Албер Фер
Албер Фер (француски: Albert Fert) (Каркасон, 7 март 1938) — француски физичар и еден од откривачите на џиновскиот магнетоотпор што довело до напредок кај гигабитните тврди дискови. Тој е професор во пензија на Јужниот париски универзитет во Орсе и директор на содружната лабораторија ('Unité mixte de recherche') меѓу Националниот научен истражувачки центар и групацијата Талес. Исто така тој е придружен професор и на Мичигенскиот државен универзитет. Тој бил награден со Нобелова награда за физика во 2007 година заедно со Петер Гринберг.
Албер Фер | |
---|---|
Париски Декартов универзитет 2009 година, Париз | |
Роден(а) | 7 март 1938 Каркасон, Од, Франција |
Живеалиште | Париз, Франција |
Националност | француска |
Полиња | Физика |
Установи | Јужен париски универзитет, Мичигенски државен универзитет |
Образование | Виша нормална школа |
Докторски ментор | Ј. A. Кемпбел |
Познат по | Џиновски магнетоотпорен ефект |
Поважни награди | Златен медал од CNRS (2003) Волфова награда за физика (2006) Јапонска награда (2007) Нобелова награда за физика (2007) |
Животопис
уредиФер дипломирал во 1962 година на Вишата нормална школa во Париз. Тој го примил својот докторат во 1963 година и докторатот на науки, од Орсејски факултет за науки и Парискиот универзитет.
Во 1988 година Фер го открил џиновскиот магнетоотпор (GMR) во повеќеслојните железо и хром. Петер Гринберг од Јилиховиот истражен центар истовремено и независно го открил истиот ефект. Овие две откритија се признати како раѓање на спинтрониката. Од 1988 година, Албер Фер има направено доста откритија и во полето на спинтрониката. Тој е член на Фондацијата за еколошка иднина од 2011 година.[1]
Почести и награди
уреди- Американско друштво на физичари Меѓународна награда за нови материјали (1994)
- Главна награда за физика Жан Рикар од Француското друштво на физичари (1994)
- Меѓународен сојуз за чиста и применета физика Награда за магнетизам (1994)
- Хјуит-Пакардова еврофизичка награда (1997)
- Национален научен истражувачки центар Златен медал (2003)
- Волфова награда за физика (2006)
- Јапонска награда (2007)
- Член на Француската академија на науките од 2004
- Нобелова награда за физика (2007)
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-10-06. Посетено на 2015-03-08.
- „The Nobel Prize in Physics 2007“. Royal Swedish Academy of Sciences. 2007-10-09.
- Fert, Albert; Fert, A.; Nguyen Van Dau, F.; Petroff, F.; Etienne, P.; Creuzet, G.; Friederich, A.; Chazelas, J.; и др. (November 1988). „Giant Magnetoresistance of (001)Fe/(001)Cr Magnetic Superlattices“. Physical Review Letters. 61 (21): 2472–2475. Bibcode:1988PhRvL..61.2472B. doi:10.1103/PhysRevLett.61.2472. PMID 10039127.
Надворешни врски
уреди- Unité Mixte de Physique CNRS/Thales official website Архивирано на 20 октомври 2007 г.