџи |
Поважни награди | CNRS златен медал (2009) Нобелова анграда за физика (2012) |
Страница | |
college-de-france.fr/site/en-serge-haroche |
Личен живот и семејство
уредиСерж е роден во Казабланка, како син на Албер Арош (1920–1998) и Валентина Арош, моминско (Рублева) (1921–1998) учителка родена во Одеса во еврејско семејство кое се преселило во Париз на почетокот на дваесеттите години на минатиот век. Неговиот татко, кој бил адвокат, потекнува од семејство кое живеело во Маракеш (Исак и Естер Арош), кое се преселило во Казабланка за да работат како учители при Школата на еврејскиот сојуз.[6][7][8][9][10][11][12]
Арош го напуштил Мароко и се населил во Франција во 1956 година, по завршетокот на договорот за францускиот протекторат.
Тој денес живее во Париз, оженет е со социологот Клодин Арош, која исто така има еврејско потекло од доселеничко семејство од Русија, и имаат две деца.[13][14][15] Тој е стрико на францускиот пејач, текстописец и глумец Рафаел Арош.[16]
Кариера
уредиАрош работел во Националниот центар за научни истражувања како истражувачки научник од 1967 до 1975 година, и поминал една година (1972–1973) како вонреден постдокторски соработник на Стенфорд, во екипата на Артур Леонард Шавлов. Во 1975 тој станал професор на Парискиот универзитет VI. Истовремено тој предавал и во други институции, како што е Политехничката школа (1973–1984), Харвард (1981), Јејл (1984–1993) и Националниот конзерваториум на уметностите и занаетите (2000). Тој бил декан на одделот за физика на Нормалната виша школа во Париз од 1994 до 2000 година.
Од 2001 година, Арош е професор на Францускиот колеџ и држи предавања од областа на квантна физика. Тој е член на Француското друштво на физичарите, Европското друштво на физичарите и член на Американското друштво на физичарите.
Во септември 2012 година,Серж Арош е избран за позицијата администратор на Францускиот колеџ.
На 9 октомври 2012 година, Арош е награден со Нобелова награда за физика, заедно со американскиот физичар Дејвид Вајнленд, за нивната работа која се однесувала на мерењето и манипулирањето на поединечните квантни системи.
Истражување
уредиАрош главно работи на полињата на атомска физика и квантна оптика.[17][18][19][20][21][22][23] Тој е познат по докажувањето на квантната декохеренција со помош на експериментални набљудувања, додека работел со колегите на Нормалната виша школа (École normale supérieure) во Париз 1996 година.
По неговата докторска дисертација за сврзаните атоми под менторство на Клод Коен-Тануџи (добитник на Нобелова награда) од 1967 до 1971 година, тој развил нови методи за ласерска спектроскопија во седумдесеттите години, засновано на проучувањето на квантното отчукување и суперзрачењето. За подоцна да се занимава со Ридбергови атоми, големите атомски состојби кои се особено чувствителни на микробранови, кои ги прави особено погодни за проучување на заемодејствата помеѓу материјата и светлината. Тој покажал дека таквите атоми, поврзани со суперспроводна празнина која содржи неколку фотони, се погодни за тестирање на квантната декохеренција и разбирањето на операциите со квантната логика потребни за обработка на квантната информација.
Награди
уреди- Командант на француската Легија на честа
- 1988 Ајнштајнова награда за ласерски науки.
- 1992 Хумболтова награда
- 1993 Мајкелсонов медал од Френклиновиот институт[24]
- 2007 Таунсонова награда [25] by the OSA
- 2009 CNRS златен медал
- 2012 Нобелова награда за физика (поделена со Дејвид Вајнленд)[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Serge Haroche – Biographical“. nobelprize.org. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 11 October 2012.
- ↑ 2,0 2,1 „Press release – Particle control in a quantum world“. Royal Swedish Academy of Sciences. Посетено на 9 October 2012.
- ↑ doi:10.1038/490311a
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - ↑ PMID 23584018 (PubMed (англиски))
Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand - ↑ http://www.college-de-france.fr/site/en-serge-haroche/biography.htm
- ↑ „French Jew, American researcher share Nobel Prize in Physics“. Jewish Telegraphic Agency. 2012-10-09. Архивирано од изворникот на 2012-11-27. Посетено на 2013-01-12.
- ↑ Laskier, Michael M. (1983). The Alliance Israélite Universelle and the Jewish Communities of Morocco: 1862–1962. New York: State University of New York Press. стр. 192.
- ↑ „MAROC LXXV E 2.25“. Europeana. Посетено на 2013-01-12.
- ↑ „French Jew wins 2012 Nobel Prize in Physics along with American colleague“. European Jewish Press. 2012-10-09. Архивирано од изворникот на 2012-12-09. Посетено на 2013-01-12.
- ↑ Jean-Louis Beaucarnot (2012-10-09). „Origines et généalogie de Serge Haroche, prix Nobel de physique“. La Revue française de Généalogie. Посетено на 2013-01-12.
- ↑ alexandra j. wall (2004-06-04). „New Jewish Agenda founder Roublev dies at 69“. jweekly.com. Посетено на 2013-01-12.
- ↑ Columbia University School of Public Health and Administrative Medicine, class of 1958 (p. 30): Alexander Roublev, M.D. (Serge Haroche's grandfather)
- ↑ Claudine Haroche (Zeligson) Архивирано на 24 мај 2012 г.. Iiac.cnrs.fr. Посетено на 2013-01-27.
- ↑ „Marriage of Louis Zeligson and Raymonde Sandberg, Serge Haroche's in-laws“. Le Figaro. 1936. Посетено на 2013-01-12.
- ↑ Obituary of Raymonde Zeligson (née Sandberg), «Le Monde» (March 8, 2008)
- ↑ „Die Nobelpreisträger 2012“. Handelsblatt. 2012-10-11. Архивирано од изворникот на 2012-10-14. Посетено на 2013-01-12.
- ↑ PMID 23075943 (PubMed (англиски))
Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand - ↑ PMID 21886159 (PubMed (англиски))
Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand - ↑ PMID 18818653 (PubMed (англиски))
Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand - ↑ PMID 17713527 (PubMed (англиски))
Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand - ↑ PMID 17361178 (PubMed (англиски))
Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand - ↑ PMID 11346787 (PubMed (англиски))
Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand - ↑ Jean-Michel Raimond; Serge Haroche (2006). Exploring the quantum: atoms, cavities and photons. Oxford [Oxfordshire]: Oxford University Press. ISBN 0-19-850914-6.
- ↑ „Franklin Laureate Database – Albert A. Michelson Medal Laureates“. Franklin Institute. Архивирано од изворникот на 2013-12-08. Посетено на June 16, 2011.
- ↑ „Charles Hard Townes Award“. Optical Society. Посетено на 2013-01-12.