Петар Леонидович Капица (руски: Пётр Леони́дович Капи́ца 8 јули 1894[1]8 април 1984) — водечки советски физичар и добитник на Нобелова награда.

Петар Капица
Роден(а)Петар Леонидович Капица
8 јули 1894(1894-07-08)
Кронштад, Руска Империја
Починал(а)8 април 1984(1984-04-08) (возр. 89)
Москва, Советски Сојуз
НационалностРусин, Совет
ПолињаФизика
ДокторандиДавид Шоенберг
Познат поСуперфлуидност
Поважни наградиФарадеев медал (1942)
Френклинов медлал (1944)
Ломоносов златен медал (1959)
Радерфордов медал и награда (1966)
Нобелова награда за физика (1978)

Биографија

уреди

Капица е роден Кронштад, Руска Империја од татко Леонид Петрович Капица, воен инженер кој градел утврдувања, и Олга Јеронимовна Капица. Школувањето на Капица било прекинато од Првата светска војна, во која учествувал две години како возач на амбулантно возило на Полски фронт.[2] Тој дипломирал на петроградскиот политехнички институт во 1918 година. Последователно тој се школувал во Британија, каде работел 10 години заедно со Ернест Радерфорд во лабораторијата Кевендиш при Кембричкиот универзитет, каде го основал клубот Капица. Тој станал член на Кралското друштво[3] во 1929 година бил прв директор на мондовата лабораторија од (1930–34). Во 1920-ите години ги смислил техниките за создавање на ултрасилно магнетно поле со внесување на струја на куси периоди во специјално направени воздушно-јадрени електормагнети. Во 1928 година тој ја открил линиската зависност од упорноста на магнетното поле за различни метали при многу силни магнетни полиња.

Во 1934 година Капица се вратил во Русија за да ги посети свиоте родители,но од сталиновата влада му било забрането да се врати во Велика Британија.

Бидејќи неговата опрема за истражување на високо магнетни полиња останала во Кембриџ (иако подоцна Ернест Радерфорд се договорил со британската влада истата да ја испратат до СССР ), тој ја сменил насоката на своето истражување на ниски температури, започнувајњи со критично анализирање на постоечките методи за добивање на ниски температури. Во 1934 година тој развива нов и оригинален апарат (заснован на адијабатски принцип) за да се добијат значајни количества на течен хелиум.

Капица го основал Институтот за физички проблеми, делумно користејќи опрема што советската влада ја купила од Мондовата лабораторија во Кембриџ (со помош на Радерфорд, откако станало јасно дека на Капица нема да му биде дозволено да се врати).

Во Русија, Капица започнал серија на експерименти за проучување на течниот хелиум, што довело до откривањето на суперфлуидноста (не треба да се поистоветува со суперпроводливоста). Тој ги запишал својствата на оваа нова состојба на материјата во низа трудови, за кои подоцна бил награден со Нобелова награда за физика „со основните откритија во областа на физиката на ниски температури“. Во 1939 тој развива нов метод за втечнување на воздухот при ниозок притисок користејќи ја специјалната високоефикасна ширечка турбина. Последователно, за време на Втората светска војна бил назначен за раководител на одделението за кислородна индустрија кое било поврзано со Советкиот сојуз на министри, каде што ја применува неговата техника за ширење на гасовите при низок притисок за индустриски цели. Тој ги измислил високоенергетските микробранови и генератори (1950–1955) и открил нов вид на непрекинат нископритисочно празнење на плазма преку електрони на температури кои надминувале 1.000.000K.

Во ноември 1945 година, Капица имал расправија со Лаврентиј Берија, кој бил водачот на НКВД, пишувајќи му на Јозеф Сталин за игнорантскиот однос на Берија кон физиката. Зачудувачки, Сталин го поддржал Капица, велејќи му на Берија дека треба да соработува со научниците. Капица одбил да се сретне со Берија: „Ако сакаш да збориваш со мене, дојди на институтот.“ Капица одбил да соработува со Берија дури и кога Берија му поклонил ловечка пушка . Сталин посакал да се сретне со Капица, но ова никогаш не се случило.[4]

Веднаш по војната , група на истакнати советски науцници се залозиле кај владата да спозададат нов технички универзитет, Московски универзитет за физика и технологија .Капица на истиот предавал долги години. Од 1957 година тој станал член на президиумот на Советската академија на наукитеи до неговата смрт во 1984 година бил единстевениот член на президиумот кој не бил член на комунистичката поартија.[5]

 
Капица (лево) и Николај Семјонов, двајцата добитници на Нобелова награда (портрет изработен од Борис Кустодиев, 1921).

Во 1978 година, Капица ја освои Нобеловата награда за физика „во неговите откритија и експерименти поврзани со нискотемпературна физика“ и тој исто така бил цитиран во улога на водач на развојот на оваа област од физиката. Тој ја подели наградата со Арно Алан Пензијас и Роберт Вудро Вилсон, кои ја добија наградата за поткривањето на космичкото позадинско зрачење.[6]

Капицов отпор е топлинскиот отпор (кој предизвикува температура испрекинатост) при преминот меѓу течен хелиум и цврсто тело. Капица –Дираков ефект е квантно механички ефект кој се состои од дифракција на електрони со употреба на стоен бран светлина. Во динамиката на течности, Капицовиот број е бездимензионален број кој го опишува текот на тенки слоеви на течност по накосена површина.

Семејство

уреди

Капица се оженил во 1927 со Ана Алексеевна Крилова, ќерка на математичарот Алексеј Крилов. Тие имаа два сина , Сергеј и Андреј. Сергеј Капица (1928-2012) беше физицар и демограф. Тој исто така бил домаќин на долготрајната руска научна емисија, Очигледно, но неверојатно.[7] Андеј Капица (1931-2011) — географ. Тој е заслужен за откривањето и именувањето на Восточко езеро, најголемото подледничко езеро на Антарктикот, кое се наоѓа 4.000 метри под континенталната поларна капа мраз.[8]

Почести

уреди

Астероидот 3437 Капица, откриен од советскиот астроном Људмила Георгиевна Карачкина во 1982, и е именуван во негова чест .[9]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Britannica online
  2. James, Ioan (2004). Remarkable Physicists: From Galileo to Yukawa. Cambridge University Press. стр. 320–327. ISBN 978-0-521-01706-0.
  3. doi:10.1098/rsbm.1985.0012
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  4. Simon Sebag Montefiore, Young Stalin, pp. 446–7
  5. Graham, Loren R. 1994. Science in Russia and the Soviet Union: A Short History. Cambridge University Press, ISBN 0-521-28789-8. p. 212
  6. „The Nobel Prize in Physics 1978 - Press Release“. Nobel Prize.org. 17 October 1978.
  7. „Kalinga Prize Laureates“. United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization. Посетено на 17 March 2011.
  8. „Andrey Kapitsa dies in Moscow“. Russian Geographical Society. 2011-08-03. Посетено на 2011-08-04.
  9. Dictionary of Minor Planet Names – p. 287

Надворешни врски

уреди