Шарл Едуар Гијом

швајцарски физичар (1861-1837)

Шарл Едуар Гијом (француски: Charles Édouard Guillaume 15 февруари 186113 мај 1938) — швајцарски физичар кој бил награден со Нобелова награда за физика во 1920 „за придонесот кон физиката во врска со прецизното мерење преку откривањето на аномалиите на легурите на челичен никел“

Шарл Едуар Гијом
Роден(а)15 февруари 1861(1861-02-15)
Флериер, Швајцарија
Починал(а)13 мај 1938(1938-05-13) (возр. 77)
Севр, Франција
НационалностШвајцарија Швајцарец
ПолињаФизика
УстановиМеѓународно биро за тегови и мери, Севр
ОбразованиеЕТХ Цирих
Познат поИнвар и Елинвар
Поважни наградиЏон Скотов медал (1914)
Нобелова награда за физика (1920)
Дуделов медал и награда (1928)

Гијом е познат по својот пронајдок на легурите на челичен никел кои ги нарекол инвар и елинвар. Инварот има близу нула коефициент на топлинско ширење, што го прави корисен во изградба на прецизни инструменти чии димензии треба да останат исти при промена на температурата. Елинварот има близу нула топлински коефициент на еластичниот модул, што го прави корисен во изградба на инструменти со извори кои треба да бидат непроменети при промена на температурата, како што е морскиот хронометар. Елинварот е исто така немагнетен, уште едно корисно својство за антимагнетни часовници.

Како син на швајцарски хорологист, Гијом се заинтересирал за морските хронометри. За употреба како што е надоместна рамнотежа тој создал мала варијација на легурата инвар која имала негативен квадратен коефициент на ширење. Целта на ова била да се елиминира проблемот со „средната температура“ на балансното тркало.[1]

Гијом бил директор на Меѓународното биро за тегови и мери.[1] Тој работел со Кристијан Биркеланд, служејќи во Париската опсерваторија - делот „Медон“. Тој извел неколку експерименти со термостатски мерења во опсерваторија. Тој бил првиот што прецизно ја определил температурата на просторот.

Гијом се оженил со А. М. Тафлиб во 1888, со која имал три деца.

Публикации

уреди
 
1922 портрет во пастел од Луиз Кетрин Бреслау
  • Guillaume, Charles-Edouard (1896). „La Température de L'Espace (Температура на просторот)“. La Nature. Архивирано од изворникот на 2012-07-16.
  • Guillaume, Charles-Edouard (1886). „Études thermométriques (Истражувања за термометрија)“. Отсутно или празно |url= (help)
  • Guillaume, Charles-Edouard (1889). „Traité de thermométrie (Расправа за термометрија)“. Отсутно или празно |url= (help)
  • Guillaume, Charles-Edouard (1894). „Unités et Étalons (Единици и стандарди)“. Отсутно или празно |url= (help)
  • Guillaume, Charles Édouard (1896). „Les rayons X (X-зраци)“. Отсутно или празно |url= (help)
  • Guillaume, Charles Édouard (1898). „Recherches sur le nickel et ses alliages (Истрага за никелот и неговите легури)“. Отсутно или празно |url= (help)
  • Guillaume, Charles Édouard (1899). „La vie de la matière (Животот на материјата)“. Отсутно или празно |url= (help)
  • Guillaume, Charles Édouard (1902). „La Convention du Mètre et le Bureau international des Poids et Mesures (Метричка конвенција и Меѓународното биро за тегови и мери)“. Отсутно или празно |url= (help)
  • Guillaume, Charles Édouard (1904). „Les applications des aciers au nickel (Апликации на челичен никел)“. Отсутно или празно |url= (help)
  • Guillaume, Charles Édouard (1907). „Des états de la matière (Состојби на материјата)“. Отсутно или празно |url= (help)
  • Guillaume, Charles Édouard (1907, 1913). „Les récents progrès du système métrique (Непосреден напредок во метричкиот систем)“. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help); Отсутно или празно |url= (help)
  • Guillaume, Charles Édouard. „Initiation à la Mécanique (Вовед во механиката)“. Отсутно или празно |url= (help)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Gould, p.201.
  • Nobel Lectures, Physics 1901-1921, " Charles-Edouard Guillaume Архивирано на 3 август 2004 г. – Biography". Elsevier Publishing Company, Amsterdam.
  • lanl.gov, "History". Pioneers in the development of the Plasma Universe.
  • Rupert Thomas Gould, The Marine Chronometer: its history and development, Holland Press, 1960.

Надворешни врски

уреди