Исаму Акасаки

јапонски научник и нобеловец

Исаму Акасаки (јапонски: 赤﨑 勇 30 јануари 1929) — јапонски научник и добитник на Нобелова награда за физика, познат по откривањето на галиум нитридната (GaN) p-n сврзна сина LED диода во 1989 и подледователно на високосјајната GaN-на сина LED диода.[1][2][3][4][5]

Исаму Акасаки
Роден(а)30 јануари 1929(1929-01-30)(95 г.)
Хиран, Каванабе, Кагошима
УстановиУниверзитет „Мејџо“
Нагојски универзитет
ОбразованиеКјотски универзитет
Нагојски универзитет
Поважни наградиАшаиова награда (2001)
Такедова награда (2002)
Едисонов медал (2011)
Нобелова награда за физика (2014)

За оваа негова работа Акасаки е награден со Кјотската награда за напредна технологија во 2009 година[6] и the Едисоновиот медал во 2011 година.[7] Тој е исто така награден и со Нобеловата награда за физика во 2014 година, заедно со Хироши Амано и Шуџи Накамура.[8]

Кариера

уреди

Роден во префектурата Кагошима, Акасаки дипломирал на Кјотскиот универзитет во 1952 година, и се стекнал со докторат за електроника од Нагојскиот универзитет во 1964 година. Тој започнал да работи на светелчките диоди засновани на GaN во доцните шесеети години на минатиот век. Чекор по чекор, тој го подобрувал квалитетот на кристалите на GaN и структурата на направите[9] при Истражниот институт „Мацушита“ во Токио, каде тој одлучил да ја примени металоорганската епитаксна парејна фаза како погоден метод за раст на GaN.

Во 1981година тој започнува одново со растот на GaN пти Нагојскиот универзитет, и во 1985 година тој и неговата група успеале да создадат висококвалитетен GaN на сафирен супстрат со користење на пионерската нискотемпературна слојно нанесувачка технологија.[10][11]

Овие висококвалитетни GaN-ни кристали им овозможиле да го откријат p-типот на GaN со примеси на магнезиум (Mg) и последователно активирање со електронско озрачување, за да се добие првиот GaN p-n сврзна сина/УВ светлечка диода, при што се постигнала проводничка контрола на n-типот GaN[12] and related alloys (1991)[13] со примеси на силициум (Si), што овозможило употреба на хетеро структури и повеќекратни квантни празнини при осмислувањето и создавањето на поефикасен p-n сврзни светлечко емитувачки структури.

Тие постигнале и стимулирана емисија од GaN првично на собна температура во 1990 година,[14] и во 1995 година развиле стимулирана емисија на 388 nm со внесување на пулсирачка струја од висококвалитетна AlGaN/GaN/GaInN квантна јама.[15] Тие го потврдиле квантно големинскиот ефект во 1991 година,[16] и квантно ограничениот Старков ефект во 1997 година[17] кај нитридните системи, а во 2000 година ја покажале теоретски ориентационата зависност на пиезоелектричното поле и постоењето на не/полуполарни GaN-ни кристали,[18] кои го поттикнале денешното движење за раст на овие кристали ширум светот, за примена како поефикасни светлиски извори.

Акасаки институтот при Нагојскиот универзитет

уреди

Патетнитите на професорот Акасаки биле создадени од овие негови откритија, и патентите биле наградени со авторски хонорари. Акасаки институтот при Нагојскиот универзитет[19] е отворен на 20 октомври 2006 година. Трошокот за изградбата на институтот била покриена со заработката од авторските хонорари на универзитетот, кој бил користен за различни истражувања на Нагојскиот универзитет. Институтот се состои од LED галерија за историјата на сините светлечки диоди нивниот развој и примена, и канцеларија за истражувачка соработка, лаборатории за иноватовно истражување, каде е и канцеларијата на професорот Акасаки на последниот шести спрат. Институтот е сместен во центарот на истражувачката зона за соработка при Нагојскиот универзитет при кампусот Хигашијама.

Професионално досие

уреди
  • 1952-1959 Истражен научник при претпријатието „Кобе Кјого“ (денес, Fujitsu Ltd.)
  • 1959-1964 Истражен сосработник, помошник професор и соработник професор, при одделот за електроника на Нагојскиот универзитет
  • 1964-1974 Раководител на основната истражна лабораторија 4, Истражен институт „Мацушита“ Токио.
  • 1974-1981 Генерален раководител на одделот за полупроводници при истиот институт
  • 1981-1992 Професор на одделот за електроника на Нагојскиот универзитет
  • 1987-1990 Проектен водач за „развој и создавање на GaN-ни светлечки диоди“ спонзориран од Јапонската агенција за наука и технологија
  • 1992–денес Професор во пензија на Нагојскиот универзитет, професор на универзитетот „Мејџо“
  • 1993-1999 Проектен водач за „развој и создавање на GaN-ни краткобрановодолжински ласерски диоди “ спонзориран од Јапонската агенција за наука и технологија
  • 1995-1996 Посетител професор на Истражниот центар за гранична квантна електроника при Хокаидскиот Универзитет
  • 1996-2001 Проектен водач на проектот на Јапонското друштво за промоција на науката “истражување за иднината“
  • 1996-2004 Проектен водач на „Високотехнолошкиот центар за нитридни полупроводници“ при универзитетот „Мејџо“, спонзориран од MEXT
  • 2001–денес Истражен член на Акасакиевиот Институт при Нагојскиот универзитет
  • 2003-2006 Раководител на „Стратегискиот комитет R&D за безжични направи засновани на нитридни полупроводници“ спонзориран од METI
  • 2004–денес Директор на Истражувачкиот центар за нитридни полупроводници на универитетот „Мејџо“

Почести и награди

уреди

Научни и академски

уреди
  • 1989 Награда од Јапонското здружение за кристален раст (JACG)
  • 1991 Културната награда „Чуничи“[20]
  • 1994 Награда за технолошки придонеси, Јапонското здружение за кристален раст по повод славењето на својата 20 годишнина
  • 1995 Хајнрих Велкеров златен медал, Меѓународен симпозиум за соединенски полуповодници
  • 1996 Награда за инженерски достигнувања, Институт за електрични и електронски инженери/Ласерско електро-оптичко друштво
  • 1998 наградата „Инуе Харушиге“, Јапонска научна и технолошка агенција
  • 1998 Награда C и C , претпријатие „NippонElectric“ [21]
  • 1998 Laudise Prize, Меѓународна организација за кристален раст [22]
  • 1998 Џек Мортонова награда, Институт за електрични и електронски инженери[23]
  • 1998 Ранкова награда, Ранкова наградна фондација[24]
  • 1999 Член на Институтот за електрични и електронски инженери[25]
  • 1999 Гордон Мурова награда, Електрохемиско друштво [26]
  • 1999 Почесен докторат, Универзитет во Монпелје II
  • 1999 Тореева научна и технолошка награда, Тореева научна фондација[27]
  • 2001 Ашајова награда, Културна фондација „Ашаи Шинбун“ [28]
  • 2001 Почесен докторат, Линкопиншки универзитет
  • 2002 Награда за извонредни достигнувања, Јапонско друштво за применета физика
  • 2002 Фуџихарина награда, Фуџихарина фондација за наука [29]
  • 2002 Такедова награда, Фондација „Такеда“[30]
  • 2003 Претседателска награда, Научен совет на Јапонија (SCJ)[31]
  • 2003 Награда за цврсти направи и материјали (SSDM)
  • 2004 Културната награда на Токај ТВ
  • 2004 Универзитетски професор, Нагојски универзитет
  • 2006 Бардинова награда, Друштво за минерали метали и материјали [32]
  • 2006 Награда за инзворедни достигнувања, Јапонско здружение за кристален раст
  • 2007 Почесна награда за доживотни достигнувања, Јапонско друштво за промоција на науката (JSPS)
  • 2008 Странски член на Американската национална академија за инженерство [33]
  • 2009 Кјотска награда за напредна технологија, Фондација „Инамори“[34]
  • 2010 Доживотен професор, универзитет „Мејџо“
  • 2011 Едисонов медал, Институт за електрични и електронски инженери[7]
  • 2011 Специјална награда за дејност во полето на интелектуалната сопственост, Јапонска агенција за наука и технологија
  • 2011 Минами-Нипонска културна награда-почесна награда
  • 2014 Нобелова награда за физика заедно со Хироши Амано и Шуџи Накамура[8]
  • 2015 Драперова награда

Национални

уреди

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-07-22. Посетено на 2021-08-12.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-04-18. Посетено на 2021-08-12.
  3. Hiroshi Amano, Masahiro Kito, Kazumasa Hiramatsu and Isamu Akasaki: "P-Type Conduction in Mg-doped GaN Treated with Low-Energy Electron Beam Irradiation (LEEBI)", Jpn. J. Appl. Phys. Vol. 28, No.12, December 1989, pp. L2112-L2114, (accepted for pub. Nov. 1989).
  4. I. Akasaki, H. Amano, M. Kito and K. Hiramatsu :”Photoluminescence of Mg doped p-type GaN and electroluminescence of GaN p-n junction LED” J. Cryst. Growth, Vol. 48&49 pp.666-670, 1991
  5. Isamu Akasaki, Hiroshi Amano, Kenji Itoh, Norikatsu Koide and Katsuhide Manabe: “GaN-based UV/blue light emitting devices”, Inst. Phys. Conf. Ser. No.129, pp. 851-856, 1992
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-03-16.
  7. 7,0 7,1 „IEEE Jack S. Kilby Signal Processing Medal Recipients“ (PDF). IEEE. Посетено на April 15, 2012.
  8. 8,0 8,1 „The 2014 Nobel Prize in Physics - Press Release“. Nobelprize.org. Nobel Media AB 2014. Посетено на October 7, 2014.
  9. Y. Ohki, Y. Toyoda, H. Kobayasi and I. Akasaki: “Fabrication and properties of a practical blue-emitting GaN m-i-s diode. Inst. Phys. Conf. Ser. No. 63, pp. 479-484 (Proc. of the 9th Intl. Symposium on Gallium Arsenide and Related Compounds, 1981).
  10. H. Amano, N. Sawaki I. Akasaki and Y. Toyoda: "Metalorganic vapor phase epitaxial growth of a high quality GaN film using an AlN buffer layer,"
  11. Isamu Akasaki, Hiroshi Amano, Yasuo Koide, Kazumasa Hiramatsu and Nobuhiko Sawaki: "Effects of AlN buffer layer on crystallographic structure and on electrical and optical properties of GaN and Ga1-xAl xN (0<x < = 0,4) films grown on sapphire substrate by MOVPE", J. Crystal Growth, Vol.98 (1989), pp.209-219
  12. H. Amano and I. Akasaki: "Fabrication and Properties of GaN p-n Junction LED", Mater. Res. Soc. Extended Abstract (EA-21), pp.165-168, 1990, (Fall Meeting 1989)
  13. Hiroshi Murakami, Tsunemori Asahi, Hiroshi Amano, Kazumasa Hiramatsu, Nobuhiko Sawaki and Isamu Akasaki: "Growth of Si-doped AlxGa 1-xN on (0001) sapphire substrate by metalorganic vapor phase epitaxy", J. Crystal Growth, Vol.115 (1991), pp. 648-651.
  14. H. Amano, T. Asahi and I. Akasaki: “Stimulated Emission Near Ultraviolet at Room Temperature from a GaN Film Grown on Sapphire by MOVPE Using an AlN Buffer Layer” Jpn. J. Appl. Phys. Vol. 29, pp. L205-L206, 1990.
  15. Isamu Akasaki, Hiroshi Amano, Shigetoshi Sota, Hiromitsu Sakai, Toshiyuki Tanaka and Masayoshi Koike: "Stimulated Emission by Current Injection from an AlGaN/GaN/GaInN Quantum Well Device" Jpn. J. Appl. Phys., Vol. 34 (1995) pp. L1517-1519, Part 2, No.11B, 15 November 1995 (accepted for pub. October 16, 1995).
  16. K. Itoh, T. Kawamoto, H. Amano, K. Hiramatsu and I. Akasaki: “Metalorganic Vapor Phase Epitaxial Growth and Properties of GaN/Al0.1Ga0.9N Layered Structures” Jpn. J. Appl. Phys. Vol. 30, pp.1924-1927, 1991.
  17. T. Takeuchi, S. Sota, M. Katsuragawa, M. Komori, H. Takeuchi, H. Amano and I. Akasaki: “Quantum-Confined Stark Effect due to Piezoelectric Fields in GaInN Strained Quantum Wells” Jpn. J. Appl. Phys., Vol.36, Pt. 2, No. 4A, pp. L382-385, 1997.
  18. Tetsuya Takeuchi, Hiroshi Amano and Isamu Akasaki: "Theoretical Study of Orientation Dependence of Piezoelectric Effects in Wurtzite Strained GaInN/GaN Heterostructures and Quantum Wells", Jpn. J. Appl. Phys. Vol. 39, pp. 413-416, Part1, No.2A, Feb.2000. (accepted for pub., November 1, 1999).
  19. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-10-17. Посетено на 2015-03-16.
  20. http://www.chunichi.co.jp/info/award/culture/index.html
  21. http://www.nec.co.jp/press/en/9811/0401.html
  22. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-07-21. Посетено на 2015-03-16.
  23. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-10-13. Посетено на 2015-03-16.
  24. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-12-13. Посетено на 2015-03-16.
  25. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-12-26. Посетено на 2015-03-16.
  26. http://www.electrochem.org/awards/ecs/recipients/ssst_recipients.htm
  27. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-10-13. Посетено на 2015-03-16.
  28. http://www.asahi.com/shimbun/award/asahi/english.html#winners2009
  29. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-04-11. Посетено на 2015-03-16.
  30. http://www.takeda-foundation.jp/en/award/takeda/2002/recipient/01.html
  31. http://www.interacademies.net/About.aspx
  32. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-03-16.
  33. http://www.nae.edu/MembersSection/Directory20412/31054.aspx
  34. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-03-16.
  35. http://www8.cao.go.jp/shokun/en/types-of-medals.html
  36. http://www8.cao.go.jp/shokun/en/orders-of-the-rising-sun.html
  37. http://www8.cao.go.jp/shokun/en/order-of-culture.html
  38. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-04-11. Посетено на 2015-03-16.
  39. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-09-13. Посетено на 2015-03-16.

Дополнителна литература

уреди