Густаф Дален
Нилс Густаф Дален (шведски: Gustaf Dalén 30 ноември 1869 – 9 декември 1937) — шведски нобеловец и индустријалец, основач на AGA компанијата и пронаоѓач на AGA шпоретот и даленовата светлина. Во 1912 бил награден со Нобелова награда за физика „за изумот на автоматските вентили, дизајнирани за употреба во комбинација со акумулатори на гас во светилници и пловки“.
Густаф Дален | |
---|---|
Роден(а) | 30 ноември 1869 Фолкерк, Вастерготланд, Шведска |
Починал(а) | 9 декември 1937 Лидинго, Стокхолм, Шведска | (возр. 68)
Националност | Швеѓанец |
Полиња | Физика, машинско инженерство |
Установи | AGA |
Образование | Технички универзитет Чалмерс, Цирих |
Познат по | Сончев вентил и други уреди за регулирање на светилници |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1912) |
Рани години
уредиДален е роден во Фолкерк, мало село во Општина Фолкерк, Вестра Јеталанд. Тој управувал со семејната фарма, во која имало и пазарна градина, трговци со семе и млеко и млечни производи. Во 1892 измислил тестер за млечна маст за да го проверува квалитетот на млекото кое било доставувано и отпатувал во Стокхолм за да го покаже својот нов изум за Густаф де Лавал. Густаф де Лавал бил импресиониран од самоукиот Дален и неговиот изум и го охрабрил да стекне основно техничко образование. Го примиле во Техничкиот универзитет Чалмерс каде што се стекнал со магистерска диплома и докторат при заминување во 1896. Дален бил многу сличен пронаоѓач како и Густаф де Лавал, не плашејќи се од тестирање на „невозможни“ идеи, но Дален бил многу повнимателен со економијата на компанијата. Производите требале да бидат конкурентни на маркетот пред да воведе нов производ.
Кариера со AGA
уредиВо 1906 Дален станал главен инженер во компанијата за акумулирање на гас (производител и дистрибутер на ацетилен) и во 1909 кога била основана AGA, бил назначен за менаџер директор на компанијата. За време на неговиот живот, AGA била една од најиновативните компании во Шведска и произведувала голем број видови на производи кој растел секоја година. Конечно во раните 1970-ти AGA била приморана да го намали бројот на маркети во кои била вклучена и да се концентрира на производството на гасови за индустриска употреба.
Во 1909 се вознел на позицијата на генерален директор. AGA создавала светилници со помош на даленовите производи. Во 1910 компанијата откупила голем недвижен имот во Лидинго и изгдарила фабрика за производство која била завршена околу 1912, кога се преместиле од објектите во Стокхолм.
Даленова светлина
уредиНајпрво дален работел со ацетилен, исклучително експлозивен јаглеводороден гас. Дален го измислил агамасан-от, слој кој го апсорбира гасот со што дозволува безбедно складирање, а оттогаш и во комерцијална употреба.
Ацетиленот произведува супер-светла бела светлина и веднаш заменет запалениот течен гас петролеум како избрано гориво за осветлување на светилниците.
Дален го извезувал новото гориво, развивајќи ја даленовата светлина која вклучувала уште еден изум, „сончев вентил“. Овој уред дозволил светлината да оперира само ноќно време, заштедувајќи гориво, и зголемувајќи го нивниот рок на траење на повеќе од една година.
Даленовиот флешер бил уред кој, со исклучок на мала пилотна светилка, користел гас само за време на флеш-стазата. Ова ја намалило потрошувачката на гас за повеќе од 90%. AGA опремата за светилници работела без никаков вид на електрично снабдување и ова било доста поволно.
За непривидна крајбрежна област како Скандинавија, неговите масовно произведувани, пловаци со минимални поправки биле значаен благодат за безбедноста и животот. AGA светилниците го осветлувале целиот Панамски Канал.
AGA шпорет
уредиВо 1922 тој го патентирал неговиот изум за AGA шпоретот. Најголемиот дел од тестирањето бил изведен во неговата приватна кујна во неговата вила која била изградена кога AGA се преместила во Лидинго во 1912, но никогаш немал шанса да ја види со свои очи. Неговото семејство му помогнало со работата околу развитокот, проверка на температурата, воздушната циркулација и др.
Личен живот
уредиНеговите родители биле Андерс и Ловиса Дален. Тој се оженил со Елма Персон во 1901. Заедно имале четири деца, две ќерки и два сина:
- Маја, се омажила со Силверстолп (1904–1995)
- Гунар (1905–1970)
- Андерс (1907–1994)
- Инга-Лиса, се омажила со Кин (1910–2006)
Инцидентот во 1912
уредиНа почетокот од 1912, Дален бил ослепен во ацетиленска експлозија за време на тестирање на максимален притисок за акумулаторите. Подоцна бил награден со Нобелова награда за физика. Премногу болен за да присуствува на доделувањето, наместо Дален присуствувал неговиот брат Албин, професор во Каролинскиот институт.
Говорот при доделувањето на наградата бил посветен на жртвувањето на личната безбедност при научните експерименти, комплимент кој Дален го издига на исто рамниште со Алфред Нобел. Покрај неговото слепило, Дален ја контролирал AGA сè до неговата смрт во 1937. Тој примил повеќе од 100 патенти за време на неговиот живот.
Почести и награди
уреди- Нобелова награда за физика 1912
- Член на Кралска академија на науките (Шведска)
- Член на Академија за наука и инженерство
-
Центарот AGA за производство и развиток окилу 1920.
-
Остатоци од AGA-градбите, денес работи како центар за мали компании. AGA главната канцеларија со околу 150 вработени сè уште постои во некои од просториите. Слика: октомври 2009.
-
Густаф Дален, 1926 на врвот од својата кариера како генерален директор на AGA индустријата.
-
Вила Екбакен, приватна сопственост на семејството Дален, изградена во 1912 близу AGA фабриката за производство. Денес служи за престој на канадскиот амбасадор во Шведска.
-
Густаф Дален и неговата жена Елма, пред Вилата Екбакен, 1937.
Поврзано
уреди- Clark, R.N. "Nils Gustaf Dalén (1869-1937): Пронаоѓач, експериментатор, инженер, и нобеловец." IEEE control systems magazine (2003). v. 23 (4), pp. 68–70. doi:10.1109/MCS.2003.1213605
Надворешни врски
уреди„Густаф Дален“ на Ризницата ? |
- nobelprize.org: Gustaf Dalén biography
- Gustaf Dalén biography Архивирано на 31 октомври 2014 г. од AGA корпорацијата
- (шведски) The Dalén Museum, музеј во Фолкерк во име на Дален