Отвори го главното мени

Волфганг Кетерле (германски: Wolfgang Ketterle 21 октомври 1957) — германски физичар и професор по физика на Масачусетскиот институт за технологија (МИТ). Неговото истражување се однесува на опити кои заробувале ладни атоми до температури блиски до апсолутна нула,[1] и ја раководел една од првите групи кои согледале дека постои Бозе-Ајнштајнова кондензација во овие системи во 1995 година.[2]За ова негово достигнување, како и за неговите претходни изучувања на кондензатите, бил награден со Нобелова награда за физика во 2001 година, Заедно со Ерик Корнел и Карл Виман.[3]

Волфганг Кетерле
Ketterle.jpg
Волфганг Кетерле на симпозиум во Брауновиот универзитет, 2007 година
Роден21 октомври 1957 (1957-10-21) (61 г.)
Хајделберг, Западна Германија
НационалностГерманец
ПолињаФизика
УстановиХајделбершки универзитет
МИТ
ОбразованиеХајделберчки универзитет
МТУ
МУЛМ
Макс Планков институт за квантна оптика
Докторски менторХерберт Валтер
Хартмут Фигер
Познат поБозе-Ајнштајнов кондензат
Поважни наградиБенџамин Френклинов медал за наука (2000), Нобелова награда за физика (2001)

БиографијаУреди

Кетерле се родил во Хајделберг, Баден-Виртемберг, исе школувал во Епелхајм и Хајделберг.[4] Во 1976 година се запишал на Хајделбершкиот универзитет, пред да се префрли две години подоцна на Минхенскиот технички универзитет , каде се стекнал со магистерска диплома во 1982 година.[4][5] Во 1986 година се стекнал со докторак титула во опитна молекуларна спектроскопија под менторство на Херберт Валтнер И Хартмут Фигер од Макс Планковиот институт за квантна оптика во Гархинг, пред да го спроведе подокторското истажување во Гархинг и Хајделбершкиот универзитет.[5] Во 1990 година се придружил на Дејвид Причард во Истаражувачкаta лабораторија за електроника (ИЛЕ).[4] Му било доделен место на оделот за физика при МИТ во 1993 година,и од 1998 година, тоје назначен за Џон Мекартуров професор по физика.[5] Во 2006 година, бил назначен за помошник директор на ИЛЕ и започнал да работи како оперативен директор на Центарот за ултраладни атоми при МИТ.[5]

По откривањето на Бозе-Ајнштајновата кондензација во разредени гасови во 1995 година, неговат група во 1997 година била во можност да покаже интерференција помеѓу два кондензати во судир,[6] како и првотосоздавање на „атомски ласер“, атомски аналог на оптичкиот ласер.[7] Во продолжени на опитите поврзани со Бозе_ајнштајновите кондензати кај ултраладни атоми, неговите поскори достигнувања се и создавањето на молекуларен Бозеов кондензат во 2003 година,[8] како и опит од 2005 година кој дал доказ за суперфлуидност при високи температури кај фермионски кондензат.[9]

Кетерле е истот така маратонец кој се има појавено на страниците на декемврискиот број од 2009 година на списанието Светски маратонци „Јас сум тркач“.[10] Кетерле изјавил дека ќе ги понесе своите патики за трчање во Стокхолм при доделувањето на Нобеловата награда при што трчал истото утро. Кетерле се натпреварувал на Бостонскиот маратон во 2013 година при што пристигнал со време од 2:49:16.[11]

Књтерле е член на одборот на Центарот за унапредување на образованието,[12] каде учествува во напредните предавања за средношколци, при Истражувачкиот научен институт (ИНИ), на кој присуствувал и сопствениот син на Кетерле, Џонас во 2003 година.

Објавени делаУреди

НаводиУреди

  1. „Wolfgang Ketterle“. MIT Department of Physics. конс. 27 October 2014. 
  2. Shachtman, Tom. „The Coldest Place in the Universe“, „Smithsonian Magazine“, јануари 2008 (посет. 27 октомври 2014 г).
  3. „Nobel Prize in Physics 2001“. Nobelprize.org. Nobel Media. конс. 27 October 2014. 
  4. 4,0 4,1 4,2 „Wolfgang Ketterle - Biographical“. Nobelprize.org. Nobel Media. конс. 27 October 2014. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „Curriculum Vitae - Wolfgang Ketterle“ (PDF). Alkali BEC Projects @ MIT. конс. 27 October 2014. 
  6. „Interference of Two Condensates“. Alkali BEC Projects @ MIT. конс. 27 October 2014. 
  7. Ketterle, Wolfgang (20 ноември 2002 г). Nobel lecture: When atoms behave as waves: Bose-Einstein condensation and the atom laser. „Reviews of Modern Physics“ том  74: 1131–51. http://www.mpipks-dresden.mpg.de/~yast/Articles/MyArt/RMP01131.pdf. посет. 27 октомври 2014 г. 
  8. Physicists perform ultracold coup over molecules“, „MIT News“, 18 декември 2003 (посет. 27 октомври 2014 г).
  9. „High-Temperature Superfluidity“. Atomic Quantum Gases @ MIT. конс. 27 October 2014. 
  10. Doucleff, Michaeleen. „I'm A Runner: Wolfgang Ketterle, Ph.D.“, „Runner's World“, 3 ноември 2009 (посет. 27 октомври 2014 г).
  11. „2013 Boston Marathon Top Finishers“. registration.baa.org. конс. 27 October 2014. 
  12. „Board of Trustees“. Center for Excellence in Education. конс. 27 October 2014. 

Надворешни врскиУреди