Ентони Џејмс Легет

британски физичар

Ентони Џејмс Легет (Sir Anthony James Leggett; р. 26 март 1938) — британско-американски физичар и професор по физика при Илиноишкиот универзитет од 1983 година.[1]

Ентони Џејмс Легет
Ентони Џејмс Легет
Роден(а)26 март 1938(1938-03-26)(86 г.)
Камбервел, Лондон, Англија
ЖивеалиштеСАД
ДржавјанствоДвојно британец-американец
ПолињаФизика
УстановиСасекшки универзитет
Илиноишки универзитет
ОбразованиеОксфордски универзитет
Докторски менторДирк дер Хар
ДокторандиАмир Калдеира
Познат поКалдеира-Легетов модел
основи на квантна механика
суперфлуид фаза на хелиум-3
Легет-Гаргова нееднаквост
Поважни наградиМаксвелов медал и награда (1975)
Диракова награда и медал (1992)
Нобелова награда за физика (2003)
Волфова награда за физика (2002/03)

Професор Легет е надалеку познат како светски водач во нискотемпературна физика, и неговата пионерска работа на суперфлуидноста биле наградени со Нобелова награда за физика во 2003 година.[2] Тој го оформил теоретското разбирање на нормалните и суперфлуидмните хелиумови течности и силно сврзаните во пар суперфлуиди.[3] Тој поставил насоки а истражување во квантната физика на макроскопски расејни системи и употреба на кондензирани системи за да се испитаат основите на квантната механика.[4]

Младост

уреди

Тој се родил во Камбервел, јужен Лондон, и израснал како католик.[5] Предците од татковата страна биле селски чевлари во Хемпшир, неговиот татко ја прекинал традицијата за да стане пилјар, неговиот татко ќе се потсетува како заминувал со него за да купат зеленчук од Ковент Гарден пазариште во Лондон. Родителите од мајчината страна биле со ирско потекло нејзиниот татко се иселил во Англија и работел како службеник во Чатамското пристаниште .[5] Неговата баба од мајчината страна, која доживеела осумдесет години, била испратена како домашна услуга на возраст од 12 години, таа ќе сње омажи со неговиот дедо и ќе создадат големо семејство, за подоцна во своте шеесетти да се исели во Австралија за да се придружи на својата ќерка и зет, и повторно се вратила во Британија во последните години од нејзиниот живот.

Неговите татко и мајка биле првите во своите семејствакои се стекнале со универзитетско образование, тие се сретнале и се вериле додека биле студенти нана Институтот за образование при Лондонскиот универзитет, но не биле во можност да се венчаат бидејќи неговиот татко морал да се грижи за сопствената мајка и браата и сестрите. неговиот татко работел како учител по физика, хемија и математика во основно училиште. Неговата мајка исто така била одреден период наставник по математика во основно училиште,но морала да ја напушти работата кога тој се родил. Подоцна се родиле и неговите две сестри, Клер и Џудит,и двајца браќа, Теренс и Пол, сите израснати како римски католици. Легет прстанал да ја практикува верата во неговите дваесетти години.[5]

Кусо време откако е росден, неговите родители купиле куќа во Апер Норвуд, јужен Лондон. Кога имал 18 месеци започнала Втората светска војна се преселеил во Енглефилд Грин, во мало село во Сари на работ од големиот парк на Виндзорскиот замок, каде останал до крајот на војната. По крајот на војната, тој се вратил во куќата во Апер Норвуд и живеел таму сè до 1950 година, неговиот татко предавал во училиште во североисточен Лондон а неговата мајка се грижела за петте деца. тој се образувал во месното основно католичко училиште, и подоцна, по успешното решавање на испитот „единаесет плус“ кој тој го полагал на помала возраст, по што се префрлил на Вимбелдонскиот колеџ.

Образование

уреди

Тој освоил стипендија на Оксфордскиот колеџ, во декември 1954 година и се запишал на истиот следната година со намера да се стекне со диплома покласична литература.

Тој земал и втора диплома овој пат по физика при Мертоновиот колеџ. Една личност која не ги интересирала неговите невообичаени препораки бил Дирк тер Хар, кој тогаш бил теоретски физичар и член на Магдаленскиот колеџ, па тој се запишал да истражува под негова контрола. Како и сите Харови студенти во тој период, истоштувачката теза со тема „Некои проблеми во теоријата на повеќетелни системи“, која оставила значаен степен на висина на задачата.

Дирк се интерсирал за благосостојбата на своите студенти и нивните семејства, и бил особено грижлив за тие да се стекнат со соодветна поддршка, и навистина, тој го охрабрувал Легет да се пријави за награда од друштвото во Магдаленскиот колеџ, каде бил член од 1963 до 1967 година. На крајот на Легетовата теза се состоела од проучување на два неповрзани проблеми во општата област на течниот хелиум, еден од повисокоредните фононови заемодејствени процеси кај суперфлуидниот 4He додека другиот проблем бил за својствата на разредените раствори на 4He во нормална течност 3He (систем кој се покажал помалку достапен за експериментирање отколку другата страна на фазниот дијаграм, за разредените раствори на 3He во 4He). Оксфордскиот универзитет го наградила Легет со почесна диплома во јуни 2005 година.

Кариера

уреди

Легет периодот од 1964 - август 1965 година го минал како подокторски член на Илиноишкиот универзитет заедно со Дејвид Пајнс и неговите соработници (Џон Бардин, Гордон Бајм, Лео Каданоф и останатите) кои придонесувале за плодна работна атмосфера.Подоцна тој минал една година кај професорот Такео Мацубара при Кјотскиот универзитет во Јапонија.

По уште една подокторска година која ја минал во шетање, движејки се на релацијата Оксфорд, Харвард и Илиноис во есента 1967 година тој се вработил како предавач во Сасекшкиот универзитет, каде и ќе ги помине наредните петнаесет години.

На почетокот на 1982 година тој прифатил понуда од Илиноишкиот универзитет како Мекартуров предавач место кое универзитетот го стекнал неодамна. Како што тој се посветил да остане осум месеци во Корнел на почетокот од 1983 година, тој конечно пристигнал во Урбана на почетокот на есента таа година, и останал таму досега.

Сопственото Легетово истражување се пренасочило од суперфлуидот 3He од почетокот на 1980 година, тој започнал да работи на својствата на стаклата при ниски температури, високотемпературната суперпроводливоста, [Бозе-Ајнштајнов кондензат], атомски гасови и пред сè за теоријата на експерименти дали обликот на квантната механика ќе продолжи да го опишува физичкиот свет као што се оддалечуваме од атомскиот свет во макроскопскиот свет.

Во 2007 година го прифатил работното место Ватерловскиот универзитет во Канада. Во наредните пет години, тој ќе минува по два месеци годишно на кампусот на Институтот за квантно сметање.

Тој моменталноработи како главен научник при Институт за теорија на кондензирана материја, истражувачки институт раководен од Илиноишки универзитет.

Семејство

уреди

Во јуни 1972 година тој се оженил со Харуко Кинасе. Тие се запознале на Сасекшкиот универзитет, во Брајтон, Англија. Во 1978 година, тие ја добиле ќерката Асако.[5] Неговата сопруга Харуко се стекнала со докторат по културна антропологија при Илиноишкиот универзитет и моментално се занимава со истражување на заштитниот систем за бездомници.[5] Нивната ќерка, Асако, исто така дипломирала на истиот универзитет, и то на географија и хемија.

Истражување

уреди

Неговото истражување се состоело од испитување на суперпроводливоста, проблемите поврзани со основите на квантната механика, суперфлуидноста при високи дегенеративни атомски гасови, нискотемпературни својства на аморфни цврсти тела и тополошки квантни сметања.

Во изданието од 29 декмеври 2005 година на International Herald Tribune објавена е статија, „Нови тестови на Ајнштајновата 'страшна' реалност“, што се однесувала на есенското Легетово дебатирање на конференцијата во Беркли, Калифорнија, со добитникот на Нобеловата награда Норман Ремзи од Харвардскиот универзитет во 2005 година.[6] Иако Мајкл се присеќава пристигнал таму прв. Двајцата дебатирале за вредноста на обидите да се промени квантната теорија. Легетовите мисловни обиди биле оравдани, на што Ремзи се противал. Легет верувал дека квантната механика е нецелосна бидејќи постои квантниот мерен проблем.

Прврзаност

уреди

Тој е член на Американската национална академија на науките, Американското филозофско друштво, Американската академија на науките и уметностите, Руската академија на науките (странски член), член е на Кралското друштво (Велика Британија), Американското физичко друштво и Американски институт за физика како и доживотен член на Институтот за физика.

Почести

уреди

Тој бил награден со Нобелова награда за физика во 2003 година (заедно со Виталиј Гинзбург и Алексеј Абрикосов) за пионерските придонеси за теоријата на суперпроводниците и суперфлуидите. Тој е почесен член на Институтот за физика. Тој бил назначен за Витез-заповедник на Редот на Британската Империја „за заслуги во физиката“, при роденденските почести за Кралицата во 2004 година.[7] Тој исто така е добитник на Волфовата награда во 2002/2003 година за истражување на кондензираните облици на материја (заедно со Б. Халперин). Тој исто бил награден и со Јуџин Финберговиот медал (1999). Тој бил избран и за странски соработник на Националната академија на науките во 1997 година. Тој бил избран за член на Кралското друштво. Тој е избран за странски член на Индиската национална научна академија (2011).

Наводи

уреди
  1. „Anthony Leggett UIUC Faculty page“.
  2. „Nobel Prize in Physics 2003“.
  3. A. J. Leggett. (1975). „A theoretical description of the new phases of liquid 3He“. Rev. Mod. Phys. 47 (2): 331–414. Bibcode:1975RvMP...47..331L. doi:10.1103/RevModPhys.47.331.
  4. A. O. Caldeira and A. J. Leggett. (1983). „Quantum tunneling in a dissipative system“ (PDF). Ann. Phys. 149 (2): 374–456. Bibcode:1983AnPhy.149..374C. doi:10.1016/0003-4916(83)90202-6. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-08. Посетено на 2015-03-02.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 „Anthony J. Leggett – Autobiography“.
  6. "New tests of Einstein's 'spooky' reality"
  7. „No. 57315“. The London Gazette (invalid |supp= (help)). 12 June 2004. London Gazette uses unsupported parameters (help)

Надворешни врски

уреди