Клод Коен-Тануџи
Клод Коен Тануџи (француски: Claude Cohen-Tannoudji 1 април 1933) — француски физичар и добитник на Нобеловата награда за физика во 1997, која ја споделил со Стивен Чу и Вилијам Даниел Филипс, за истражувањето на методи за ласерско ладење и атомско ловење. Тој сè уште е активен истражувач, кој работи во „Екол нормал сипериор“ (École Normale Supérieure) во Париз.
Клод Коен Тануџи | |
---|---|
Роден(а) | 1 април 1933 Константин, Алжир |
Националност | Французин |
Полиња | Физика |
Установи | „Екол нормал сипериор (École normale supérieure) |
Докторски ментор | Алфред Кастлер |
Докторанди | Серж Арош Жан Далибар |
Поважни награди | Јангов медал и награда (1979) Лилиенфелдова награда (1992) Матеучиев медал (1994) Харвиева награда (1996) Нобелова награда за физика(1997) |
Сопружник | Жаклин Вејра (в. 1958)[1] |
Деца | 3 |
Рани години
уредиКлод Коен Тануџи се родил во Константин, Алжир. Син на алжирски еврејски родители, Авраам Коен Тануџи и Сара Себа.[2][3][4][5] Кога зборувал за неговото потекло Коен Тануџи рекол:
- „Моето семејство е од Тангер, се населиле во Тунис, а потоа во Алжир во 16 век, откако побегнале од Шпанија за време на инквизицијата. Всушност, нашето име, Коен Тануџи, едноставно значи семејството Коен од Тангер. Алжирските Евреи се стекнале со француско државјанство во 1870 откако Алжир станал француска колонија во 1830.“[6]
По завршување на второстепеното училиште во градот Алжир во 1953, Коен Тануџи го напуштил Париз за да го посетува училиштето „Екол нормал сипериор“ (École normale supérieure).[6] Неговите професори биле Анри Картан, Лоран Шварц и Алфред Кастлер.[6]
Во 1958 се оженил со Жаклин Вејра, професорка во средно училиште, со која имал три деца. Неговите студии биле прекинати кога бил регрутиран во армијата, во која служел 28 месеци (подолго од вообичаено поради Алжирската војна за независност. Во 1960 продолжил да работи на неговиот докторат, а при крајот на 1962 тој докторирал.
Кариера
уредиПо неговиот есеј, тој почнал да предава квантна механика на Парискиот универзитет. Неговите наставни забелешки биле основата за популарниот учебник Квантна механика (Mécanique quantique), кој го напишал со двајца негови колеги. Тој исто така продолжил со истражувањето на атомско-протонските заемнодејствија и неговиот истражен тим создал модел на светлински облечен атом.
Во 1973, станал професор во Францускиот колеџ. Во почетокот на 1980-те, тој почнал да предава за силите на зрачење на атомите во ласерки осветлени полиња. Тој исто така таму формирал лабораторија со Алан Аспект, Кристоф Саломон и Жан Далибар за да го студира ласерското ладење и ловење. Тој дури имал и статистички пристап до ласерското ладење со помош на стабилна дистрибуција.[7]
Неговата работа таму му ја донела Нобеловата награда за физика во 1997 „за развивањето на методи за разладување и ловење на атоми со ласерска светлина“,[8] која била поделена со Стивен Чу и Вилијам Даниел Филипс. Клод Коен Тануџи бил првиот добитник на Нобелова награда кој се родил во арапска земја.
Награди
уреди- 1979 - Јангов медал и награда, за истакнато истражување на полето на оптиката.
- 1993 - Чарлс Хард Таунсова награда
- 1997 - Нобелова награда, за развивањето на методи за разладување и ловење на атоми со ласерска светлина.
Одбрани дела
уредиНајважните дела на Клод Коен Тануџи се на неговото домашно мрежно место.[9]
- Claude Cohen-Tannoudji, Bernard Diu, and Frank Laloë. 1973. Mécanique quantique. 2 cols. Collection Enseignement des Sciences. Paris. ISBN 2-7056-5733-9 (Quantum Mechanics. Vol. I & II, 1991. Wiley, New-York, ISBN 0-471-16433-X & ISBN 0471164356).
- Claude Cohen-Tannoudji, Gilbert Grynberg and Jacques Dupont-Roc. Introduction à l'électrodynamique quantique. (Photons and Atoms: Introduction to Quantum Electrodynamics. 1997. Wiley. ISBN 0471184330)
- Claude Cohen-Tannoudji, Gilbert Grynberg and Jacques Dupont-Roc, Processus d'interaction photons-atomes. (Atoms-Photon Interactions : Basic Processes and Applications. 1992. Wiley, New-York. ISBN 0471625566)
- Claude Cohen-Tannoudji. 2004. Atoms in Electromagnetic fields. 2nd Edition. World Scientific. Collection of his most important papers.
Наводи
уреди- ↑ Notable twentieth century scientists: Supplement - Kristine M. Krapp - Google Books. Books.google.ca. Посетено на 2013-03-09.
- ↑ „Claude Cohen-Tannoudji | Biography, Nobel Prize, & Facts | Britannica“.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-02-13. Посетено на 2015-03-27.
- ↑ Francis Leroy (13 Mar 2003). A Century of Nobel Prize Recipients: Chemistry, Physics, and Medicine. стр. 218.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Arun Agarwal (15 Nov 2005). Nobel Prize Winners in Physics. стр. 298.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ 6,0 6,1 6,2 Claude Cohen-Tannoudji. „Claude Cohen-Tannoudji - Autobiographical“. NobelPrize.org. Посетено на 13 February 2015.
- ↑ Bardou, F., Bouchaud, J. P., Aspect, A., & Cohen-Tannoudji, C. (2001). Non-ergodic cooling: subrecoil laser cooling and Lévy statistics.
- ↑ „The Nobel Prize in Physics 1997“. nobelprize.org. The Nobel Foundation. 1997. Посетено на 14 December 2014.
- ↑ „Claude Cohen-Tannoudji“ (француски). École normale supérieure. Архивирано од изворникот на 2015-02-25. Посетено на 14 December 2014.
Надворешни врски
уреди„Клод Коен-Тануџи“ на Ризницата ? |