Вилис Лем
Вилис Јуџин Лем Џуниор (англиски: Willis Eugene Lamb, Jr. 12 јули 1913 — 15 мај 2008) — американски физичар кој на освоил Нобеловата награда за физика во 1955 заедно со Поликарп Куш „за нивните откритија во врска со фината структура на водородниот спектар“. Лем и Куш успеале прецизно да определат одредени електромагнетни својства на електронот (види Лемова промена). Лем бил професор на колеџот за оптички науки во Аризонскиот универзитет.
Вилис Лем | |
---|---|
Роден(а) | 12 јули 1913 Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Починал(а) | 15 мај 2008 Тусон, Аризона, САД | (возр. 94)
Националност | Американец |
Полиња | дизика |
Установи | Аризонски универзитет Оксфордски универзитет Јеилски универзитет Колумбиски универзитет Стенфордски универзитет |
Образование | Калифорниски универзитет, Беркли |
Докторски ментор | Ј. Роберт Опенхајмер |
Докторанди | Теодор Мајман Марлан Скали Балаш Ласло Гјорфи Фредерик Хоф Мареј Саргент III Стенли Л. Кауфман Дејвид Мадер Ралф Џејкобс |
Познат по | Лемова промена теорија за ласерот квантна оптика |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1955) |
Животопис
уредиЛем е роден во Лос Анџелес, Калифорнија, САД и го посетувал Средното училиште на Лос Анџелес. Уште одма примен во 1930, станал дипломиран научник по хемија во Калифорнискиот универзитет во 1934. За теоретската работа окулу расејување на неутроните од кристал, помаган од Ј. Роберт Опенхајмер, се здобил со признанието „доктор по филозофија“ за физика во 1938.[1] Поради ограничени методи на пресметување во тоа време, со ова истражување не успеал да го открие Месбауеровиот ефект, 19 години подоцна бил откриен од страна на Месбауер.[2] Исто така работел и на јадрената теорија, ласерска физика и потврдување на теоријата за квантната механика.
Лем бил професор по физика во Оксфордскиот универзитет од 1956 до 1962, и исто така предавал во Јеилскиот универзитет, Колумбискиот универзитет, Стенфордскиот универзитет и Аризонскиот универзитет. Бил избран за соработник со Американската академија за уметност и наука во 1963.[3]
Лем се памети како „надарен експерименталист и теоретичар, на најдобрата Њутнова традиција“[4] и се смета за „редок теоретичар што станал експерименталист“[5] Во подоцнежниот дел од неговата кариера посветил големо внимание на полето на квантното мерење.[4]
Личен живот
уредиЛем се оженил со Урсула Шефер, германски студент, во 1939. По нејзината смрт се оженил со физичарката Бруриjа Кауфман во 1996, а подоцна се развеле. Во 2008 се оженил со Елси Вотсон. Лем починал на 15 мај 2008 на 94 годишна возраст.
Наводи
уреди- ↑ Stiles, Lori (May 16, 2008). „Willis E. Lamb Jr., 1955 Nobel Laureate in Physics, Dies at 94“. The University of Arizona News. Посетено на September 27, 2012.
- ↑ Holley, Joe (May 19, 2008). „Willis E. Lamb Jr., 94; Nobel Prize-Winning Physicist“. The Washington Post. Посетено на September 27, 2012.
- ↑ „Book of Members, 1780-2010: Chapter L“ (PDF). American Academy of Arts and Sciences. Посетено на 22 April 2011.
- ↑ 4,0 4,1 F. J. Duarte, Laser Physicist (Optics Journal, New York, 2012).
- ↑ D. Kaiser, Drawing Theories Apart: The Dispersion of Feynman Diagrams (University of Chicago, Chicago, 2005).
Надворешни врски
уреди„Вилис Лем“ на Ризницата ? |
- Biography and Bibliographic Resources, од Office of Scientific and Technical Information
- Obituary, University of Arizona, 16 May, 2008.
- Hans Bethe talking about Willis Lamb (видео)
- Willis E Lamb Award за ласерска наука и квантна оптика.
- Nobel lecture
- Collection of articles and group photograph (Оваа фотографија била направена во Lasers '92 вклучува, од десно кон лево, Марлан Скали, В. Е. Лем, Џон Л. Хол, и Ф. Ј. Дуарте).
- Obituary:Willis E. Lamb Jr., 94; Nobel Prize-Winning Physicist
- National Academy of Sciences Biographical Memoir