Вилард Бојл (англиски: Willard Boyle 19 август 1924 - 11 мај 2011) — канадско-американски физичар, [4] и копронаоѓач на CCD-то.[5] На 6 октомври 2009 година, било објавено дека тој ќе ја подели Нобеловата награда за физика за 2009 година „за пронаоѓањето на сликовното полупроводничко коло — CCD-сетилникот“.[2]

Вилард Бојл
Роден(а)19 август 1924(1924-08-19)
Амхерст, Нова Шкотска
Починал(а)7 мај 2011(2011-05-07) (возр. 86)
Волас, Нова Шкотска [1]
ЖивеалиштеКанада
ДржавјанствоКанаѓанец и американец[2]
ПолињаПрименета физика
УстановиБелови лаборатории
ОбразованиеМекгилов универзитет
Нискоканадски колеџ
Познат поCCD[3]
Поважни наградиЛибманова награда
Драперова награда
Нобелова награда за физика (2009)

Живот

уреди

Роден во Амхерст, на 19 август 1924 година, Бојл бил син на доктор и се преселил во Квебек со неговото семејство кога имал 3 години.[6] Тој бил домашно образуван од страна на неговата мајка до возраст од 14 години, за подоцна да го продолжи образованието на монтреалскиот Нискоканадски колеџ за да го доврши своето второстепено образование.[6] Бојл се образувал на Мекгиловиот универзитет, но неговото образование било прекинато во 1943 година, кога се придружил на Кралската канадска морнарица за време на Втората светска војна.[6] Тој и бил позајмен на Британската кралска морнарица, каде бил обучуван како да слета Спитфајери на носачи на авиони како што војната завршувала.[6] Тој се стекнал со диплома вво (1947 година), магистрирал (1948 година) а докторирал (1950 година) од Мекгиловиот универзитет.[7]

Кариера

уреди

По добивањето на докторатот, Бојл поминал една година во Канадската лабораторија за зрачење и предавал физика на Кралскиот воен колеџ.[6] Во 1953 година Бојл се придружил на Беловите лаборатории каде го пронашол првиот непрекинат рубински ласер со Дон Нелсон во 1962 година,[8] и бил носител на првиот патент за полупроводнички инјектирачки ласер.[8] Тој во 1962 година станал директор на одделот за Вселенска наука и истражувачки студии при Беловите лаборатории во подружницата Белком, која обезбедувала поддршка за вселенската програма Аполо и при изборот на местата за слетување на Месечината.[8] Тој се вратил во Беловите лаборатории во 1964 година, работејќи на развојот на интегралните кола.[8]

Во 1969 година, Бојл и Џорџ Смит ја измислиле CCD камерата, за што заедно го добиле во 1973 година Балентајновиот медал од Франклиновиот институт во 1973 година, во 1974 година ја добил Либмановата награда, во 2006 година Драперовата награда и во 2009 година Нобеловата награда за физика.[7][8] Сепак, Јуџин Гордон и Мајк Томпсет, денес двајцата пензионирани колеги од Беловите лаборатории, денес тврдат дека примената на ова откритие во фотографијата не било откриено од страна на Бојл.[9] CCD-то и овозможило на НАСА да испрати чисти слики од вселената на Земјата.[10] Станува збор за технологијата која ја користат повеќето дигитални камери денес. Смит го изјавил следново за нивниот пронајдок: “По создавањето на неколкуте сликовни направи, со сигурност знаевме дека хемиската фотографија е мртва.“ [11]

Бојл бил извршен истражувачки директор на Беловите лаборатории од 1975 сè до пензионирањето во 1979 година.[10] По пензионирањето, времето го минувал меѓу Халифакс и Волас Нова Шкотска.[12] Во Волас, тој помогнал да се отвори уметничката галерија на неговата сопруга Бети, која била пејсажен уметник.[6] Тој бил во брак со Бети од 1947 година, и имале четири деца, 10 внуци и едно правнуче.[5] Тој на 30 јуни 2010 година исто така бил награден со орден Другари на Редот на Канада, награда од највисоко ниво.[13] Во неговите подоцнежни години, Бојл започнал да страда од бубрежна болест, и поради компликациите од оваа болест тој починал на 7 мај 2011 година во Волас, Нова Шкотска.[10]

Наводи

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
  1. „Willard Boyle“. The Telegraph. London. 2011-05-16. Архивирано од изворникот на 2011-05-19. Посетено на 2012-07-11.
  2. 2,0 2,1 „Willard S. Boyle - Biographical“. Nobelprize.org. Stockholm: Noble Foundation. Архивирано од изворникот 2012-07-12. Посетено на 2012-07-12.
  3. doi:10.1038/474037a
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  4. Chang, Kenneth (2009-10-07). „Nobel Awarded for Harnessing Light“. The New York Times. New York. стр. A20. Архивирано од изворникот на 2017-12-13. Посетено на 2009-10-09.
  5. 5,0 5,1 „Canadian scientist shares Nobel physics prize“. CBC News. Toronto. 2009-10-06. Архивирано од изворникот на 2009-10-09. Посетено на 2009-10-09.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 Baxter, Joan (2006-02-16). „A modest man's big idea Digital chip changed the world“. The Toronto Star: A3. Архивирано од изворникот на 2012-11-13. Посетено на 2009-10-06.
  7. 7,0 7,1 „McGill congratulates its second Nobel-winning alumnus of 2009“. Alumni News. McGill University. 2009-10-06. Архивирано од изворникот 2012-07-12. Посетено на 2009-10-15.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 Mahoney, Jill; Elizabeth Church (2009-10-07). „The Nobel Physics Prize: A Canadian who took big risks takes home the big prize“. [The Globe and Mail. Toronto. стр. A1–A2.
  9. Nobel Controversy: Former Bell Labs Employee Says He Invented the CCD Imager IEEE
  10. 10,0 10,1 10,2 Maugh II, Thomas H. (2011-05-19). „Nobelist was a father of the digital camera“. Los Angeles Times. Los Angeles. Архивирано од изворникот на 2012-12-07. Посетено на 2012-07-11.
  11. Cassingham, Randy (2011-05-15). „Willard Boyle“. This is True. Ridgway, Colorado. Архивирано од изворникот на 2012-07-12. Посетено на 2012-07-12.
  12. „Nobel laureate dies Saturday“. Amherst Daily News. Amherst, N.S. 2011-05-0. Архивирано од изворникот 2012-07-12. Посетено на 2011-05-09. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  13. Governor General of Canada (2010-06-30). „Governor General announces 74 new appointments to the Order of Canada“. It's an Honour. Queen's Printer for Canada. Архивирано од изворникот на 2012-06-12. Посетено на 2012-07-12.