Рикардо Џакони (6 октомври 1931) — американски добитник на Нобеловата награда и астрофизичар кој ги постави темелите на рендгенската астрономија. Моментално е професор на Џонс Хопкинсовиот универзитет.

Рикардо Џакони
Церемонијата за доделување на Националниот медал за наука во 2003 година
Роден(а)6 октомври 1931(1931-10-06)(93 г.)
Џенова, Италија
ЖивеалиштеСАД
НационалностИталијанец
американец
ПолињаФизика
УстановиЏонс Хопкинсов универзитет
Чандрова рендгенска опсерваторија
ОбразованиеМилански универзитет
Докторски ментор 
Докторанди 
Познат поастрофизика
Поважни наградиЕлиот Кресонов медал (1980)
Дени Хајнеманова награда за астрофизика (1981)
Нобелова награда за физика (2002)

Биграфија

уреди

Роден во Џенова, италија, Џакони го стекнал своето образование и диплома на Миланскиот универзитет пред да се пресели во Америка каде ја продолжил својата кариера во истражувања поврзани со астрофизика. Тој станал американски граѓанин.[1]

Бидејќи зрачењето на космичките рендгенски раци е впиено од стран ана атмосферата, потребни се вселенски опсерватории за да се врши рендгенска астрономија. Заинтересиран за овој проблем, Џакони започнал да работи на инструмент за рендгенска астрономија од обични ракетно лансирани детектори во доцните 1950-и и раните 1960-и, до Ухуру, првиот орбитален рендгенски сателит за астрономко набљудување, во 1970-ите. Џаконовото пионерско истражување продолжило во 1978 година со Ајнштајновата опсерваторија, првиот целосно опремен рендгенски телескоп поставен во вселената, и подоцна со Чандровата рендгенска опсерваторија, која била лансирана во 1999 година и сѐ уште е во работа. Џакони го применил своето познавање и на други проблеми поврзани со астрономијата, станувајќи првиот директор на Вселенско телескопскиот научен институт, научниот оперативен центар на Хабл.

Џакони бил награден со Нобелова награда за физика во 2002 година „за пионерски придонеси за астрофизиката, кои довеле до откривањето на вселенските рендгенски извори“.[2] Другите двајца наградени со Нобелова награда за физика таа година биле Масатоши Кошиба и Рејмонд Дејвис.

Џакони ги држел работните позиции како професор по физика и астрономија (1982–1997) и истражувачки професор (од 1998) при Џонс Хопкинсовиот универзитет, иденес е универзитетски професор на истиот. За време на овој период бил директор на Европската јужна опсерваторија (ESO) (1993–1999). Моментално е главен истражувач во проектот на НАСА за Чандровото далечно поле користејќи ја Чандровата рендгенска опсерваторија.

Почести и награди

уреди

Наводи

уреди
  1. „Biography on the Nobel Foundation website“. Архивирано од изворникот на 2013-05-16. Посетено на 2015-03-01.
  2. Nobel prize citation
  3. Bruce Medal page