Карл Александар Милер
Карл Александар Милер (германски: Karl Alexander Müller, 20 април 1927 - 9 јануари 2023) — швајцарски физичар и добитник на Нобеловата награда за физика. Тој ја добил Нобеловата награда за физика во 1987 година заедно со Георг Беднорц за нивната работа на суперпроводливоста кај керамичките материјали.
Карл Александар Милер | |
---|---|
Милер во 2001 г. | |
Роден(а) | 20 април 1927 Базел, Швајцарија |
Починал(а) | 9 јануари 2023 Цирих, Швајцарија | (возр. 95)
Националност | Швајцарец |
Полиња | Физика |
Установи | Истражувачка лабораторија на IBM во Цирих Циришки универзитет Бателов спомен-институт |
Образование | Швајцарски федерален институт за технологија |
Познат по | Високотемпературна суперпроводливост |
Поважни награди | Беноаова награда (1986) Нобелова награда за физика (1987) |
Сопружник | Ингеборга Мари Лујза Винкле (о. 1956, 2 деца) |
Животопис
уредиМилер е роден во Базел, Швајцарија, на 20 април 1927 година, како дете на Ирма и Паул Милер. Неговото семејство, кое било од еврејско потекло, се преселило во Салцбург, Австрија, каде неговиот татко изучувал музика. Милер и неговата мајка се преселиле во Дорнах, во близина на Базел, во домот на неговите баба и дедо. Тие се преселиле во Лугано, во италијанско говорниот дел на Швајцарија, каде научил течно да говори италијански. Неговата мајка починала кога имал само 11 година.
Во пролетта 1956 година Милер се оженил со Ингеборга Мари Лујза Винкле. Тие имале син, Ерик, кој се родил во летото 1957 година, и ќерка, Силвија, во 1960 година. [1]
Образование
уредиПо смртта на неговата мајка, Милер бил испратен во Евангeлистичкиот колеџ во Ширс, во источниот дел на Швајцарија. Тука ток се образувал од 1938 до 1945 година, кога и дипломирал.
Милер тогаш се запишал на одделот за математика и физика при Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих. Тој имал предавањад Волфганг Паули, кој му оставил длабок впечаток. По добивањето на неговата диплома, тој работел една година, за повторно да се врати на институтот за да докторира, поднесувајќи ја својата докторска теза на крајот од 1957 година.
Кариера
уредиМилер се вработил во Бателовиот спомен-институт во Женева, наскоро станал раководител на групата за магнетна резонанса soon. За време на овој период тој станал предавач на Циришкиот универзитет. Во 1963 година тој ја прифатил понудата од IBM за истражен членво нивната лабораторија во Рушликон, каде останал сè до своето пензионирањеt. Паралелно, тој останал поврзан со Циришкиот универзитет каде бил назначен за професор во 1970 година. Од 1972 до 1985 година кога бил раководител на одеот за физика на ZRL. Во 1982 тој станал научен соработника на IBM.Тој се стекнал и со почесен докторат од Минхенскиот универзитет и Женевскиот универзитет. Во 1987 година (пред да ја добие Нобеловата награда) тој се стекнал со почесна диплома (laurea honoris causa) по физика Павскиот универзитет.
Истражување
уредиЗа неговата дипломска работа, Милер бил под менторство на Г. Буш. Тој работел на Холовиот ефект кај сивиот калај, кој бил полуметал.
Меѓу својата диплома и почетокот на магистерските студии, тој работел една година во одделот за индустриско истражување при Швајцаркиот федерален институт за технологија на системот за прикажување во големи размери Ејдофор.
Во IBM неговото истражување цели 15 години се занимавало со SrTiO3 (стронциум титанат) и блиските перовскитни соединенија. Тој ги проучувал неговите фотохроматски својства кога истиот бил надополнет со различни преодно металски јони, нивната хемиско сврзување, фероелектричност и останатите својства, и критичните и повеќе критичните појави при нивните структурни фазни пемини. Важни постигнувања на ова истражување биле објавени во книга напишана заедно со Том Кул од Амстердамскиот универзитет (од издавачот: World Scientific).
Работа заслужна за Нобеловата награда
уредиВо почетокот на 1980-ите, Милер започнал со потрага на супстанции кои би станале суперпроводници при повисоки температури. Највисоката критична температура (Tc) добиена во тој период била 23 K. Во 1983 Милер го повикал Георг Беднорц во IBM, за систематски да му помогне во тестирањето на различни оксиди. Неколку неодамнешни студии покажале дека овие материјали можат да бидат суперпроводливи. Во 1986 година двајцата успеале да постигнат суперпроводливост кај лантан бариум бакарен оксид (LBCO) при температура од 35 K. Во претјходните 75 години критичната температура пораснала од 11 K во 1911 година до 23 K во 1973 година каде се задржала во наредните 13 години. Сепак 35 K било доволно висока температура според тогашните стандарди за суперпроводливост. Ова откритие потикнало дополнителни истражувања за високотемпературна суперпроводливост, водејќи го истражувањето на кое довело до создавањето на BSCCO (Tc = 107 K) и YBCO (T'c = 92 K).
Тие го објавиле своето откритие во април 1986 година во бројот на Zeitschrift für Physik.[1] Пред крајот на годината, Шоџи Танака од Токискиот универзитет и Пол Чу од Хјустонкиот универзитет независно го потврдиле нивниот резултат. Неколку месеци подоцна Chu постигнал суперпроводливост на 93 K со YBCO, започнувајќи стампедо на научен интерес претставен со т.н. „Вудсток на физиката“, во 1987 година каде водител бил Милер.[2]
Во 1987 година Милер и Беднорц биле заедно наградени со Нобеловата награда за физика што претставувало најкусиот период меѓу откритието и доделувањето на Нобеловата награда.
Други почести
уреди- Почесна диплома, Пависки универзитет, 1987.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ J. G. Bednorz and K. A. Müller (1986). „Possible highTc superconductivity in the Ba−La−Cu−O system“. Z. Physik, B. 64 (1): 189–193. Bibcode:1986ZPhyB..64..189B. doi:10.1007/BF01303701.
- ↑ Chang, Kenneth (March 6, 2007). „Physicists Remember When Superconductors Were Hot“. New York Times. Посетено на 22 August 2013.
Надворешни врски
уреди„Карл Александар Милер“ на Ризницата ? |
- Autobiography posted at the Nobel Prize web site.
- Online Encyclopædia Britannica biographical article.
- K. Alex Mueller and Tom W. Kool: “Properties of Perovskites and Other Oxides.” World Scientific, 2010.