Абдус Салам [2] (урду: محمد عبد السلام; Џанг, 29 јануари 1926 - Оксфорд, 21 ноември 1996[3]Англија)[4] — теориски физичар, познат по електрослабата теорија.[4] Студирал математика и физика на Унивртзитетот во Кембрџ и станал професор по физика на Кралскиот колеџ во Лондон. Таму работел на основање на електрослабата теорија, за која ја поделил Нобеловата награда за физика во 1979г заедно со Шелдон Глашоу од САД и Стивен Ваинберг исто така од САД.[4] Абдус Салам бил првиот муслиман што станал добитник на Нобелова награда[5] и до денес е единствениот пакистански лауреат на Нобеловата награда[6][7].

Мохамед Абдус Салам
محمد عبد السلام
Абдус Салам во 1987
Роден(а)29 јануари 1926
Џанг, Британска Индија (денес Пакистан)
Починал(а)21 ноември 1996(1996-11-21) (возр. 70)
Оксфорд, Обединето кралство
НационалностПакистан Пакистанец[1]
ПолињаТеориска физика
УстановиPAEC · SUPARCO · PINSTECH · Пенџабски униврзитет · Империјален колеџ во Лондон · Универзитет на Управниот колеџ · Кембрички универзитет · ICTP · COMSATS · TWAS
ОбразованиеПенџабски универзитет
Универзитет на Управниот колеџ
Кембрички универзитет
Теза„Ренормализација на квантната теорија за полето“ (1952)
Докторски менторНиколас Кемер
Други менториПол Метјус
ДокторандиМајкл Даф · Али Чамседин · Роберт Делбурго · Валтер Гилберт · Џон Мофат · Јувал Нееман · Џон Полкингхорн · Ријазудин · Фајазудин · Масуд Ахмад · Парта Госе · Камалудин Ахмед · Гулам Муртаза · Мунир Ахмад Рашид
Други значајни студентиФахим Хусаин · Первез Худбој · Абдул Хамид Најар · Гулам Дастагир Алам
Познат поЕлектрослабо заемодејство · Голдстонов бозон · Теорија на сè · Хигсов механизам · Магнетен фотон · Неутрална струја · Пати-Саламов модел · Квантна механика · Пакистанска атомска развојна програма · Пакистанска вселенска програма · Преон · Стандарден модел · Силна гравитација · Суперполе · W и Z бозони ·
Поважни наградиСмитова награда (1950)
Адамсова награда (1958)
Нишан е Пакистан (1959)
Хјуов медал (1964)
награда „Атоми за мир“ (1968)
Кралски медал (1978)
Нобелова награда за физика (1979)
Ломоносов златен медал (1983)
Коплиев медал (1990)
награда „Кристофоро Коломбо“ (1992)
СопружникАмтул Хафиз Бегум
Луиз Џонсон
Потпис

Друго негово постигање е основањето на центар во Трст, Италија за промовирање на науката во светот во развој. Салам бил советник за наука при владата на Пакистан од 1960 до 1974, позиција од која имал главна и влијателна улога во пакистанската научна инфраструктура.[7][8] Салам бил одговорен не само за главниот развој и придонес во теориската и физиката на честичките, туку и за промоција на научните истражувања на највисоко ниво во оваа земја[8]. Салам бил прв директор на Вселенската и високоатмосферска комисија за истражување (SUPARCO), и одговорен за основањето на Групата за теориска физика (TPG) во Пакистанската комисија за атомска енергија (PAEC)[9]. Како советник за наука, Салам имал севкупна улога во пакистанскиот развој на јадрената енергија за мирнодопски цели, авоедно придонел за развојот на пакистанската атомска бомба во 1972 година,[10], поради тоа, бил гледан како „татко научник“ на оваа програма во очите на научниците кои биле под неговиот истажувачки чадор.</ref> for this, he is viewed as the "scientific father"[2][11] of this programme in the views of the scientists who researched under his scientific umbrella.[12][13][14].

Во 1974 година, Абдус Салам заминал од неговата земја, во протест, поради зигласувањето на спорниот закон од страна на пакистанскиот парламент, кој во својот текст муслиманската заедница на Ахмадија ја прогласува за неисламска. Дури и по неговата смрт, Салам останал еден од највлијателните научници во неговата земја. Во 1998, по извршените јадрени тестови на земјата, владата на Пакистан издаде комеморативна поштенска марка, како дел од серијата „Научниците на Пакистан“, во чест на постигнувањата на Салам.[15]

Главните и забележителни достигнувања на Салам се пред се: Пати-Саламовиот модел, магнетниот фотон, векторскиот мезон, теоријата на сè, работата на суперсиметријата, и најважното, електрослабата теорија, за која тој ќе биде награден со Нобелова награда најпрестижна награда во физиката.[5] Салам даде голем придонес во квантната теорија за полето и унапредувањето на математиката на Кралскиот колеџ во Лондон. Со неговиот студент Ријазудин, Салам даде голем придонес за модерната теорија за неутрината, неутронски ѕвезди и црни дупки, како и за работата на осовременување на квантната механика и квантната теорија за полето. Како учител и поборник за науката, Салам е запаметен како основач и татко на математичката и теориската физика во Пакистан во периодот кога бил советник за наука на претседателот.[8][16] Салам дал огромен придонес за подигнувањето на пакистанската физика во заедницата на физичарите во светот.[17][18] Дури до неговата смрт Салам продолжил со придонесот за физиката и неуморно помагал во развојот на науката во земјите од “Третиот Свет”.[19]

Животопис уреди

Младост и образование уреди

Абдус Салам е роден како син на Чаудри Мухамед Хусеин и Хаџира Хусеин во семејството на Ахмадити Пенџаби Раџпут, кое го прифатило исламот во XII век и имало долга традиција на побожност и страст за учење (неговиот дедо, Гул Мухамед бил веронаучник а воедно и лекар).[3] Таткото на Салам бил вработен во образованието во државното образование во Пенџаб во сиромашна фармерска област.

На возраст од 14 години, Салам ги добил највисоките оцени на матурскиот испит на Пенџабскиот универзитет.[20] Тој добил целосна стипендија на државниот Лахорски универзитетски колеџ, во држава Пенџаб.[21] Салам бил свестран ученик, заинтересиран за урдската и англиската литература подрачја во кој бил инзвореден.[22] Но подоцна ја одбрал математиката како негово поле на интерес.[23] Менторот на Салам и неговите подучувачи сакале да стане учител по англиски јазик, но Салам решил да се држи до математиката.[24] Како студент од четврта година, ја објавил својата работа на математичките проблеми на Шриниваса Рамануџан, и со нив ја стекнал дипломата по математика во 1944 година.[25] Неговиот татко сакал тој да се придружи на индиската државна служба.[24] Во тој период индиската државна служба била најголемото достигнување за младите универзитетски дипломци и цивилни службеници кои заземале значајни места во граѓанското општество.[24] Почитувајќи ја желбата на неговиот татко, Салам се обидел во Индиската железница, но не се квалификувал за службата бидејќи не ги поминал медицинските тестови за вид бидејќи носел очила уште од рана возраст.[24] Резултатите довеле до заклучок дека Салам паднал на механичкиот тест баран од железничките инженери чија цел е да го добијат работното место во индиската железница, а дополнителен проблем бил што Салам бил премлад за да се натпреварува за работата.[24] Од овие причини, индиската железница го одбила барањето на Абдус Салам за вработување. Додека престојувал во Лахор, Абдус Салам продолжил да ја посетува школата за дипломци на Државниот универзитетски колеџ.[24] Тој тука се стекнал со титулата магистер по математика на Дрќавниот универзитетски колеџ во 1946 година. Во истата година, му доделиле стипендија на Кембричкиот универзитет, каде што ја стекнал дипломата со двојни почести од прва класа по математика и физика во 1949 година.[24][26]

Во 1950, ја добил Смитовата награда од Кембричкиот универзитет за најистакнат преддокторски придонес за физиката.[19][27] По дипломирањето, Фред Хојл го советувал Салам да помине уште една година во Кембричката лабораторијата Кевендиш каде би вршел истражувања во експерименталната физика, но Салам немал трпение за обавување на долги лабораториски експерименти.[24] Салам се вратил во Џанг, Пенџаб (сега дел од Пакистан) и ја обновил стипендијата и се вратил во Обединетото Кралство за да го заврши докторатот.[24]

Тој добил диплома Доктор на науки по теориска физика од Кембричката лабораторија Кевендиш.[28][29] Неговата докторска теза содржела обемен и значаен труд од областа на квантната електродинамика.[30] Кога била објавена во 1951 година, веќе му обезбедила меѓународно признание Адамовата награда.[31] За време на докторските студии, неговите ментори го предизвикале во период од една година да го реши математичкиот проблем којшто им пркосел на големите умови како што се Дирак и Фајнман.[24] За шест месеци Салам нашол решение за повторно нормализирање на мезонската теорија. Со предложеното решение во лабораторијата на Кевендиш, Салам го привлекол вниманието на Бете, Опенхајмер и Дирак.[24]

Академска кариера уреди

По неговиот докторат во 1951, Салам се вратил на Државниот универзитетски колеџ како професор по математика каде што останал сè до 1954 година. За време на истиот период, бил претседател на одделот за математика, како и професор на Пенџабскиот уиверзитет. Со неговото поставување за претседател, Салам барал да се унапреди наставата на универзитетот, создавајќи предмет квантна механика.[32] Оваа негова одлука била поништена од проректорот, по што Салам одлучил да предава вечерен курс по квантна механика надвор од регуларната настава.[33] Додека Салам различно прифатен на универзитетот, тој почнал да го надгледува образованието на студентите кои делумно биле под негово влијание.[34] Како резултат Ријазудин бил единствениот студент кој имал привилегија да учи под менторство на Салам на додипломско и постдипломско ниво во Лахор, и пост-докторско ниво на Кембричкиот универзитет. Во 1953 година Салам не бил во можност да го основа истражувачкиот институт во Лахор, бидејќи се соочил силно противење од неговите современици.[35] Во 1954 година Салам станал еден од првите членови на Пакистанската академија на науките. Како резултат на нередите во Лахор во 1953 година, Салам се вратил на Кембриџ, каде заземал позиција на професор по математика.[36]

Во 1957 тој бил поканет да ја преземе катедрата на Кралскиот колеџ во Лондон, каде тој и Пол Метјус започнале со воспоставувањето на одделот за теориска физика на Кралскиот колеџ.[37] Како што одминувало времето овој оддел станал еден од најпрестижните истражувачки оддели каде работеле добропознатите физичари како Стивен Вајнберг, Том Кибл, Џералд Гуралник, Хаген, Ријазудин и Џон Вард.

Во 1957 година, Пенџабскиот универзитет му доделил на Салам почесен докторат за неговиот придонес во физиката на честичките.[38] Истата година со помош на неговиот ментор, Салам ја покренал програмата за стипендирање на неговите студенти во Пакистан. Салам ги задржал силните врски со Пакистан и ја постувал земјата од време на време.[39] На Кембриџ и Кралскиот Колеџ тој формирал група на теориски физичари, од кои голем дел биле негови студенти од Пакистан.

Во 1959 тој станал еден од најмладите именувани членови на Кралското друштво на возраст од 33 години.[3] Салам стана член на Принстонскиот универзитет во 1959 година, каде што се сретнал со Опенхајмер[40] и на кого му ја презентирал својата истражувачка работа[41] за неутрината. Опенхајмер и Салам разговарале за основите на електродинамиката, проблемите и нивните решенија.[42] Негов посветен личен помошник бил Жан Буклеј. Во 1980 година, Салам станал надворешен соработник на Бангладешката академија за науките.[43]

Научна кариера уреди

 
Предавањата на Абдус Салам за теоријата на сè при Чикашкиот универзитет

Рано во неговата кариера, Салам дал важен и значаен придонес во квантната електродинамика и квантната теорија за полето, како и проширување на истата кај јадрената физика и физиката на честичките. Во неговата рана кариера во Пакистан, Салам бил многу заинтересиран за математичките редови и нивната врска со физиката. Салам играл влијателна улога во унапредувањето на јадрената физика, но тој се задржал и се посветил на математиката и теориската физика и го фокусирал Пакистан да прави повеќе истражувања во теориската физика.[24] Како и да е тој ја гледал јадрената физика (јадреното цепење и јадрената енергија) како непионерски дел од физиката бидејќи сè било познато.[24] Дури и во Пакистан, Салам бил водечка движечка сила во теориската физика, со многу научници тој продолжил да влијае и да ја поттикнува да ја продолжат нивната работа на теориската физика.[24]

Салам имал богата истражувачка кариера во теориската и високоенергетската физика.[44] Салам работел на теоријата на неутриното – недостижна честичка за која што прв поставил хипотеза Волфганг Паули во 1930-ите. Салам ја вовел хиралната симетрија во теоријата на неутрината. Воведувањето на хиралната симетрија одиграло клучна улога во подоцнежниот развој на теоријата на теорија за електрослаби заемодејства.[45] Салам подоцна му ја предал својата работа на Ријазудин, кој дал пионерски придонес за неутрината. Салам го вовел масивниот хигсовите бозони во теоријата на стандардниот модел, каде што подоцна го предвидел постоењето на протоновиот распад. Во 1963, Салам ја публикувал неговата теориска работа на векторскиот мезон. Трудот го претставил заемодејството на векторскиот мезон, фотон (векторска електродинамика), и ренормализацијата на познатата маса на векторскиот мезон по заемодејството.[46] Во 1961 година, Салам почнал да работи со Џон Клив Вард на симетриите и електрослабото обединување.[47][48] Во 1964 година, Салам и Вард работеле на баждарната теорија за слабото и електромагнетното заемодејство, последователно добивајќи го моделот SU(2) x U(1). Салам бил убеден дека заемодејството на сите елементарни честички всушност се баждарни заемодејства.[49] Во 1968, заедно со Вајнберг и Шелдон Глашоу, Салам го формулирал математичкиот концепт на нивната работа. Додека на Кралскиот колеџ, Салам заедно со Глашоу и Џефри Голдстон, математички ја докажале Голдстоновата теорема, дека безмасена и со спин мора да се појави во теоријата како резултат на спонтаното нарушување на непрекинатата симетрија. Во 1960, Салам и Вајнберг го вклучиле Хигсовиот механизам во Глашуовото откритие, давајќи и современ облик во електрослабата теорија, и со што го теоретизирал стандардниот модел.[50] Во 1968, заедно со Вајнберг и Шелдон Глашоу, Салам конечно го формулирал математичкиот концепт на нивната работа.

Во 1966 Салам извел пионерска работа на хипотетичките честички. Салам го покажал можното електромагнетно заемодејство меѓу магнетниот монопол и симетриското нарушување, формулирајќи го магнетниот фотон.[51]

Побојавувањето на трудот PRL за нарушувањето на симетријата во 1964, Стивен Вајнберг и Салам биле првите што го примениле Хигсовиот механизам при нарушувањето на електрослабата симетрија. Салам обезбедил математички постулат за заемодејството помеѓу Хигсовиот бозон и теоријата за електрослаба симетрија.[52]

Во 1972, Салам почнал да работи со Индиско-Американскиот теориски физичар Џогеш Пати. Пати му пишувал на Салам неколкупати изразувајќи интерес да работи под раководство на Салам, при што Салам на крај го поканил Пати на семинарот ICTP во Пакистан. Салам му укажал на Пати дека треба да има длабока причина зошто протоните и електроните се толку различни а сепак носат еднакво но спротивно електрично полнење. Протоните содржат кваркови, но електрослабата теорија се грижела само за електроните и неутрината, со никаков постулат за кварковите. Ако сите природни состојки би можеле да се донесат во една нова симетрија, тоа би можело да се открие причината за различните својства на овие честички и силите што ги чувствуваат. Ова довело до развојот на Пати-Саламовиот модел во физиката на честичките.[53] Во 1973 година, Салам и Џогеш Пати биле првите што го забележале тоа дека додека кварковите и лептоните имаат многу слична SU(2)xU(1) содржина на приказ, сите би можеле да имаат слични ентитети.[54] Тие обезбедиле едноставно објаснување на кварк-лептоновата симетријата со претпоставка дека лептонскиот број бил четвртата боја, означена како „виолетова“.[44]

Физичарите верувале дека постојат четири основни сили на природата: силата на гравитацијата, силната и слабата јадрена сила и електромагнетната сила. Салам работел на обединувањето на тие сили од 1959 година заедно со Глашоу и Вајнберг. Додека бил на Кралскиот колеџ во Лондон, Салам успешно покажал дека слабите јадрени сили не се навистина поразлични од електромагнетните сили, и двете можат да направат меѓупреобразба. Салам овозможил теорија која го покажува обединувањето на двете основни природни сили, преминот на слабите јадрени сили и електромагнетните сили, една во друга.[55] Глашоу исто така го формулирал истиот труд и теоријата била споена во 1966 година. Во 1967 година, Салам математички го докажал обединувањето на електрослабата теорија, и конечно го објавил трудот. За овие достигнувања на Салам, Глашоу и Вајнберг им била доделена Нобеловата награда за физика во 1979 година. Фондацијата за Нобелова награда оддала почит на научниците и објавила изјава велејќи: „За нивниот придонес за теоријата на обединувањето на електрослабото и електромагнетното заемодејство меѓу елементарните честички, вклучувајќи го, и предвидувањето на слабата неутрална струја“.[5] Во 1970-тите Салам продолжил со обидите да ги обедини силите со вклучувањето на силното заемодејство во теоријата на сè.

Владина работа уреди

Абдус Салам веднаш се вратил во Пакистан во 1960 да заземе место во владата што му било дадено од претседателот Фелдмаршалот Ајуб Кан. Од неговата независност, Пакистан никогаш немала кохерентна научна политика и целосните трошоци за истражување и развој претставувале приближно 1,0% од БДП на Пакистан.[55] Дури и главното седиште на Пакистанската Комисија за Атомска Енергија (PAEC) била сместена во една мала, и помалку од 10 научници работеле на фундаменталните концепти на физиката.[56] Абдус Салам го заменил Салимузаман Сидики како научен советник, станал прв член (технички) на Пакистанската Комисија за Атомска Енергија (PAEC). Абдус Салам ја проширил мрежата на истражувањето во физиката и развојот во Пакистан со испраќање на повеќе од 500 научници во странство.[57] Во септември 1961, Абдус Салам му ја предложил на претседателот Ајуб Кан да ја постават првата државна вселенска агенција .[58] На 16 септември 1961, по извршна наредба, била основана комисијата за Вселенско и за истражување на Горната Атмосфера, во која Абдус Салам работел како прв директор.[58] Пред 1960, многу малку била направена истражувачка работа на научниот развој, и научните активности во Пакистан биле скоро намалени. Абдус Салам го повикал Ишфак Ахмад, јадрен физичар, кој ја напуштил земјата и отишол во Швајцарија каде што се придружил на ЦЕРН, во Пакистан. Со поддршка од Абдус Салам, PAEC го воспоставил PAEC Лафоре Центарот-6, со Ишфак Ахмад како негов прв директор.[59] Во 1967, Абдус Салам станал централна и административна личност за водење на двете, теориската и физиката на честичките.[16] Со воспоставувањето на Институтот за Физика на Квајд-е-Азам Универзитетот, истражувањето во теориската и физиката на честичките било вклучено.[16] Под управа на Абдус Салам, физичарите ги реализирале најглавните проблеми во физиката и математиката.[16] Друг физичар, Ријазудин Сидики, поставил бројни истражувачки групи на физичари и ги надгледувал истражувачките активности во академските институции на Пакистан. .[7] Под управа на Абдус Салам, истражувањето во физиката достигнало точка што дошло до барање за светско признавање на пакистанските физичари.[7] Од 1950-сеттите, Абдус Салам неуморно се обидувал да го основа вискоко покренатите истражувачки институти во Пакистан, меѓутоа тој не бил во можност да го направи тоа. Абдус Салам го преместил штабот на PAEC во Поголема зграда, и основал истражувачки лаборатории насекаде низ земјата.[60] Под раководење на Абдус Салам, Ишрат Хусеин Усмани ги основал комитетите за експлоатација на ураниум низ земјата. Во октомври 1961, Абдус Салам отпатувал во Соединетите Држави и потпишал договор за вселенска соработка меѓу Пакистан и Соединетите Држави. Во ноември 1961, NASA почнала да гради вселенска единица – тестирање на распонот на летањето – во Балочистан каде што Абдус Салам служел како прв технички директор. Абдус Салам играл влијателна и значајна улога во пакистанскиот развој на јадрената енергија за мирољубиви цели. Во 1964, Абдус Салам станал директор на пакистанската IAEA делегација и го претставувал Пакистан во текот на една деценија.[61] Истата година, Абдус Салам му се придружил на Мунир Ахмед Кан – саламовиот животен пријател и современик на Колеџот на Владиниот Универзитет. Кан бил првата личност во IAEA што Абдус Салам го консултирал за основањето на Меѓународниот Центар за Теориска Физика, истражувачка институција за физиката, во Трст, Италија. Со согласноста потпишана со IAEA , Меѓународниот Центар за Теориска Физика бил основан со Абдус Салам како негов прв директор. Во IAEA, Абдус Салам неуморно ја поддржувал важноста на атомските централи во неговата земја.[62] Тоа било до неговите напори што во 1965, Канада и Пакистан потпишале спогодба за јадрена соработка. Салам добил дозвола од Ајуб Кан – спротивно на желбите на Ајуб Кановите владини функционери да ја постави атомската централа во близина на Карачи.[63] Во 1965, со напорите водени од Абдус Салам , Соединетите Држави и Пакистан потпишале спогодба, во која U.S. му обезбедила на Пакистан со мал истражувачки реактор. Абдус Салам долго сонувал да основа истражувачки институт во Пакистан, за којшто тој бил поборник во многу различни околности. Во 1965, Абдус Салам и Едвард Дурел Стоун потпишале договор за основање на пакистанскиот Институт за Јадрена Физика и Технологија во Нилоре Исламабад.[64]

Наводи уреди

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име chowkbio.
  2. 2,0 2,1 Rizvi, Murtaza (21 November 2011). „Salaam Abdus Salam“. The Dawn Newspapers. Архивирано од изворникот на 2012-02-17. Посетено на 2015-02-22. Mohammad Abdus Salam (1926–1996) was his full name, which may add to the knowledge of those who wish he was either not Ahmadi or Pakistani. He was the guiding spirit and founder of Pakistan's atomic bomb programme as well as Pakistan Atomic Energy Commission and Space and Upper Atmosphere Research Commission (SUPARCO).CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. 3,0 3,1 3,2 doi:10.1098/rsbm.1998.0025
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  4. 4,0 4,1 4,2 Општа наука (Енциклопедија за секое семејство и дом) – Младинска книга Скопје. Главен уредник Адам Харт-Дејвис.
  5. 5,0 5,1 5,2 „1979 Nobel Prize in Physics“. Nobel Prize. Архивирано од изворникот на 2015-03-09. Посетено на 2015-02-22.
  6. This is the standard transliteration (e.g. see the ICTP Website Архивирано на 28 февруари 2008 г. and Nobel Bio). Other transliterations include Abdus Salam; see Abd as-Salam for more details.
  7. 7,0 7,1 Ghani 1982, стр. i–xi
  8. 8,0 8,1 8,2 Riazuddin (21 November 1998). „Physics in Pakistan“. ICTP. Посетено на 21 November 2011.
  9. Rahman 1998, стр. 75–76
  10. Abbot, Sebastian (9 July 2012). „Pakistan shuns physicist linked to "God Particle". Yahoo! News, 9 July 2012. Yahoo! News Services. стр. 1. Посетено на 9 July 2012. In the 1960s and early 1970s, Salam wielded significant influence in Pakistan as the chief scientific adviser to the president, helping to set up the country's space agency and institute for nuclear science and technology. Salam also assisted in the early stages of Pakistan's effort to build a nuclear bomb, which it eventually tested in 1998
  11. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Muslim Times, Lahore.
  12. Our Correspondents. „Scientists asked to emulate Dr Salam's achievements“. 7 October 2004. Dawn News International, Archive 2004. Посетено на 22 January 2012.
  13. Rahman 1998, стр. 10–101
  14. „Re-engineering Pakistan and Physics from Pakistan Conference:MQM Stays loyal with Pakistan Armed Forces“. Jang News Group. Jang Media Cell and MQM Science and Technology Wing. 2011. Архивирано од изворникот на 2011-06-13. Посетено на 11 June 2011. Professor Muhammad Abdus Salam and Dr. Abdul Qadeer Khan, and other prominent scientists, have made Pakistan, a nuclear power. All of these scientists were poor or Muhajir (migrants from India), says Altaf Hussain.
  15. Philately (21 November 1998). „Scientists of Pakistan“. Pakistan Post Office Department. Архивирано од изворникот 2008-02-20. Посетено на 18 February 2008.
  16. Abdus Salam, As I Know him: Riazuddin, NCP
  17. Ishfaq Ahmad (21 November 1998). „CERN and Pakistan: a personal perspective“. CERN Courier. Посетено на 18 February 2008.
  18. Riazuddin (21 November 1998). „Pakistan Physics Centre“. ICTP. Посетено на 21 November 2011.
  19. 19,0 19,1 „Abdus Salam -Biography“. Nobel Prize Committee.
  20. Fraser 2008, стр. 59–78
  21. Fraser 2008, стр. 78–80
  22. Murthi 1999, стр. 42
  23. Murthi 1999, стр. 43
  24. 24,00 24,01 24,02 24,03 24,04 24,05 24,06 24,07 24,08 24,09 24,10 24,11 24,12 24,13 Khan, Munir Ahmad (22 November 1997). „The Abdus Salam Memorial Meeting: A Tribute to Abdus Salam; a lifelong friendship with Abdus Salam“ (PDF). ICTP and UNESCO World Heritage Site. Munir Ahmad Khan, Former Chairman of the Pakistan Atomic Energy Commission, former Head of the Nuclear Engineering Division, and former Head of the Reactor Engineering IAEA Division. 1 (1): 103–159.
  25. Abdus Salam, A Problem of Ramanujam, Publ. in: Math. Student XI, Nos.1–2, 50–51 (1943)
  26. Fraser 2008, стр. 189–186
  27. Fraser 2008, стр. 200–201
  28. Fraser 2008, стр. 202
  29. Duff 2007, стр. 39–40
  30. Fraser 2008, стр. 215–218
  31. „Abdus Salam Nobel Prize in Physics Biography“. Nobelprize.org. 21 November 1996. Посетено на 9 December 2012.
  32. Fayyazuddin 2005, стр. 5
  33. Fayyazuddin 2005, стр. 5–6
  34. Fayyazuddin 2005, стр. 7–8
  35. Fraser 2008, стр. 237–238
  36. Duff 2007, стр. 39–41
  37. Duff 2007, стр. ix
  38. Duff 2007, стр. 37
  39. Duff 2007, стр. iix
  40. Fraser 2008, стр. 239–240
  41. Fraser 2008, стр. 241–242
  42. Fraser 2008, стр. 250
  43. „Professor Abdus Salam FRS (Deceased)“. 1980. Архивирано од изворникот на 2015-04-30. Посетено на 21 November 2011.
  44. 44,0 44,1 Riazuddin 1994, стр. 322
  45. Riazuddin 2005, стр. 31–33
  46. Riazuddin 1994, стр. 124–127
  47. doi:10.1007/BF02812723
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  48. doi:10.1016/0031-9163(64)90711-5
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  49. Riazuddin 1994, стр. 149–157
  50. Salam, A. (1968). N. Svartholm (уред.). Elementary Particle Physics: Relativistic Groups and Analyticity. Eighth Nobel Symposium. Stockholm: Almquvist and Wiksell. стр. 367.
  51. Salam, A. (1966). „Magnetic monopole and two photon theories of C-violation“. Physics Letters. 22 (5): 683–684. Bibcode:1966PhL....22..683S. doi:10.1016/0031-9163(66)90704-9.
  52. Riazuddin 1994, стр. 156–158
  53. Fraser 2008, стр. 205
  54. Riazuddin 1994, стр. 321–322
  55. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Riazuddin 2005 31.

Надворешни врски уреди

 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: