Ернест Томас Синтон Волтон (ирски: Ernest Thomas Sinton Walton 6 октомври 190325 јуни 1995) — ирски физичар и добитник на Нобелова награда за физика за неговата работа со Џон Кокрофт за „атомско уништувачките“ експерименти изведени во Кембричкиот универзитет во раните 1930-ти и станал првата личност во историјата вештачки да го раздели атомот, воведувајќи ја јадрената доба.

Ернест Волтон
Роден(а)6 октомври 1903
Дангарван, Ирска
Починал(а)25 јуни 1995(1995-06-25) (возр. 91)
Белфаст, Северна Ирска
НационалностИрска Ирец
ПолињаФизика
УстановиКолеџ "Trinity" (Даблин)
Кембриски универзитет
Колеџ "Methodist" (Белфаст)
Докторски менторЕрнест Радерфорд
Познат поПрвата дезинтеграција на атомско јадро преку вештачки забрзани протони ("јадрено цепење")
Поважни наградиХјузов медал (1938)
Нобелова награда за физика (1951)

Рани години

уреди

Ернест Волтон е роден во Абејсајд, Вотерфорд (грофовија), Ирска, син на методист министер, Џон Волтон (1874–1936) и Ана Синтон (1874–1906). Семејството на Ернест на секои три години се преселувало, додека бил дете, во Раткил во Лимерик (каде што починала неговата мајка) и во Монахан. Тој се школувал во Даун, Тирон и колеџот „Весли“ во Даблин пред да стане член на колеџот „Методист“ во Белфаст во 1915, каде што го проширил своето знаење за науката и математиката.

Во 1922 Волтон добил стипендии во колеџот „Тринити“ во Даблин за студирање на математика и наука. Бил награден со професорска и магистерска диплома од „Тринити“ во 1926 и 1927. За време на тие години во колеџот, Волтон добил голем број на награди за брилијантност во физиката и математиката (седум награди сè на сè). По дипломирањето бил награден со „Истражно друштво 1851“ од Кралската комисија за изложбата од 1851 [1] и бил прифатен како истражувачки студент во колеџот „Тринити“ во Кембриџ, под надзор на Сер Ернест Радерфорд, директор на Кавендишката лабораторија во Кембричкиот универзитет. Во тоа време имало четири нобелови лауреати под сопствеништво на работниците во лабораторијата, но наскоро се придодал и петтиот лаурат на Волтон. Волтон станал доктор по филозофија во 1931 и останал во Кембриџ како истражувач сè до 1934.[2]

Во почетокот на 1930-те Волтон и Џон Кокрофт соработувале за да изградат апарат кој ги дели јадрата на литиумовите атоми преку бомбардирање со прилив на протони забрзани во високонапонска цевка (700 киловолти). Разделбата на литиумските јадра резултирала со создавање на хелиумски јадра. Ова било експериментално потврдување на теориите за атомската градба која била претходно предложена од Радерфорд, Георгиј Гамов и други. Успешниот апарат - вид на честичен забрзувач сега наречен Кокрофт-Волтонов генератор - помогнал во навестувањето на доба на честично-забрзувачка експериментална јадрена физика. Токму ова истражување во раните 1930-ти им ја донело Нобеловата награда за физика во 1951 на Волтон и Кокрофт.[2]

Кариера во колеџот „Тринити“ (Даблин)

уреди

Ернест Волтон се вратил во Ирска во 1934 за да стане член на колеџот „Тринити“ во Даблин во одделот за физичари и во 1946 бил назначен за професор со наслов Erasmus Smith's Professor of Natural and Experimental Philosophy (Еразмус Смитов професор по природна и експериментална филозофија).[2] Предавањето на Волтон се сметало за неприкосновено со тоа што бил способен комплицираните прашања да ги претстави на едноставен и лесен начин. Неговите истражувачки интереси биле водени со многу ограничени средства, сепак успеал да го проучи, во доцните 1950-ти, фосфоресцентниот ефект во очила и депонирањето на тенки филмови на стакло.

Семеен живот

уреди

Ернест Волтон се оженил со Фреда Вилсон (1903–1983), ќерка на Ирски методистички министер, на 23 август 1934. Заедно имале пет деца:

  • Д-р Алан Волторн (професор по физика во Магдаленскиот колеџ во Кембриџ
  • Господин Маријан Вудс
  • Професор Филип Волтон, професор по применета физика
  • Жан Кларк
  • Винифред Волтон

Религиски погледи

уреди
 
Гробот на Ернест Волтон на гробиштата "Deansgrange" во Даблин.

Одгледан како методист, Волтон бил опишан како некој кој силно се предал на христијанската вера.[3] Тој дури и предавал за врската на науката со религијата во неколку држави по добивањето на Нобеловата награда[4] и го поттикнал развитокот на науката како начин да се дознае повеќе за Бог.

Зрели години

уреди

Иако се пензионирал од „Тринити“ во 1974, тој ја одржувал врската со одделот за физичари во „Тринити“ сè до неговата последна болест. Тој бил познат лик во собата за чај. Накратко пред неговата смрт си ја запечатил неговата животна посвета кон „Тринити“ со презентирање на Нобеловиот медал и цицат за колеџот.[5]

Починал во Белфаст на 25 јуни 1995, на 91 годишна возраст и бил погребан на гробиштата "Deansgrange". Бил широко почитуван и сметан за скромен човек.

Поврзано

уреди
  • Cathcart, Brian (2005). The Fly in the Cathedral. Penguin. ISBN 0-14-027906-7. OCLC 57168084.
  • Massey, Harrie (1972). „Nuclear Physics Today and in Rutherford's Day“. Notes and Records of the Royal Society of London. 27: 25–33. doi:10.1098/rsnr.1972.0004.
  • McBrierty, Vincent J. (2003). Ernest Thomas Sinton Walton (1903–1995): The Irish Scientist. Trinity College Dublin Press. ISBN 1-871408-22-9. OCLC 53461335.

Наводи

уреди
  1. 1851 Royal Commission Archives
  2. 2,0 2,1 2,2 Boylan, Henry (1998). A Dictionary of Irish Biography, 3rd Edition. Dublin: Gill and MacMillan. стр. 262. ISBN 0-7171-2945-4.
  3. V. J. McBrierty: Ernest Thomas Sinton Walton, The Irish Scientist, 1903-1995 (Trinity College Dublin, 2003)
  4. Walton was strongly committed to the Methodist faith, and following the award of the Nobel Prize in Physics in 1951 jointly to himself and John Cockroft, he spoke on science and religion to audiences in Ireland, the United States, and Sweden.
  5. Biography

Надворешни врски

уреди