Вал Логсдон Фич (англиски: Val Logsdon Fitch 10 март 19235 февруари 2015) — американски јадрен физичар. Роден во Мериман, Небраска, тој основното образование го завршил во месното училиште и се запишал на Државниот колеџ „Чадрон“ каде се образувал три години пред да биде мобилизиран во американската армија во 1943 година. Фич подоцна дипломирал на Универзитет „Мекгил“ со диплома за електрично инженерство во 1948 година и го завршил својот докторат по физика во 1954 година на Колумбискиот универзитет. Во Втората светска војна, работел на проектот Менхетен во Лос Аламос, Ново Мексико. Тој бил член на факултетот Принстон.

Вал Логсдон Фич
Роден(а)10 март 1923(1923-03-10)
Мериман, Небраска, САД
Починал(а)5 февруари 2015(2015-02-05) (возр. 91)
Принстон, САД
ПолињаЧестична физика
УстановиПринстон
ОбразованиеКолумбиски универзитет
Универзитет „Мекгил“
Познат пооткривање на CP-нарушувањето
Поважни наградиЛоренсова награда (1968)
Ведерилов медал (1976)
Нобелова награда за физика (1980)
Национален медал за наука (1993)

Фич и неговиот соработник Џејмс Кронин биле наградени со Нобелова награда за физика во 1980 година за нивниот експеримент по физика од 1964 година за променливо градиентскиот синхотрон при Брукхејвенската национална лабораторија кој покажал дека субатомските реакции не се потчинуваат на основните начела на симетријата. Особено, тие докажале, со испитувањето на распадот на K-мезоните, дека реакцијата која се одвива во спротивна насока не ја следи истата патека на оригиналната реакција, која покажала дека ракцииите на субатомските честички не се независни од времето. Па на овој начин е откриено CP- нарушувањето.

Фич бил член на одборот на спонзори на Билтен на атомските физичари и на одбранбената советодавна група JASON.[1]

Животопис

уреди

Фич е роден на ранч за добиток во Мериман, Небраска, на 10 март 1923 година. Тој бил најмладиот од трите деца. Неговиот татко, Фред Фич, бил тешко повреден пријавање на коњ и не бил во можност повеќе да работи на ранчот. Па од овие причини семејството се преселило во блискиот град Гордон, Небраска, каде татко му започнал да се занимава со продажба на осигурителни полиси.[2]

Како војник за време на Втората светска војна, Фич бил испратен во Лос Аламос да работи на проектот Менхетен. Ддека бил таму, тој се сретнал со познатите физичари Енрико Ферми, Нилс Бор, Џејмс Чедвик, Исидор Ајзек Раби и Ричард Толман. Вот ој период Фич работел во лабораторијата на Ернест Титертон, тој доста добро се запознал со техниките на експерименталната физика.[2] По војната, Фич додипломско асистентско место на Корнел, но морал да заврши со своите додипломски студии, што го сторил на универзитетот „Мекгил“. За своите подипломски студии заминал Колумбискиот универзитет, каде работел под менторство на Џејмс Рејнвотер. За неговата теза, Фич осмислил и направил експеримент за да ги измери гама-зраците оддадени од егзотичните атоми (т.е. атоми кај кои електронот е заменет со мион).[2]

По стекнувањето на докторатот, Фичовиот интерес се насочил кон чудните честичи и K мезоните. Тој се вработил на Принстон, каде ги поминал следните 20 години проучувајќи ги K мезоните. Неочекувано, тој открил дека распадот на неутралните К мезони не се покорува на CP симетријата. За ова откритие, Фич и неговиот студент Џејмс Кронин биле наградени со Нобелова награда за физика во 1980 година.[2]

Фич починал на 91 годишна возраст на 5 февруари 2015 година во Принстон, Њу Џерси.[3][4]

Личен живот

уреди

Фич има два сина од неговиот прв брак со Елиза Кунингам (?-1972), и три посиноци со негоцата втора сопруга, Дејзи Харпер, со која се оженил во 1976 година.[2]

Објавени дела

уреди

Наводи

уреди
  1. Horgan, John (April 16, 2006). „Rent-a-Genius“. The New York Times.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Val Fitch – facts“. Nobel Media AB. Архивирано од изворникот на 2012-11-04. Посетено на February 13, 2015.
  3. Zandonella, Catherine (February 6, 2015). „Nobel laureate and Princeton physicist Val Fitch dies at age 91“. Princeton University.
  4. Dennis Overbye (February 10, 2015). „Val Fitch, Who Discovered Universe to Be Out of Balance, Is Dead at 91“. The New York Times. Посетено на February 11, 2015. Val Fitch, who shared the 1980 Nobel Prize in Physics for work that revealed a surprising imbalance in the laws of nature and helped explain why the collision of matter and antimatter has not destroyed everything in the universe, died on Thursday at his home in Princeton, N.J. He was 91. ...

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: