Џек Килби (8 ноември 1923-20 јуни 2005) — американски електроинженер кој има значаен придонес заедно со Роберт Нојс) во изработката на првото интегрално коло додека работел во Тексас Инструментс (ТИ) во 1958 година. Тој ја добил Нобеловата награда за физика на 10 декември 2000 година.[1] За да му честита, американскиот претседател Бил Клинтон му пишал, „Можеш да бидеш горд на твојата работа која ќе придонесе да се подобрат животите на генерациите кои доаѓаат.“[2]

Џек Килби
Роден(а)8 ноември 1923(1923-11-08)
Џеферсон Сити, мисури, САД
Починал(а)20 јуни 2005(2005-06-20) (возр. 81)
Далас, Тексас, САД
НационалностСАД
ПолињаФизика, електроинженерство
УстановиТексас Инструментс
ОбразованиеИлиноишки универзитет,Висконшки универзитет
Поважни наградиНобелова награда за физика (2000)
Национален медал за наука (1969)
ИЕЕЕ медал на честа (1986)
Дрепејрова награда (1989)
Пионерска компјутерска награда (1993)
Кјотошка награда (1993)
Награда „Харолд Пендер“ (2000)

Килби е исто така соистражувач на рачниот калкулатор и на топлинскиот печатач, за кои и ги има патентите. Тој исто така има патенти и за други седум изуми.[3]

Младост

уреди

Џек Килби е роден во 1923 година во Мисури како син на Хјуберт и Вина Килби. Неговиот татко бил извршен член во Канзаската електрична компанија. Килби детството и школувањето ги минал во Грејт Бенд (Канзас), Канзас, каде и матурирал . (Патните знаци на влезот од градот се поставени бидејќи бил дел од историјата на градот, и областа околу средното училиште во негова чест е наречена „Џек Килби“.)

Килби дипломирал на Илиноишкиот универзитет, каде бил почесен член на братството Акакија. Во 1947 година, тој се стекнал со диплома за електроинженер. Магистерската титула за електроинженерство го стекнал на Висконшкиот универзитет во 1950 година, додека работел во Центарлаб, оддел на корпорацијата Глоуб јунион во Милвоки.

Кариера

уреди

Во средината на 1958 година, Килби, нововработен во Тексас Инструментс (ТИ), го немал стекнатао правото на летен одмор. Тој го поминал летото работејќи на проблем поврзан со колата четопати нарекуван „тиранија на броевите", и дошол до заклучокот декла производството на компонентите en masse на единствено парче полуспроводнички материјал може да биде бараното решение. На 12 септември, тој своите наоди ги претставил на раководството на компанијата , меѓу кои бил и Марк Шепард. Тој им покажал парче од германиум на кое е прикачено осцилоскоп, притиснал прекинувач, и на осцилоскопот се појавил непрекинат синусоиден бран, што покажало дека неговото интегрално коло работело, а со тоа го разрешил и постоечкиот проблем. U.S. Patent 3,138,743 за „Минијатурно електрично коло“, првото интегрално коло, бил поднесен на 6 февруари 1959 година.[4] Заедно со Роберт Нојс (кој независно изработил сличен уред неколку месеци подоцна), Килби се смета за соизработувач на интегралното коло.

Џек Килби продолжил својата работа со микрочиповите да ја насочува кон армијата, индустријата и за други комерцијални потреби. Тој раководел со екипи кои ги изработиле првиот воен систем и првиот сметач во кој имало интегрални кола. Подотцна тој бил соизработувач и за рачниот калкулатор и топлинскиот печатач кои се користеле кај преносните влезови на податоци.

Во 1970 година, тој земал одмор во ТИ за да работи како независен истражувач. Тој ја истражувал, меѓу другите работи, и употребата на силициумовата технологија за создавање на електрична струја од сончева светлина. Од 1978 до 1984 година тој бил почесен професор по електроинженерство на Тексашкиот универзитет.

Во 1983, Килби се пензионирал како вработен во Тексас Инструментс.

 
Килбиевото првично интегрално коло.

Старост

уреди

Тој починал од рак на 20 јуни 2005 година на возраст од 81 година, во Далас, Тексас.

На 14 декември 2005 година Тексас Инструментс ја создале Историската ТИ архива. Семејството на Џек Килби ги подарила неговите личнио записи и фотографии на Јужниот методистички униварзитет (ЈМУ). Збирката била категоризирана и складирана во ДеГолиевата библиотека.

Во 2008 година, одделот за инжинерство при Јужниот методистички униварзитет, заедно со ДеГолиевата библиотека при Конгресот, одржиле прослава со траење од една година од почетокот на дигиталната доба со интегралното коло, откритието на Џек Килби наградено со Нобелова награда за физика. Симпозиумите и изложбите ги разгледувале бројнитер начини на кои технологијата го обликувала современиот свет. Килби исто така имал почесен докторат по наука од ЈМУ и бил долгогодишен сороаботник на ЈМУ преку неговата Килбиева фондација.

Награди и почести

уреди

Килби го добил заслуженото признание за неговите достигнувања од Институт за електрично и електронско инженерство (ИЕЕЕ), вклучувајќи го изборот за член на ИЕЕЕ во 1966 година.

Килби исто така бил добитник на бројни национални престижни почести за наука и инженерство:

Во 1993 година, ја добил Наградата „Кјото“ од фондацијата Инамори. Бил награден и со Вашингтоновата награда, од страна на Западното друштво на инженери и Ета Капа Ни наградата „Владимир Карапетов“ во 1999 година. Во 2000 година, Килби е награден со Нобеловата награда за физика за неговото откритие на интегралното коло,и неговиот придонес во индустријата. Говорот за време на доделувањето.

Килби бил награден со девет почесни докторати од универзитетите:

Килбиевиот центар, истражувачкиот центар на ТИ за производство на силициум е именуван во негова чест.

Килбиевиот центар во кампусот Мерчистон во Единбуршкиот универзитет го добил името во негова чест.[12]

Килбиеви патенти

уреди
  • U.S. Patent 2.892.130 Автоматски прекинувач, поднесен декември 1953 година, одобрен 1959 година, доделен на Глоуб јунион
  • U.S. Patent 3.072.832 Полупроводничка структурна изработка, поднесен мај 1959 година, одобрен јануари 1963 година
  • U.S. Patent 3.115.581 Минијатурно полупроводничко интегрирано коло, поднесен мај 1959 година, одобрен декември 1963 година
  • U.S. Patent 3.138.721 Минијатурна полупроводничка мрежна диода и порта, поднесен мај 1959 година, одобрен јуни 1964 година
  • U.S. Patent 3.138.743 Минијатурни електронски кола, поднесен на 6 февруари 1959 година, одобрен јуни 1964 година
  • U.S. Patent 3.138.744 Минијатурни самоопстојни модулни кола, поднесен мај 1959 година, одобрен јуни 1964 година
  • U.S. Patent 3.435.516 Полупроводничка структурна изработка, поднесен мај 1959 година, одобрен април 1969 година
  • U.S. Patent 3.496.333 Топлински печатач, поднесен октомври 1965 година, одобрен февруари 1970 година
  • U.S. Patent 3.819.921 Минијатурен електронски калкулатор, поднесен септември 1967 година, одобрен јуни 1974 година

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. The Nobel Prize in Physics 2000. Nobelprize.org. Посетено на 2013-11-21.
  2. „Jack Kilby“. TI. Посетено на 27 May 2014.
  3. „The Chip that Jack Built“. IT Invention. Посетено на 27 May 2014.
  4. „The Nobel Prize in Physics 2000“. Nobel Foundation. Посетено на 2011-07-14.
  5. „IEEE David Sarnoff Award Recipients“ (PDF). IEEE. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-05-09. Посетено на 2011 декември 6. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. „IEEE Cledo Brunetti Award Recipients“ (PDF). IEEE. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-07-07. Посетено на 2011 декември 6. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  7. „IEEE Medal of Honor Recipients“ (PDF). IEEE. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-04-22. Посетено на 2011 декември 6. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  8. „Franklin Laureate Database - Stuart Ballantine Medal 1966 Laureates“. Franklin Institute. Архивирано од изворникот на 2012-12-10. Посетено на 2011 декември 6. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  9. „Holley Medal“. American Society of Mechanical Engineers. Посетено на 2011 декември 6. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  10. „NAE Members Directory - Mr. Jack S. Kilby“. National Academy of Engineering. Посетено на 2011 декември 6. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  11. „Recipients of The Charles Stark Draper Prize“. National Academy of Engineering. Посетено на 2011 декември 6. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  12. „School of Computing - Facilities & Resources“. Edinburgh Napier University. Посетено на 2012 јули 24. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Наводи

уреди
  • Leslie Berlin The man behind the microchip: Robert Noyce and the invention of Silicon Valley Publisher Oxford University Press US, 2005 ISBN 0-19-516343-5
  • Lécuyer, Christophe. Making Silicon Valley: Innovation and the Growth of High Tech, 1930-1970 Published by MIT Press, 2006.ISBN 0262122812
  • Nobel lectures, World Scientific Publishing Co., Singapore, 2000.

Надворешни врски

уреди