Питер Земан
Питер Земан (холандски: Pieter Zeeman 25 мај 1965 - 9 октомври 1943) — холандски физичар кој ја споделил Нобеловата награда за физика со Хендрик Лоренц во 1902 за неговото откритие на Земановиот ефект.
Питер Земан | |
---|---|
Роден(а) | 25 мај 1865 Зонемeр, Холандија |
Починал(а) | 9 октомври 1943 Амстердам, Холандија | (возр. 78)
Националност | Холанѓанец |
Полиња | Физика |
Образование | Лајденски универзитет |
Докторски ментор | Хејке Камерлинг Онес |
Познат по | Земанов ефект |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1902) Матеучиев медал (1912) Хенри Драперов медал (1921) Румфордов медал (1922) Френклинов медал (1925) |
Сопружник | Јохана Елизабет Лебрет (в. 1895–1943) |
Детство и младост
уредиПитер Земан се родил во Зонемeр, Холандија, син на Катаринус Форандинус Земан, министер на Холандската реформирана црква, и Вилемина Ворст.
Се заинтересирал за физиката на рана возраст. Во 1883 Aurora поларната светлина била видлива во Холандија. Земан, во тоа време студент во средното училиште „Zierikzee“, го нацртал и опишал феноменот и го доставил до весникот „Нејчр“ (Nature), каде што бил објавен. Уредникот го пофалил „внимателното набљудување на професор Земан од неговата опсерваторија во Зонемeр“.
По завршување на средното училиште во 1883 заминал во Делфт за дополнително образование по класични јазици, тогаш неопходно за во универзитетот. Престојувал во домот на доктор Лели, раководител на гимнастичкото училиште и брат на Корнелис Лели, кој бил одговорен за концептот и реализирањето на „Зидерзи“ работата. Додека бил во Фелфт, најпрво го запознал Хејке Камерлинг Онес, кој станал негов советник за тези.
Образование и рана кариера
уредиОткако Земан ги поминал квалификационите испити во 1885, почнал да студира физика во Лајденскиот универзитет под менторство на Хејке Камерлинг Онес и Хендрик Лоренц. Во 1890, дури пред да ги заврши неговите тези, тој станал лоренцов асистент. Ова му овозможило да учествува во истражувачкиот проект за керовиот ефект. Во 1893 ги доставил неговите докторски тези за керовиот ефект, рефлексијата на поларизирана светлина на магнетизирана површина. По неговото докторирање, половина година бил во Фридрих колраушовиот инситут во Стразбур. Во 1895, по доаѓањето од Стразбур, Земан станал самостоен професор по математика и физика во Лајден. Истата година се оженил со Јохана Елизабет Лебрет (1873–1962) и заедно имале три ќерки и еден син.
Во 1896, три години по поднесувањето на неговите тези за керовиот ефект, тој не ги испочитувал наредбите на неговиот супервизор и ја употребил лабораториската опрема за да го измери разделувањето на спектарните линии на силно магнетно поле. Тој бил отпуштен поради неговите напори, но подоцна се оправдал со добивањето на Нобеловата награда за физика во 1902 за откривањето на сегапознатиот „Земанов ефект“. Како проширување на истажувањето за тезите, почнал да го истражува ефектот на магнетното поле на светлински извор. Открил дека спектарната линија е поделена на некоклу компоненти во присуство на магнетно поле. Лоренц бил првиот кој слшнал за претпоставките на Земан во сабота на 31 октомври 1896 на средбата на Холандската кралска академија на уметност и науки во Амстердам, каде што овие резултати биле изнесени од Камерлинг Онес. Следниот понеделник, Лоренц го повикал Земан во својата канцеларија и му понудил објаснување за неговите забелешки, кое се темелело на лоренцовата теорија за електромагнетно зрачење.
Важноста на откритието на Земан наскоро станала очигледна. Го потврдило предвидувањето на Лоренц околу поларизирањето на светлината емитирана во присуство на магнетно поле. Благодарение на работата на Земан се разјаснило дека осцилирачките честички кои според Лоренц се изворот на светлинската емисија се негативно наелектризирани и се илјада пати полесни од водородниот атом. Овој заклучок бил донесен пред томсоновото откритие на електронот. Земановиот ефект станал важна алатка за разјаснување на структурата на атомот.
Професор во амстердам
уредиЗеман студирал физика кај професорите Хендрик Антон Лоренц и Хејке Камерлинг Онес на Универзитетот во Лајден. По завршувањето на студиите тргнал во Лајден каде што работел како доцент. Во 1897 бил во Универзитетот во Амстердам и таму станал редовен професор од 1900 година.
Поради неговото откритие, на Земан му била понудена позиција на предавач во Амстердам во 1897. Во 1900 ова било проследено со неговата промоција на професор по физика во Амстердамскиот универзитет. Во 1902, заедно со неговиот поранешен ментор Лоренц, тој ја добил Нобеловата награда за физика за откривањето на земановиот ефект. Пет години подоцна, во 1908, го надминал Јоханес ван дер Валс како професор и директор на Институтот по физика во Амстердам.
Новоизградена лабораторија во Амстердам во 1923 била преименувана во „Земанова лабораторија“ во 1940. Овој нов објект му овозможил на Земан да изведе соодветно истражување на земановиот ефект.
Доцни години
уредиВо 1898 Земан бил одбран за член на Кралската академија за уметност и науки на Холандија во Амстердам и работел како секретар од 1912 до 1920. Го добил Хенри Драперовиот медал во 1921 и многу други награди. Земан исто така бил избран за странски член на Кралското друштво во 1921. Во 1935 се пензионирал. Земан починал на 9 октомври 1943 во Амстердам и бил погребан во Харлем.
Награди и почести
уредиЗеман ги добил следниве награди за неговиот придонес.
- Нобелова награда за физика (1902)
- Матеучиев медал (1912)
- Хенри Драперов медал од Националната академија за уметност и науки во САД (1921)[2]
- Румфордов медал (1922)
- Френклинов медал (1925)
Кратерот Земан на месечината е именуван во негово име.
Објавени дела
уреди- Zeeman, P (1914). „Fresnel's coefficient for light of different colours. (First part)“. Royal Netherlands Academy of Art and Sciences, Proceedings. 17 (I): 445–451.
- Zeeman, P (1915). „Fresnel's coefficient for light of different colours. (Second part)“. Royal Netherlands Academy of Art and Sciences, Proceedings. 18 (I): 398–408.
Наводи
уреди- ↑ "Although not included in the published paper, you may be interested in a picture of Pieter Zeeman, as well as a photo he took of the effect named for him. " [1]
- ↑ „Henry Draper Medal“. National Academy of Sciences. Посетено на 19 February 2011.
- Bertrand, Gabriel (20 December 1943b), „Allocution“, Comptes rendus hebdomadaires des séances de l'Académie des sciences (француски), Paris, 217: 625–640, available at Gallica. The "Address" of Gabriel Bertrand of December 20, 1943 at the French Academy: he gives biographical sketches of the lives of recently deceased members, including Pieter Zeeman, David Hilbert and Georges Giraud.
Надворешни врски
уреди„Питер Земан“ на Ризницата ? |
- Биографија Питер Земан (1865. – 1943.) Архивирано на 5 февруари 2012 г. во Националната библиотека на Холандија
- Питер Земан (Универзитет во Лајден)
- Фотографија и информации Архивирано на 16 март 2006 г.
- biography Архивирано на 30 август 2004 г. во Нобеловиот е-музеј и Nobel Lecture.
- Музеј „Boerhaave“ Negen Nederlandse Nobelprijswinnaars Архивирано на 2 октомври 2006 г.
- Ана Кокс, Wetenschappelijke feiten en postmoderne fictie in de wetenschapsgeschiedenis Архивирано на 22 мај 2007 г., инаугуративно предавање (1999).
- Пим де Бје, prof.dr. P. Zeeman Zonnemaire 25 mei 1865 - Amsterdam 9 oktober 1943 Архивирано на 5 мај 2010 г. гробното место на Питер Земан