Питер Хигс

британски физичар и нобеловец

Питер Вер Хигс (англиски: Peter Ware Higgs; 29 мај 1929 - 8 април 2024) — британски теориски физичар, нобеловец и почесен професор на Единбуршкиот универзитет.[3][4]

Питер Хигс
Peter Higgs
Хигс во 2013 г.
Роден(а)Питер Вер Хигс
29 мај 1929(1929-05-29)(95 г.)
Њукасл, Англија
Починал(а)8 април 2024(2024-04-08) (возр. 94)
Единбург, Шкотска
ЖивеалиштеЕдинбург, Шкотска
НационалностБританец
Полињатеориска физика
УстановиЕдинбуршки универзитет
Империјален колеџ Лондон
Кралев колеџ Лондон
Универзитетски колеџ Лондон
ОбразованиеКралев колеџ Лондон
Теза„Некои проблеми во теоријата на молекулските треперења“ (1955)
Докторски менторЧарлс Кулзон[1]
Х.К. Лонгет-Хигинс [2]
ДокторандиКристофер Бишоп
Луис Рајдер
Дјвид Волес[1]
Познат понарушување на симетријата во електрослабата теорија
Хигсов бозон
Хигсово поле
Хигсов механизам
Поважни наградиНобелова награда за физика (2013)
Волфова награда за физика (2004)
награда „Џ.Џ. Сакурај“ (2010)
Дираков медал (1997)
Радерфордов медал и награда (1984)
Хјузов медал (1981)
Страница
ph.ed.ac.uk/higgs

Најпознат е како предлагач на појавата наречена нарушување на симетријата кај електрослабата теорија, со кој се опишува настанокот на масата на елементарните честички, особено осврнувајќи се на W и Z бозоните. Оваа појава истовремено ја предложиле уште неколку физичари, но денес се нарекува Хигсов механизам и го предвидува постоењето на честичката Хигсов бозон, опишана како „најбараната честичка во современата физика“[5][6]. на 4 јули 2012 г. CERN по опитен пат го утврдиле постоењето на ваков бозон,[7], и на 14 март 2013 г. го потврдиле согласно очекуваните две основи својства (позитивен паритет и спин еднаков на нула)[8]. Со ова, честичката станала првиот познат скаларен бозон откриен во природата.[9] Хигсовиот механизам се смета за мошне важен составен дел од стандардниот модел на честичната физика, без кој извесни честички би немале никаква маса.[10]

Хигс има добиено бројни признанија за неговата работа, меѓу кои Хјузов медал од Кралското друштво (1981), Радерфордов медал од Институтот за физика во Лондон (1984), Дираков медал за извонредни придонеси за теориската физика од Институтот за физика во Лондон (1997), Награда за високоенергетска честична физика од Европското физичарско друштво (1997), Волфова награда за физика (2004), медал „Оскар Клајн“ од Кралската шведска академија на науките (2009), наградата Џ.Џ. Сакурај на Американското физичарско друштво за теориска честична физика (2010) и посебниот пригоден Хигсов медал од Кралското друштво во Единбург (2012).[11] Во 2013 г. ја добил Нобеловата награда за физика заедно со Франсоа Англер по предлог на Стивен Хокинг.[12] Истата година од кралицата го добил и орденот „Придружник на честа“.[13][14]

Младост и образование

уреди

Хигс е роден во Њукасл, Англија од татко Англичанец и мајка Шкотланѓанка.[11][15][16] Татко му бил аудиотехничар во Би-би-си. Дел од основното образование го стекнал дома поради честите преселби условени од неговиот задув, работата на татко му и Втората светска војна. Подоцна татко му бил испратен на работа во Бедфорд, а Хигс и мајка му останле во Бристол, каде тој пораснал. Од 1941 до 1946 г. ја посетувал гимназијата Котам во Бристол[11][17] каде добил инспирација од работата на Пол Дирак — еден од основоположниците на квантната механика кој бил поранешен ученик во училиштето.[15]

Во 1946 г. на возраст од 17 години Градско училиште во Лондон, каде се задржал на математиката, а во 1947 г. се запишал во Кралевиот колеџ Лондон, каде во 1950 г. дипломирал физика со почести од прва класа и две години подоцна магистрирал. Добил истражувачка стипендија,[18] и во 1954 г. докторирал молекуларна физика под менторство на професорите Чарлс Кулзон и Кристофер Лонгет-Хигинс со тезата „Некои проблеми во теоријата на молекулските треперења“.[11][19] Од 1954 до 1956 г. бил виш научен работник на Единбуршкиот универзитет, а потоа разни на разни академски места во Империјалниот колеџ и Универзитетскиот колеџ во Лондон, каде привремено предавал и математика. Во 1960 г. се вратил на Единбуршкиот универзитет, каде станал асистент на Институтот за математичка физика Тејт и конечно се преселил во градот.[20][21] ВО 1970 г. е назначен за доцент по физика, а во 1983 г. станал член на Кралското друштво во Единбург.[11]

Во 1980 г. Хигс застанал на чело на катедрата по теориска физика, а во 1983 г. станал академик во Кралското друштво|Кралско друштво|Кралското друштво во Лондон. Следната година го добил Радерфордовиот медал, а во 1993 г. и член на Институтот за физика. Активната кариера ја завршил во 1996 г. и станал почесен професор на Едибуршкиот унивезитет.[3] Во 1997 г. добил почесна диплома од Бристолскиот универзитет, а во 2008 г. станал почесен научен соработник на Универзитетот во Свонзи како признание за неговата работа на полето на честичната физика.[22]

Истражувања и дела

уреди

Во Единбург, Хигс почнал да се интересира за масата, разработувајќи ја претставата дека при настанокот на вселената, честичките биле безмасни, и се стекнале со маса во дел од секундата подоцна при заемодејство со некакво теориско поле (денес познато како Хигсово поле). Претпоставувал дека ова поле ја исполнува целата вселена и им дава маса на сите елементарни честички што доаѓаат во допир со него.[15][23]

Хигсовиот механизам го претпоставува постоењето на Хигсовото поле кое им дава маса на кварковите и лептоните.[24] Меѓутоа, ова поле е одговорно за само многу мал дел од масата на други видови честички како протоните и неутроните, додека најголемиот дел од масата ја добиваат од глуоните што ги врзуваат кварковите.

Првичната основна замисла во работата на Хигс потекнува од јапонско-американскиот физичар и нобеловец Јојчиро Намбу од Чикашкиот универзитет, односно неговата предложена теорија за спонтано нарушување на симетријата изведено од забележаните појави во суперспроводливостта кај кондензираната материја. Меѓутоа, теоријата на Намбу подразбира постоење на безмасни честички (Голсдстонова теорема), кое се покажало како неточно.[3]

Хигс пак, од своја страна, сметал дека безмасните честички не мора да се јават при спонтаното нарушување на месната симетрија во релативистичката теорија[25]) наспроти претпоставките на Голсдстоновата теорема и во 1964 г. објавил труд во европскиот физички часопис Physics Letters во уредништво на CERN од Швајцарија.[26]

Во втор труд, Хигс го образложил неговиот теориски модел (денес наречен Хигсов механизам), но истиот бил одбиен бидејќи уредништвото на Physics Letters сметало „нема очигледна релевантност на физиката“[15]). Хигс го дополнил трудот и го испратил во часописот Physical Review Letters, кој го објавил во 1964 г. Во овој труд се предвидува постоењето на нов масен бозон со спин нула (денес познат како Хигсов бозон).[25][27] До сличен ваков заклучок истовремено дошле и други физичари како Роберт Браут, Франсоа Англер[28] Џералд Гуралник, К.Р. Хаген и Том Кибл[29]. Во објавениот труд, Хигс ги наведува Бру и Англер, додека пак во третиот труд ги наведува останатите и сите имаат добиено групно признание за нивните трудови,[30] кои имаат значајни сличности, но и разлики во предвидувањата.[25][31]

На 4 јули 2012 г. CERN дека опитите со ATLAS и Компактниот мионски соленоид (CMS) укажуваат на присуството на нова честичка која може да биде Хигсов бозон во подрачјето на 126 гигаелектронволти.[32] На тоа, Хигс бил воодушевен, изјавувајќи вчудовидување дека откритието е направено додека е уште жив.[7]

Признанија

уреди

Државни награди

уреди

Во 2011 г. Хигс ја добил уважената Награда на Единбург за лица заслужни за градот.[33]

Во 2012 г. му е врачена свечена другарска шолја од градоначалникот на Единбург по повод откривањето на неговата плоча со отисоци во дворот на градската управа, заедно со другите претходни добитници.[34][35][36]

Во 2013 г. ја добил почесната Слобода на градот Бристол, а во 2014 г. му ја врачиле Слободата на Њукасл. Добил и метална плоча на кејот во Њукасл како дел од иницијативата за поставање спомен-плочи на заслужни граѓани.

Хигсов центар за теориска физика

уреди

Единбуршкиот универзитет има институт за истражувања во област ана теориската физика наречен Хигсов центар за теориска физика (Higgs Centre for Theoretical Physics) во чест на научникот.[37] Центарот има задача да ги здружува научниците ширум светот во потрагата по „подлабоки сознанија за законитостите на вселената“ и е сместен во зградата „Џејмс Кларк Максвел“ при Факултетот за физика и астрономија. Има и своја професорка катедра наречена по Хигс.[38] [39]

Нобелова награда за физика

уреди

На 8 октомври 2013 г. излегло соопштение дека Питер Хигс и Франсоа Англер заеднички ќе ја добијат Нобеловата награда за физика „за теориското откривање на механизам кој дава придонес кон нашите сознанија за потеклото на масата на субатомските честички, а кој неодамна се потврди со откривањето на претпоставената фундаментална честичка од опитите ATLAS и CMS во Големiot хадронски судирач на CERN“.[40] Хигс во прво време не знаел за наградата, и дознал дека станал нобеловец од жена која подзапрела автомобилот на улица за да му честита, бидејќи немал мобилен телефон или друго средство по кое би добил непосредно соопштение.[41][42]

Почесен придружник

уреди

Во 1999 г. Хигс одбил витештво, но во 2012 г. го прифатил Орденот на Почесен придружник.[43][44] Подоцна се изјаснил дека наградата ја прифатил бидејќи му било погрешно речено дека е подарок исклучиво од самата кралица и се изјаснил против државите почести како витештвата и слични бидејќи се користат „како средства за постигнување на политички цели на власта“. Наградата која ја прифатил не носи титула, туку само почесната наставка CH што се става по името. Во врска со тоа, Хигс изјавил дека, кога луѓето го прашуваат што значи наставката, тој одговара „почесен Швајцарец“[45] Орденот му е врачен од кралицата на 1 јули 2014 г.[46]

Почесен докторат

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Питер ХигсПроект „Математичко родословие“ (англиски)
  2. „Peter Ware Higgs CH DSc PhD MSc BSc FRS FRSE FInstP“. ph.ed.ac.uk. initially under the supervision of Charles Coulson and, subsequently, Christopher Longuet-Higgins
  3. 3,0 3,1 3,2 Griggs, Jessica (Summer 2008) The Missing Piece Архивирано на 16 јуни 2013 г. Edit the University of Edinburgh Alumni Magazine, p. 17
  4. Overbye, Dennis (15 September 2014). „A Discoverer as Elusive as His Particle“. New York Times. Посетено на 15 September 2014.
  5. Griffiths, Martin (1 мај 2007) physicsworld.com The Tale of the Blog's Boson посет. 27 мај 2008 г
  6. Fermilab Today (16 јуни 2005) Fermilab Results of the Week. Top Quarks are Higgs' best Friend посет. 27 мај 2008 г
  7. 7,0 7,1 „Higgs boson-like particle discovery claimed at LHC“. BBC. 4 July 2012.
  8. Pralavorio, Corinne (14 March 2013). „New results indicate that new particle is a Higgs boson“. CERN. Посетено на 14 March 2013.
  9. Naik, Gautam (14 March 2013). „New Data Boosts Case for Higgs Boson Find“. Wall Street Journal. Посетено на 15 March 2013. „Никогаш немаме сретнато елементарна честичка со спин еднаков на нула“ — изјавил осфордскиот честичен физичар Тони Вајдберг кој исто така бил вклучен во опитите на CERN
  10. Rincon, Paul (10 март 2004) Fermilab 'God Particle' may have been seen посет. 27 мај 2008 г
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 Staff (29 ноември 2012) Peter Higgs: Curriculum Vitae The University of Edinburgh, School of Physics and Astronomy посет. 9 јануари 2012 г
  12. Amos, Jonathan (8 October 2013) Higgs: Five decades of noble endeavour BBC News Science and Environment; посет. 8 октомври 2013 г
  13. „No. 60367“. The London Gazette (invalid |supp= (help)). 29 December 2012. London Gazette uses unsupported parameters (help)
  14. Rincon, Paul (28 December 2012). „Peter Higgs: honour for physicist who proposed particle“. BBC News website. Посетено на 29 December 2012.
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 Sample, Ian. "The god of small things", The Guardian, 17 November 2007, weekend section.
  16. Macdonald, Kenneth (10 April 2013) Peter Higgs: Behind the scenes at the Universe. BBC.
  17. The Cotham Grammar School, a High-Performing Specialist Co-operative Academy The Dirac-Higgs Science Centre Архивирано на 23 мај 2013 г. посет. 10 јануари 2013 г
  18. 1851 Royal Commission Archives
  19. King's College London. „Professor Peter Higgs“. Посетено на 8 October 2013.
  20. Mackenzie, Kate (2012) "It Was Worth The Wait" The Interview, The University of Edinburgh Alumni Magazine, Winter 2012/13
  21. Professor Peter Higgs broadcast footage. University of Edinburgh. Се случува во 2:00. http://vimeo.com/37175057. 
  22. „Swansea University Honorary Fellowship“. Swansea University. Архивирано од изворникот на 2012-10-12. Посетено на 20 December 2011.
  23. "Higgs particle", Encyclopaedia Britannica, 2007.
  24. doi:10.1007/s12045-012-0110-z
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  25. 25,0 25,1 25,2 Staff (5 јануари 2012) Brief History of the Higgs Mechanism The Edinburgh University School of Physics and Astronomy, посет. 10 јануари 2013 г
  26. doi:10.1016/0031-9163(64)91136-9
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  27. doi:10.1103/PhysRevLett.13.508
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  28. doi:10.1103/PhysRevLett.13.321
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  29. doi:10.1103/PhysRevLett.13.585
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  30. „Physical Review Letters – 50th Anniversary Milestone Papers“. Prl.aps.org. Посетено на 5 July 2012.
  31. doi:10.1103/PhysRev.130.439
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  32. „Higgs within reach“. CERN. 4 July 2012. Посетено на 6 July 2012.
  33. „The Edinburgh Award“. The City of Edinburgh Council. Архивирано од изворникот на 2012-07-29. Посетено на 3 July 2012.
  34. „Acclaimed physicist presented with Edinburgh Award“. The City of Edinburgh Council. 27 February 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-31. Посетено на 3 July 2012.
  35. 'They'll find the God particle by summer.' And Peter Higgs should know“. The Scotsman. 25 February 2012. Посетено на 3 July 2012.
  36. „Higgs: Edinburgh Award is a great surprise“. BBC. 24 February 2012. Посетено на 3 July 2012.
  37. „Higgs Centre for Theoretical Physics“. The University of Edinburgh.
  38. „Prof Higgs: nice to be right about boson“. The Guardian. London. 6 July 2012. Посетено на 6 July 2012.
  39. „University to support new physics research“. The University of Edinburgh. 6 July 2012. Посетено на 6 July 2012.
  40. „Press release from Royal Swedish Academy of Sciences“ (PDF). 8 October 2013. Посетено на 8 October 2013.
  41. „Peter Higgs was told about Nobel Prize by passing motorist“. Архивирано од изворникот на 2013-10-11. Посетено на 2015-03-14.
  42. Prof Peter Higgs did not know he had won Nobel Prize (BBC News)
  43. „Peter Higgs turned down knighthood from Tony Blair“. The Scotsman. 16 October 2013. Посетено на 12 May 2014.
  44. Rincon, Paul (29 December 2012). „Peter Higgs: honour for physicist who proposed particle“. BBC News. Посетено на 12 May 2014.
  45. Aitkenhead, Decca (6 December 2013). „Peter Higgs interview: 'I have this kind of underlying incompetence'. The Guardian. Посетено на 12 May 2014.
  46. Press Association (1 July 2014). „Physicist Higgs honoured by Queen“. The Courier. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 2015-03-14.
  47. „St Andrews honours father of the Higgs Boson particle“. University of St Andrews. 7 May 2014. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 9 June 2014.

Надворешни врски

уреди