Хидеки Јукава (јапонски: 湯川秀樹 23 јануари 19078 септември 1981), бил јапонски теориски физичар, воедно и првиот јапонски нобелист. Во 1932 претскажал дека во јадрото дејствуваат силни заемодејства кои се одвиваат преку размена на мезони(грчки: μέσος ; во превод: среден).

Хидеки Јукава
湯川 秀樹
Роден(а)23 јануари 1907(1907-01-23)
Токио, Јапонија
Починал(а)8 септември 1981(1981-09-08) (возр. 74)
Кјото, Јапонија
НационалностЈапонија Јапонец
ПолињаТеориска физика
УстановиЦарски универзитет Осака
Царски универзитет Кјото
Токиски царски универзитет
Институт за напредни студии
Колумбиски универзитет
ОбразованиеЦарски универзитет Кјото
МенториКајуро Тамаки
Влијание одЕнрико Ферми
Поважни наградиНобелова награда за физика (1949)
Ломоносов златен медал (1964)

Животопис

уреди

Бил роден како Хидеки Огава во Токио и детството го поминал во Кјото. Во 1929, по примената диплома од Царскиот универзитет Кјото, останал како предавач четири години. По дипломирањето, почнал да се интересира за теориската физика, поточно за теоријата на елементарните честички. Во 1932, се оженил со Суми Јукава (јапонски: 湯川スミ), и неговото семејно име било променето во Јукава. Заедно имале два сина, Харуми и Такаки. Во 1933 станал професор асистент во Осака универзитетот, на 26 годишна возраст.

Во 1935 ја објавил својата теорија за мезонот, каде е објаснето заемодејството помеѓу протоните и неутроните, која извршила големо влијание врз истражувањето на елементарните честички. Во 1940 станал професор во Кјотскиот универзитет. Во 1940 ја добил Царската награда на јапонската академија. Во 1949 станал професор во Колумбискиот универзитет, истата таа година ја добил и Нобеловата награда за физика, по откритието на пионот од страна на Сесил Франк Пауел, Џузепе Окиалини и Цезар Латес, откритие кое било предвидено од Јукава во 1947. Јукава исто така работел и на теоријата за К-зафатот, каде што електрон со ниско енергетско ниво е апсорбиран од јадрото.[1]

Јукава станал првиот претседател на Јукава институтот за теориска физика. Парискиот универзитет му доделил докторат и почесно учество во Кралското друштво.

Бил уредник на „Напредок на теориската физика“[2] и ги објавил книгите „Запознавање со квантната механика“(1946) и „Запознавање со теоријата на елементарните честички“ (1948).

Во 1955, се придружил на други десет водечки научници и интелектуалци во склучување на Расел-Ајнштајновиот манифест, кој повикува на јадрено разоружување.

Јукава се пензионирал од Кјотскиот универзитет во 1970 како „Професор Емеритус“. Како резултат на неговата физичка слабост, тој во неговите последни години од животот се појавил пред јавноста во инвалидска количка. Умрел во својот дом во „Sakyo-ku“, Кјото, на 8 септември 1981 од пневмонија и срцева слабост, на 74 годишна возраст. Неговиот гроб е во „Higashiyama-ku“, Кјото.

Соло виолинистот Дијана Јукава (јапонски: ダイアナ湯川) — роднина на Хидеки Јукава.

Награди и почести

уреди
  • Кралска награда (1940)
  • Академска Нома награда (1941)
  • Поредок на културата (1943)
  • Нобелова награда за физика (1949)
  • Странски член на Лондонското кралско друштво (1963) [10]
  • Ломоносов златен медал (1964)
  • Поредок на Федерална Република Германија, Меритски медал (1967)
  • Медал за Папската академија на науките (1967)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. pp. 11–12, K-Electron Capture by Nuclei, Emilio Segré, chapter 3 in Discovering Alvarez: selected works of Luis W. Alvarez, with commentary by his students and colleagues, Luis W. Alvarez and W. Peter Trower, University of Chicago Press, 1987, ISBN 0-226-81304-5.
  2. Yukawa Institute for Theoretical Physics; Gakkai, Nihon Butsuri (1946). Progress of Theoretical Physics. Kyoto: Yukawa Institute for Theoretical Physics and Physical Society of Japan. OCLC 44519062. Посетено на 2008-03-03.

Надворешни врски

уреди