Роберт Вудро Вилсон

Роберт Вудро Вилсон (англиски: Robert Woodrow Wilson 10 јануари 1936) — американски астроном, кој во 1978 ја добил Нобеловата награда за физика, заедно со Арно Алан Пензијас во 1964 го откриле космичкото позадинско зрачење. Наградата за заслугите исто така била споделена и со трет научник, Петар Капица, за одделна работа.

Роберт Вудро Вилсон (лево) со Арно Алан Пензијас
Роден(а)10 јануари 1926(1926-01-10)(98 г.)
Хјустон, Тексас, САД
ЖивеалиштеЊу Џерси
НационалностСАД Американец
ПолињаФизика
ОбразованиеРајски Универзитет
Калифорниски институт за технологија
Познат поКосмичко позадинско зрачење
Поважни наградиДраперов медал (1977)
Нобелова награда за физика (1978)

Додека работеле на нов тип на антена во Беловите лаборатории во Њу Џерси, пронашле извор на звук во атмосферата што не можеле да го објаснат.[1] По отстранувањето на сите можни извори на звук, меѓу кои и птичјите падови на антената, звукот конечно го индетификувале како космичко позадинско зрачење, кое било од големо значење за „Биг Бенг“ теоријата.

Живот и работа

уреди

Роберт Вудро Вилсон е роден на 10 јануари 1936, во Хјустон, Тексас, САД. Дипломирал во Средното училиште Ламар во Ривер Оукс, во Хјустон,[2] и студирал додипломски студии во Рајскиот универзитет, исто така во Хјустон, каде што наишол на друштвото „Фи Бета Капа“. Неговите дипломски студии биле извршени во Калифорнискиот институт за технологија.

Вилсон и Пензијас исто така го добиле и Драперовиот медал на Американската национална академија на науки во 1977.[3]

Вилсон останал во Беловите лаборатории сè до 1994, кога станал искусен научник во Харвард-Смитсоновиот центар за астрофизика во Кембриџ, Масачусетс, каде што е и ден денс.[4]

Вилсон е жител на Њу Џерси.[5]

Наводи

уреди
  1. Penzias, A.A.; Wilson, R.W. (1965). „A Measurement of Excess Antenna Temperature at 4080 Mc/s“. Astrophysical Journal. 142: 419–421. Bibcode:1965ApJ...142..419P. doi:10.1086/148307.
  2. "Distinguished HISD Alumni Архивирано на 15 мај 2012 г.," Houston Independent School District
  3. „Henry Draper Medal“. National Academy of Sciences. Посетено на 24 February 2011.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2015-03-13.
  5. Nobel Lectures, Physics 1971-1980, Editor Stig Lundqvist, World Scientific Publishing Co., Singapore, 1992. Autobiography Архивирано на 21 јануари 2013 г.. Accessed March 15, 2011. „Ние сѐ уште живееме во куќата во Холмдел која ја купивме кога првпат дојдов во Беловите лаборатории.“

Надворешни врски

уреди